Кливленд се засили со искусниот центар, Кендрик Перкинс, за претстојните средби од плеј-офот во НБА лигата. 33-годишниот Перкинс ја помина летната подготовка со вице-шампионот, но, во средината на октомври беше испратен во вториот тим на клубот. Таму во 27 средби имаше во просек по 8,9 поени и 7,2 скока. Искусниот центар за последно играше за Њу Орлеанс во сезоната 2015/2016 кога постигна по 2,5 поени и 3,5 скока во 37 средби. Перкинс е шампион на НБA со Бостон во 2008 година а во 2015 година беше дел од составот на Кливленд во плеј-офот, но, забележа само 33 mинути во вкупно…
Author: dino
Напаѓачот на Чикаго, Патрик Кејн, ќе биде капитен на националниот тим на САД на Светското првенство во хокеј на мраз кое ќе се реализира во месеј мај во Данска. 29-годишниот Кејн учествувал само еднаш на светските шампионати и тоа во 2008 година кога дебитираше во екипата на Чикаго во НХЛ лигата. Кејн во 2010 година стигна до сребрен медал на Олимпијадата во Ванкувер. Тренер на Американците ќе биде Џеф Блашил кој во НХЛ го води тимот на Детроид а негови помошници ќе бидат Дан Балсма, Дон Гранато и Сет Аперт.
Фудбалерите на Манчестер Сити денеска ќе имаат тешка задача да ја анулираат негативата од првиот меч кога загубија кај Ливерпул со 3 спрема 0. „Граѓаните“ кои се влезени во лоша серија ќе мора да одиграат маестрално за да влезат меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите. „Црвените” имаат одлична традиција кога станува збор за 1/4-финалето бидејќи од 13 учества во дури девет наврати продолжиле во наредната рунда. Згора на тоа, гостите можат да се пофалат и со позитивен биланс против англиските тимови – 5: 3 иако никогаш не победиле на противничкиот стадион. Веројатно состави: Манчестер Сити (4-3-3): Едерсон; Вокер, Компани,…
Јужноафриканецот Акани Симбин ја освои титулата на 100 метри кај мажите на Игрите на Комонвелтот во Голд Кост а претставничката на Тринидад и Тобаго, Мишел-Ли Ахи успеа да победи во истата дисциплина кај жените. 24-годишниот Симбин се закити со златниот медал откако патеката ја помина за 10.03 секунди. Неговиот сонародник, Хенрик Бруинтие, го освои среброто а фаворитот за титулта, Јохан Блејк (Јамајка), остана со бронзен медал.Кај жените Ахиј триумфираше со резултат од 11.14 сек пред Кристал Вилијамс и Гаион Еванс, двете од Јамајка кои постигнаа идентичен резултат од 11.21 секунда. Англичанка Аша Филип остана на четвртото место. „Дојдов тука и…
Поранешниот генерален менаџер на Лос Анџелес Лејкерс, Мич Купчак, потпиша договор со кошаркарскиот состав на Шарлот Хорнетс. 63-годишниот специјалист ја презема функцијата претседател и генерален менаџер на клубот од НБА, објавија денеска светските агенции. Тој во екипата на Шарлот ќе го замени Рич Чо, кој полека го одработува договорот и нема да добие нова шанса. Ќе потсетиме дека тимот на Шарлот Хорнетс е во сопственост на легендарниот, Мајкл Џордан. „Среќен сум што ќе му се приклучам на Шарлот. Разбирам колку е значајна кошарката за градот и за државата. Уверен сум дека сите ние ќе изградиме еден победнички тим со кој…
Дефанзивниот фудбалер на Рома, Александар Коларов, изјави дека неговиот тим треба да биде оптимистички расположен пред утрешниот реванш меч со Барселона во 1 /4 финалето на Лигата на шампионите. „Римската волчица“ во првиот меч во Шпанија загуби со 4 спрема 1 а веднаш потоа челниците на тимот реагираа дека судиите направиле неколку грешки и дека директно влијаеле на конечниот резултат. Според нив, на Италијанците не им биле досудени два пенала а Барселона ги добила речиси сите спорни моменти во нејзина корист. „Мораме да се надеваме и да бидеме оптимисти. Мора да одиграме добар фудбал и да докажеме дека навистина заслужуваме…
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивиран на утрешниот реванш со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. „Црвените“ ќе гостуваат на „Етихад“ со предност од 3-0 која ветува дека можат да бидат дел од наредната полуфинална фаза. „Не смееме да размислуваме дека сме влезени во 1 /2 финалето додека не заврши мечот. Сити има одлична сезона иако по поразот од нас загуби и од Манчестер Јунајтед во градското дерби. Тоа не смее да не залаже дека ќе биде лесно“ вели германскиот стратег. „Јасно е дека Пеп располага со играчи кои имаат големо искуство во…
Напаѓачот, Фернандо Торес, објасни дека има намера да си замине од редовите на Атлетико Мадрид иако планирал да се пензионира токму во редовите на шпанскиот состав. Според него, тимот има потреба од свежи сили и млади фудбалери а тој е подготвен да го отстапи неговото место. Шпанецот беше дел од Атлетико од 2001 до 2007 година а потоа ги бранеше боите на Ливерпул, Челзи и Милан (позајмен). Торес реши да се врати во матичниот тим во 2015 година. „Сонував да заминам во пензија како играч на Атлетико, но, соништата не се остваруваат секогаш. Не знам каде ќе одам по завршувањето…
Томас Тухел кој седеше на кормилото на Мајнц и на Борусија Дортмунд, најверојатно ќе го замени Унаи Емери на клупата на францускиот фудбалски состав ПСЖ, објави денеска екслузивно весникот „Билд“. Според наведеното, соработката меѓу двете страни е договорена а одличниот стратег на крајот на сезоната ќе потпише договор за две години. Посебни детали засега не се издвојуваат. Тухел имаше завидни резултати додека седеше на клупата на „милионерите“ а неговото име во повеќе наврати се поврзуваше и со Баерн Минхен.
Луѓето од Мерцедес на брифингот пред трката во Бахреин, открија, дека користат три начини на работа на моторот: еден за поголемиот дел од тренинзите, вториот за квалификациите и третиот за главната трка. Секој начин може да биде регулиран за одредени ситуации. Главната разлика е во тоа како се користи електричната енергија – дали се употребува во рамките на еден круг, дали е во режим на заштеда или пак во мешовита положба (рамнотежа помеѓу користење и обновување). Првиот човек на екипата, Тото Волф, потврди дека високиот режим на моторите не бил користен од пилотите на Мерцедес пред третата фаза на квалификациите.…
