Author: dino

Нов допинг скандал е на повидок во бијатлонот. Според последната информација на „Ле Монд“, двократниот олимписки шампион од 2010 година, Евгени Устигов, може да биде казнет поради користење на допинг. Интересен е фактот дека Меѓународната унија за бијатлон (IBU) не информираше за ситуацијата околу Устигов додека „WADA“ го разгледува случајот. Информацијата е објавена од Григориј Родченков, кој е во основата на сите допинг разговори околу Русија во последниве неколку години. Русинот освои два медала на Игрите во Ванкувер во 2010 – злато во масовен старт и бронза во класичната трка.

Read More

„ESPN“ направи анонимна анкета меѓу 13 кошаркари на Кливленд Кавалирс за различните индивидуални признанија а во гласањето за „MVP“ тие се речиси едногласни – 12 од нив потенцирале дека Леброн Џејмс треба да ја добие наградата. Еве како играчите на Кливленд гласале за другите награди: Дебитант на годината – Донован Мичел (7 гласови), Бен Симонс (4 гласови), „прогресивен играч” – Виктор Оладипо (11), Клинт Капело (1), Никола Јокиќ (1). „Дефанзивец на годината” – Руди Гобер (5), Џош Ричардсон (2), Пол Џорџ (1), Андре Роберсон (1), Маркус Смарт (1), ДеАндре Џордан (1), Џорџ Хил (1), Клинт Капело (1). „Тренер на годината”…

Read More

Кевин Дурант сака да ја поправи грешката од минатата година кога потпиша договор со екипата на Голден Стејт Вориорс за далеку помала заработувачка во однос на сумата што можеше да ја добие во Оклахома Сити Тандер. Според медиумите во САД, 29-годишниот кошаркар кој има освоено една НБА титула, еднаш беше МВП на лигата и дури девет пати настапи на „Ол-стар“ мечевите, сега ќе побара нов договор со далеку поголема плата. Дурант одигра 68 натпревари на кои во просек имаше по 26,4 поени, 6,8 скокoви и 5,4 асистенции.

Read More

Во СЦ Јане Сандански денеска започнува завршниот турнир во ракометната СЕХА лига. Вардарци од 17.45 ќе играат со Мешков Брест од Белорусија додека од 20.15 часот ППД Загреб (Хрватска) ќе излезе на мегдан со Целје (Словенија). „Црвено-црните“ и хрватскиот шампион ППД Загреб немаат пропуштено Ф4 турнир, Мешков не играше на првиот во додека тимот од Словенија е дебитант. Четата на Раул Гонзалес ќе се обиде да ја освои четвртата титула, унгарскиот состав Веспрем има две а Загреб само еднаш го подигнал победничкиот пехар. Победниците од денешните мечеви в недела од 20.15 часот ќе се сретнат во големото финале додека поразените…

Read More

Капитенот на Арсенал, Лоран Кошчелни, признава дека неговиот состав одиграл слабо на вчерашниот меч со ЦСКА Москва иако успеа да обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во Лига Европа. Средбата во Русија заврши нерешено 2 спрема 2 а „топчиите“ одат во наредната рунда благодарение на победата во првиот меч во Лондон со 4 спрема 1. „Тоа не беше планот. Мислам дека ни недостигаше многу движење за да парираме.Тие ги искористија шансите и ни направија многу проблеми. Треба да бидеме сигурни во себе. Тоа е нашата последна шанса да се пласираме во Лигата на шампионите и затоаќе се бориме до крајот…

Read More

Во текот на денов во седиштето на УЕФА во Нион ќе бидат формирани двојките за последниот елиминациски филтер во Лигата на фудбалските шампиони. Реал Мадрид е во улога на бранител на тронот а Баерн Минхен, Ливерпул и Рома ќе се обидат да го запрат неговиот нов поход кон врвот. Во ждребувањето ќе нема привилегирани а Рома е единствениот тим што нема европска титула. Претходно ќе бидат составени двојките за истата фаза и во Лигата на Европа. Во трката за пехарот останаа: Арсенал, Атлетико Мадрид, Салзбург и Олимпик Марсеј.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Симоне Инзаги, по вчерашната елиминација од Салзбург во 1 /4 финалето во Лигата на Европа, изјави дека неговиот тим треба да извлече поука од поразот во Австрија. „Имавме полуфинале во нашите раце кога поведовме но, брзо примивме гол и потоа се тргна во погрешна насока. Не смеевме да одиграме на таков начин иако на крајот можевме да направиме нешто повеќе“ вели Инзаги. „Сега не очекува дербито со Рома. Верувам дека ќе научиме многу од поразот и дека тоа ќе ни помогне да созрееме“ – изјави тренерот на Лацио.

Read More

Нико Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес на клупата на Баерн Минхен. 46-годишниот стратег кој има одлични резултати со екипата на Ајнтрахт Франкфурт, можеби неочекувано излезе во преден план откако главниот кандидат за клупата на Баварците, Томас Тухел, се определи да ја прифати понудата од ПСЖ. Хрватот од 2001 до 2003 година успешно ги бранеше боите на германскиот состав. Тој одигра 34 средби

Read More

Новинарите во Шпанија денеска експресно го пронајдоа виновникот за шокантниот пораз на Каталонците на теренот на Рома и елиминацијата во Лигата на шампионите. Тие го вперија прстот кон Хрватот, Иван Ракитиќ. Еве само дел од тоа што го напишаа влијателните медиуми на Пиринеите. „Неговата задача беше да му помага на Бускетс во средината како и да повлече напад кога е тоа потребно, но, тој не го направи ниту едното, ниту другото. Негов најлош натпревар во најлош момент“, пишува Мундо Депортиво. „Марка“ наведе дека Ракитиќ не успеал да го наметне неговиот стил на игра на средината а „АС“ дека било невозможно да…

Read More

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, како дел од Комисијата на ФИФА за утврдување на условите кои го нудат државите кои се кандидираат за домаќини на Светскиот Куп во 2026 година, во наредните денови ќе биде во работна посета на Северна Америка и Мароко. „Фудбалот е игра за сите, било каде во светот а примарна цел на ФИФА е да го промовира неговиот развој. Фудбалот е заеднички јазик во земјите кои во наредните десетина дена ќе ги посетиме и преку дијалог ќе се соочуваме со предизвиците. Страста за фудбалот не е нималку спорна ниту во Северна Америка, ниту…

Read More