Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше причина за радост по успехот од 4:1 над Арсенал. Повеќето аналитичари сметаат дека овој меч е решавачки во битката за титулата и со победата „Граѓаните“ прилично си гарантираа дека ќе се радуваат на крајот од сезоната. Сепак, Шпанецот останува претпазлив бидејќи неговиот тим се уште заостанува два бода зад „топчиите“ на табелата. Според него, следните три натпревари ќе покажат дали неговиот тим навистина може да ја постигне целта и повторно да биде шампион. „Знам дека следните три натпревари ќе бидат клучни. Со Фулам во сабота нема да биде лесно. Погледнете што направи Марко…
Author: riste
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета нема намера да се предаде по тешкиот пораз од Манчестер Сити (1:4). Тоа беше директна пресметка на двајта главни претенденти за титулата и поразот прилично ќе ги потресе „топчиите“ кои ја одржуваат првата позиција, но „граѓаните“ имаат два натпревари помалку и имаат простор да се искачат на првата позиција. Сепак, Шпанецот останува оптимист и продолжува да верува дека има шанси неговиот тим да биде шампион. „Тешко е после ваков пораз. Но, ако ја погледнеме пошироката слика, самиот факт дека се боревме до крај со овој противник е неверојатен. Ќе ја продолжиме борбата, нема да се…
Ракометната репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Луксембург со 28:23 на гостински терен и ја оправда фаворитската улога пред овој натпреавар. Со втората победа над овој ривал во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година, Македонија го направи клучниот чекор за пласман на ЕП. Нашите ракометари имаа проблеми во играта на почетокот на натпреварот , но подоцна успеаа да ја наметнат својата игра да дојдат до предност и да отидат на одмор со предност од 14:12. Во втортот полувреме единствено што дозволија Луксембург да намали на 16:17, а потоа со серија од неколку гола да дојдат до предност…
Барселона е отворена за продажба на напаѓачот Феран Торес за 25 милиони евра, објави новинарот Хави Мигел на Твитер. Феран Торес (23 години) му се приклучи на шпанскиот тим во декември 2021 година. Вкупната сума на трансферот на шпанскиот напаѓач од Манчестер Сити изнесуваше 55 милиони евра, а Барселона продолжува да ја плаќа оваа сума на рати. Торес постигна седум гола и даде две асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Договорот меѓу двете страни е до летото 2027 година. Вчера, на мечот со Атлетико Мадрид (1:0), Феран Торес беше стрелец на единствениот и ппобеднички гол за Барселона.
Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Ријад Марез постигна хет-трик во полуфиналето на ФА Купот против Шефилд Јунајтед. Така Алжирецот стана највозрасниот автор на хет-трик во тимот на шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола. Првиот гол Ријад Марез го постигна во 43. минута од натпреварот, реализирајќи пенал. 15 минути по почетокот на вториот дел, Алжирецот постигна втор гол, а на асистенција на Џек Грилиш погоди и по трет пат поставувајќи ги конечните 3:0 во корист на Манчестер Сити. Избраниците на Пеп Гвардиола ќе се сретнат со Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот. 32-годишниот Марез оваа сезона одигра 38 натпревари за Манчестер Сити, постигнувајќи 15 гола и…
Скопје ќе биде домаќин на многу познати фудбалски имиња од регионот и Македонија. Причина за тоа е промоцијата на документарниот филм за македонската, балканската и светската фудбалска легенда, Дарко Панчев, настан кој ќе се одржи вечерва (понеделник, 24 април 2023) кога ќе имаме можност да погледнеме еден сегмет од филмот кој ќе го покаже животот и кариерата на Дарко Панчев. Блескавата фудбалска кариера на голгетерот на Вардар, Црвена Звезда, македонската и екс-југословенската фудбалска сцена, вечерва во филмот „ПАТОТ НА КОБРА ДО ЅВЕЗДИТЕ“ кој ќе го има промотивното прикажување, а на кој во изминатиот период работеа и продуцираа Спортклуб телевизија, Спорт…
Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватцке откри што мисли за иднината на играчот од средниот ред Марко Ројс во тимот. „Во блиска иднина ќе донесеме одлука за договорот со Марко. Мислам дека ќе бидат потребни до десет дена за да направиме тоа“, изави Вацке во интервју за новинарот Фабрицио Романо. Германскиот фудбалер веќе 11 години игра за Борусија Дортмунд. Ројс се пресели во Борусија во летото 2012 година од истоимениот клуб од Менхенгладбах. Неговиот договор со клубот е до крајот на јуни. Во составот на оваа екипа Марко Ројс одигра 380 натпревари и постигна 161 гол. Според Трансфермаркт, играчот вреди 9 милиони евра. 33-годишниот германски играч оваа…
Голманот на Атлетико, Јан Облак зборуваше за натпреварот на неговиот клуб против Барселона, во кој Атлетико загуби со 0:1. „Оваа лига беше тешка долго време и се уште е. Не можевме да дадеме малку повеќе емоции на Ла Лига на крајот од сезоната. Ако Барса продолжи вака со предноста што ја има, ќе ја освои лигата. Мислам дека Гризман секогаш ја покажуваше својата најдобра верзија. Не знам зошто работите не му одеа толку добро во Барселона и не ми е грижа. Важно е што прави овде“, изјави Облак за „Марка“. Пред поразот од Барселона, мадридскиот тим беше непоразен во 13 натпревари (десет победи и три нерешени).…
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, титулата во италијанскиот шампионат ја смета за награда за жртвите во кариерата. „Кога добивате толку важни натпревари на крајот на сезоната против противници од ова ниво во една ваква рамноправна борба, овие победи стануваат тули во ѕидот на конечниот успех. Но, да не брзаме со шампањското, бидејќи сè уште не сме ја завршиле работата. Му честитав на тимот, одигра добро, што не беше лесно неколку дена по разочарувачката елиминација од Лигата на шампионите. Мислам дека не би можеле да одиграме уште подобро денес. Понекогаш гледам наназад и гледам на мојата кариера. Со текот на годините, не е како да патувам…
Борусија Дортмунд постави уникатно достигнување за својата клупска историја. Натпреварот од 29. коло во германската Бундес лига во кој Борусија Дортмунд го пречека Ајнтрахт Франкфурт го доби со резултат 4:0. Со тоа тимот ја извојува деветтата последователна победа на домашен терен во една сезона во германскиот шампионат. Претходно, клубот не можеше да го направи тоа во целата своја историја. Победата и овозможи на Борусија Дортмунд да стигне до првата позиција во германското првенство. Тимот има освоено 60 поени на 29 натпревари и на пет кола пред крајот на првенството е пред Баерн Минхен со еден бод предност. Во следното коло Борусија ќе…
