Author: riste

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа големиот ривал Вардар со 26:23 и со победата во вистински дерби натпревар се на чекор до титулата во домашниот шампионат. Битолчани веќе 18 години, од 2005 година кога последен пат ја освоија двојната круна, беа во сенка на скопските тимови Вардар и Металург, но со овој триумф во салата „Боро Чурлевски“ сега се во пол-позиција и се имаат во своите раце. Домашната екипа одлично го почна натпреварот и имаше предност од 13:8, но Вардар успеа да направи серија од 4:0 и да отиде на одмор со негатива од -1 (13:12). На стартот на второто полувреме…

Read More

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие се надева дека напаѓачот Лионел Меси ќе продолжи да игра за клубот по завршувањето на неговата суспензија од тимот, објави „RMC Sport“. Според изворот, тренерот на ПСЖ не е против да го пушти Меси во стартниот состав откако ќе се врати на тренинзите. ПСЖ, наводно, е скептичен за користење на аргентинскиот напаѓач до крајот на сезоната, и покрај размислувањето на главниот тренер. Претходно, раководството на ПСЖ го казнија и суспендираа Меси на две недели поради неодобреното патување во Саудиска Арабија. Договорот на аргентинскиот фудбалер со ПСЖ истекува на крајот на јуни оваа година. Меси оваа сезона забележа…

Read More

Арсенал и Астон Вила се заинтересирани за играчот од средниот ред на Барселона, Феран Торес. 23-годишниот играч од средниот ред е еден од главните играчи на Барселона оваа сезона. За Барселона оваа сезона настапи на 29 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи четири гола и една асистенција. Сепак, според информациите од Шпанија, поради финансиските проблеми и желбата да го вратат напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси, Каталонците ова лето може да го продадат Шпанецот. Се известува дека за услугите на Феран Торес се заинтересирани два клуба, англиските премиерлигаши Арсенал и Астон Вила. Тренерот на Арсенал, Микел Артета го познава Торес од неговото искуство во Манчестер Сити,…

Read More

Главниот тренер на Лацио, Маурицио Сари, се обидува да го убеди играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински да му се приклучи на неговиот тим, објави „CalcioNapoli“. Истиот извор вели дека, Сари има намера да го покани својот поранешен играч во Лацио затоа што ќе следува веројатното заминување на играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ од римскиот клуб. Зиелиски наводно не сака да го напушти својот сегашен клуб. Фудбалерот има намера да го продолжи договорот со Наполи со подобрени услови. Сари веќе соработуваше со Зиелински за време на неговиот престој во наполитанскиот клуб. Полјакот беше еден од клучните играчи во тимот. Алтернативните опции на Сари…

Read More

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер планира за две до три недели да го започне првиот голмански тренинг по тешката повреда.  Според информациите, Нојер за две до три недели сака да започне со лесни часови за трчање и специјални голмански вежби. Доколку нема потешкотии на овие тренинзи, голманот очекува да се врати на работа со тимот во јули за да се подготви за следната сезона. Тренерот на Баерн, Томас Тухел, смета на Нојер како главен голман во новата сезона. Мануел Нојер се повреди по Светското првенство во Катар во 2022 година. Голманот ја скршил ногата додека се релаксирал во ски-центар.

Read More

Маркињос потпиша нов договор со Пари Сен Жермен. Договорот меѓу двете страни е до летото 2027 година, пренесува „RMC Sport“. Францускиот шампион ќе го објави договорот во подобро време за клубот, откако тимот од Лига 1 загуби со 3:1 дома од Лориен во неделата. Бразилскиот интернационалец е во Пари Сен Жермен од 2013 година, а претходно играше за италијанската Рома како и за Коринтијанс во својата татковина. 28-годишниот дефанзивец оваа сезона постигна два гола на 40 настапи во сите натпреварувања. На пет кола пред крајот на сезоната, Пари Сен Жермен е на првото место на табелата во Лига 1 со…

Read More

Фулам е блиску до договор за потпис на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди. Ова го пренесоа на „Твитер“ – АС и Марка, повикувајќи се на извори во еден од клубовите. Според изворот, сумата на трансферот ќе биде околу 12 милиони евра. ПСЖ може да добие уште 3 милиони евра како различни бонуси. Преговорите меѓу Икарди и Фулам за договор стигнаа во завршна фаза. Оваа сезона напаѓачот настапува за турски Галатасарај на позајмица. На 21 натпревар Икарди постигна 15 гола и осум асистенции.  Договорот на 30-годишниот аргентински напаѓач со ПСЖ е до јуни 2024 година, а за оваа екипа настапува од 2019 година.

Read More

Каталонскиот гигант Барселона може да оди на азиски натпреварувања доколку добие забрана од УЕФА, информира „Sport.es“. Според изворот, доколку УЕФА ја прогласи Барселона виновна во „случајот Негреира“ за веројатен поткуп на судии, клубот се соочува со суспензија од меѓународните натпреварувања во период од најмалку една година. Во овој случај, раководството на Барселона ја разгледува можноста за учество на турнирите на Азиската фудбалска конфедерација. Претходно беше објавено дека Барселона е осомничена за корупција при исплатите на поранешниот потпретседател на судискиот комитет на Шпанија, Хозе Марија Енрикез Негреира. Клубот тврди дека сите плаќања биле поврзани исклучиво со консултантски услуги и Негреира добил 7,3…

Read More

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на ПСЖ и Мароко, Ашраф Хакими, објави „Фудбал Инсајдер“. Според изворот, „црвените ѓаволи“ биле пред Челзи во борбата за играчот. Лондонскиот клуб треба да вложи сериозни напори во блиска иднина за да обезбеди почитување на сите правила за финансиски фер-плеј. Сега Манчестер Јунајтед важи за главен фаворит за потписот на играчот. Се дознава дека од „Олд Трафорд“ се подготвени да платат 60 милиони евра за Хакими.Таква сума би требало целосно да им одговара на газдите на ПСЖ. Парискиот клуб во неколку наврати јасно стави до знаење дека не е против продажба на мароканскиот дефанзивец во…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти проговори за тоа каков трансфер ќе биде приоритет за мадридскиот клуб. „Во блиска иднина треба да потпишеме со напаѓач. Ова го велам затоа што Карим Бензема е стар. И покрај тоа, му оди многу добро. Никогаш не сме имале никакви проблеми со ова“, рече Анчелоти во изјава за новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Оваа сезона Бензема забележа 35 настапи во дресот на Реал Мадрид во сите натпреварувања, во кои постигна 31 гол и осум асистенции. Договорот на 35-годишниот играч со мадридскиот клуб е со важност до крајот на јуни оваа година. Трансфер вредноста на овој фудбалер според интернет порталот Трансфермаркт…

Read More