Author: dino

Тренерот на кошаркарите на Гостивар, Марјан Србиновски, за некоректното однесување на дуелот со Блокотехна и конфликтните ситуации  кога одби да го напушти теренот откако му беа покажани две технички грешки, заработи ригорозна казна од КФМ. Тој нема да седи на клупата на две средби а ќе мора да плати и 90.000 денари (50.000 за техничките грешки + 40.000 по пријава од страна на официјалните лица). КФМ го санкционираше и тимиот на Гостивар со 60.000 денари за фрлање на предмети, неисправен технички уред и неспортски извици упатени кон официјните лица.

Read More

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница го разреши Саша Чириќ.од должноста директорот на репрезентацијата,  Тоа значи дека нашата фудбалска легенда нема повеќе да биде дел од националниот тим туку ќе биде прекомандуван во Академијата на ФФМ. Поранешниот македонски репрезентативец и фудбалер на Вардар, Дени Масев, треба да биде нов менаџер во сениорската репрезентација. На денешната беа прифатени извештаите на селекторите Горан Станиќ (17 години) и Вујадин Станојковиќ (19 години). У.О. донесе одлука за реактивирање на женската А репрезентација на Македонија на ФФМ како и за формирање лига во млади категории за девојчиња од натпреварувачката сезона 2018/2019. Беше прифатено…

Read More

Селекциите на Бугарија, Албанија и на Исланд, ќе и бидат противници на Македонија на турнирот кој ќе се реализира во Пловдив во рамките на Третата Европска Зона во тенискиот Дејвис Куп.  Група А     1     2     3     4 Бугарија /////// Македонија /////// Исланд /////// Албанија /////// Македонија натпреварите ќе ги игра по следниот распоред 1 ден 04.04.2018 Македонија –  Исланд 2 ден 0504.2018 Македонија – Албанија 1 ден 06.04.2018 Македонија – Бугарија Мечевите за конечен пласман ќе бидат одиграни во текот на викендот.

Read More

Централниот дефанзивец на Ливерпул, Жоел Матип, ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, објавија денеска од англискиот клуб. 26-годишниот фудбалски дефанзивец кој на викенд-дуелот со Кристал Палас заработи повреда на колкот, дефинитвно ќе мора да оди на операција. Матип иако тогаш го доигра мечот, прегледите покажале дека проблемот може да се санира само со хируршка интервенција. На истата средба се повреди и напаѓачот, Адам Лалана. За неговата состојба во текот на денов се очекува дополнителна информација од тренерот, Јирген Клоп.

Read More

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, верува дека „бјанконерите“ сега се многу посилни во споредба со финалето во Лигата на Шампионите одиграно пред една година во Кардиф.Тогаш „старата дама“ го загуби мечот од Реал Мадрид со 4-1. Италијанците денеска ќе имаат можност за реванш бидејќи ќе ги пречекаат „кралевите“ во првиот меч од 1 /4 финалето. „Мислам дека премногу се зборува за загубениот финален меч во Кардиф. Да, можеби се  очекуваше повеќе од Јувентус, но, поразот од Реал во финалето не е неуспех. Јувентус сега има повеќе опции – особено во нападот. Верувам дека по двата меча Јуве ќе оди…

Read More

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“  на 7-ми и 8-ми април во организација на КК Партизан Водно Санс и семејството Сотирови, ќе се одржи  меморијален, млaдински кошаркарски турнир – „FICBALL“. Турнирот се одржува по прв пат во чест и сеќавање на прерано починатиот, млад  кошаркар Филип Сотиров – Фиц (1999-2014). Под мотото „BE THE BEST YOU CAN BE“, на турнирот ќе се натпреваруваат младинските екипи на: Барселона, Фенербахче, Бугарска Национална  репрезентација, Партизан Белград, Кајолу и КК Партизан Водно Санс.Турнирот ќе има и хуманитарен карактер, кој ќе се манифестира преку донирање на средства и реквизити во домот за деца без родители „11ти…

Read More

Светскиот шампион во скок во височина на отворено од Лондон 2017,  Мутаз Есса Баршим, ќе се појави на митингот од Дијамантската лига во Јуџин на 25 и 26 мај. Атлтеичарот од Катар засега го држи рекордот со прескокнати 2.41 метар. Неговиот личен рекорд 2.43 метри му овозможува да го држи второто место на светската ранг-листа. Таму пред него е планетарниот рекордер, Хавиер Сотомајор. Во Јуџин ќе се појави и Русинот, Данил Лисенко, кој неодамна ја освои титулата во Светски куп во Бирмингем. Лисенко во 2017-та со наполнети само 19 години, го освои сребрениот медал на Светскиот шампионат во Лондон .…

Read More

Себастијан Фетел изјави дека не ја разбира одлуката на  раководството на Формула 1 да се откаже од девојките кои беа декор на стартната рамнина. Германскиот пилот не разбира дали Ф1 направила вистинска проценка како ќе влијаат промените во спортот. Либерти одлучи дека годинава трките ќе започнат десет минути подцна за да се остави време на телевизиските канали за емитување на рекламите и Ф1 материјалите. Втор момент беше повлекувањето на убавите девојки кои ги држеа плочите со броевите на возачите. Таа одлука предизвикал одредени реакции и кај Фетел. „Јас сум традиционалист и се држам до одредени работи. Збунет сум зошто трките…

Read More

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец, Роналдињо, откри дека на прв поглед проценил дека ќе има успешна кариера во шпанската Примера дивизион. Легендарниот напаѓач кој премина од Пари Сен Жермен во Барселона, објасни дека играта во Франција била повеќе потчинета на силата и корпулентноста на фудбалерите додека во Шпанија главен сегмент е техниката. „Во Лига 1 има многу фудбалери од Африка, кои се високи и здрави момчиња. Кога пристигнав во Шпанија, направив споредба со какви фудбалери ќе играм и веднаш си помислив, тука ќе имам успех”- изјави Роналдињо кој во кариерата има настапувано за: Гремио, Милан, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, со нетрпение го очекува првиот судир со Јувентус од 1/4-финалето во Лигата на шампионите. „Во Јувентус веруваат дека сме фаворити? Мислам дека е добро кога противникот има позитивно мислење за нас. Тоа значи дека има голема почит . И ние треба да го респектираме Јувентус.Тие се голем тим со одлични фудбалери” – изјави Хрватот на средбата со нивинарите. „Кристијано Роналдо е фудбалер кој верува во неговите квалитети. Не знам колку голови постигна досега. Добро е што го имаме во составот. Кога е во форма, имаме многу повеќе шанси. Герет Бејл? Има тешка сезона со…

Read More