Author: dino

Селекторот на фудбалерите на Мексико, Карлос Осирио, не останат имун на сите збиднувања на теренот на вчерашниот меч со Бразил кој заврши со победа на „кариоките“ од 2-0. Тој посебно е изнервиран од однесувањето на Нејмар кој во повеќе наврати се обиде театрално да одглуми прекршоци и на тој начин само ги иритираше противничките фудбалери. „Тоа е голем срам за луѓето што гледаат, сите деца ги гледаат фудбалските мечеви. Не треба да има глума на теренот. Потрошивме многу време од мечот поради еден фудбалер“  истакна селекторот на Мексико откако неговата репрезентација го заврши настапот на Мундијалот.

Read More

Фудбалерите на Јапонија ќе мора да се вратат во татковината откако во крајно интересна завршница загубија од Белгија со 3-2 во 1/8 финалето на СП во Русија. „Самураите“ имаа предност од 2-0, но дозволија противникот да дојде до нерешен резултат а потоа и до победа со гол постигнат во последните секунди од мечот. Стрелецот на вториот гол за Јапонците, Такаши Инуи, со  солзи во очите покажа колку е големо разочарувањето во неговата селекција . „Не требаше вака да заврши нашиот мундијалски сон. Имавме водство од 2-0 а потоа му дозволивме на противникот да победи. Тешко е, навистина е многу тешко…

Read More

Италијанскиот фудбалски состав, Јувентус , нема намера да се откаже од услугите на Миралем Пјаниќ и затоа ќе му понуди нов договор до 2022 година со далеку повисока плата која ќе изнесува шест милиони евра по сезона . Тоа ќе го направи фудбалерот на „старата дама“ да биде еден од најплатените играчи за врска во Серија „А“. Екипата од Торино исто така планира да ја продолжи соработката и со германскиот репрезентативец, Сами Кедира и тоа до 2021 година. Искусниот играч исто така ќе добие значително подобар договор гледано од финансиски аспект.

Read More

Грчкиот интернационалец, Сократис Папастатопулос,  официјално беше  претставен како нов фудбалер на Арсенал. 30-годишен дефанзивец кој пристигна од Борусија Дортмунд, успешно ги помина медицинските прегледи а „Топчиите“ потврдија на нивната официјална веб-страница дека Сократис ќе го носи бројот пет . Интересно е што Сеад Колашинац кој  во изминатото лето се активираше во тимот од Лондон повторно ќе остане без посакуваната „петка“ на дресот и ќе мора  да игра со бројот – 31.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Реал Мадрид експресно ја демантираа вчерашната информација во медиумите дека испратиле понуда од 310 милиони евра за купување на играчот на ПСЖ, Нејмар. „Нашиот клуб комплетно се оградува од информациите кои „ТВЕ“ ги објави околу наводната понуда до ПСЖ за Нејмар. Тврдиме дека тие информации се лажни. Реал Мадрид не испратил никаква понуда“ – се наведува на официјалната интернет страница на Реал Мадрид. „Навистина сме изненадени и прашуваме дали е можно национална шпанска телевизија да објавува таква лага?“.

Read More

Ветеранот во фудбалската селекција на Аргентина, Хавиер Маскерано,  по вчерашниот пораз во 1 /8 финалето од Франција (4:3) и елиминацијата од Мундијалот во Русија, најави, дека ќе се повлече од селекцијата. Искусниот фудбалер одигра вкупно 147 натпревари за „гаучосите“ со што стана рекордер по бројот на нстапи во репрезентативениот дрес. Маскерано кој во еден период играше заедно со Меси во Барселона, потенцирал, дека најголемата фудбалска ѕвезда во неговата селекција треба да остане и понатаму и да ги брани боите на Аргентина. „Во ниту една земја нема таков притисок како во Аргентина и мислам дека Меси добро се справува со тоа.…

Read More

Напаѓачот на Уругвај, Едисон Кавани, кој вчера ги постигна двата гола за победа на неговата селекција против Португалија во елиминациската фаза на Мундијалот во Русија, вели дека е пресреќен. „Немам зборови да опишам како се чувствувам. Се боревме до последната секунда и заслужено одиме понатаму. Верувам дека ќе играм на наредниот меч против екипата на  Франција“ потенцираше Кавани кој во финишот на мечот беше принудно заменет откако се пожали на повреда. „Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои ни помогнаа да стигнеме до тука. Победивме селекција за која игра големиот Роналдо кој јас многу го почитувам“ вели Кавани.

Read More

Португалскиот фудбалски репрезентативец, Кристијано Роналдо, откако го заврши настапот на Светското првенство во Русија, изјави дека неговата селекција има многу млади и талентирани фудбалер. „Мислам дека во моментов не треба да се грижиме за иднината на Португалија ниту да зборуваме за квалитетот на играчите. Мислам дека Португалија ќе има силен состав во иднина“ вели играчот на Реал Мадрид кој се осврна и на вчерашната елиминација по поразот од Уругвај. „Знам дека бевме подобри од Уругвај, но, тие дадоа повеќе голови. Во секој случај максимално се боревме но, мораме да му честитаме на противникот“ вели Роналдо.  

Read More

Лионел Меси кој пет пати ја освојуваше „Златната топка“ си замина од фудбалскиот Мундијал во Русија. Според медиумите, останува неизвесноста дали најголемата ѕвезда на Аргентина ќе продолжи да го носи дресот на „гаучосите“. Меси и неговата селекција вчера загубија од Франција со 4:3 во еден од најспектакуларните натпревари во поновата историја на светските првенства. 31-годишниот Меси кој учествуваше на 4 светски шампионати (2006, 2010, 2014, 2018) има дадено 6 голови. Еве ги сите погодоци на Меси на СП: 2006 – против Србија и Црна Гора (1), 2014 – против Босна и Херцеговина (1), 2014 – против Иран (1), 2014 -…

Read More

Хари Кејн кој е лидер на листата на стрелците на тековниот Мундијал во Русија,  нема да се појави во дресот на Англија на денешниот меч со Белгија кој решава за првото место во групата, објави -„Телеграф“. Според британското издание, Џејми Варди ќе започне од првата минута. Информацијава, само ги зголемува шпекулациите дека двата тима нема да настап во најсилните состави бидејќи имаат обезбедно место во наредната фаза. „Гордиот Албион“ и Белгијците в пресрет на денешниот дуел од 20.00 часот во Калининград, имаат идентичен ефект. Единствената разлика е во бројот добиени картони, тука островјаните имаат предност.

Read More