Македонската теквондистка Мила Рељиќ имаше успешен настап на Европското првенство во Софија, со тоа што стигна до бронзениот медал. На патот до бронзата на ова ЕП, Мила Рељиќ беше поуспешна од Ива Петровиќ од Србија (2-1), Инес Тарвида од Летонијаа (2-1) и од актуелната европска шампионка до 21 година Хелена Кичема со 2-0. Во борбата за влез во финалето, Рељиќ загуби од сестрата на Инес Тарвида-Јоланта, но со освоениот бронзен медал најави успешни настапи и на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Баку, на почетокот на јуни, и Европските олимписки игри кои се одржуваат во Краков на крајот…
Author: riste
Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе биде дел од осумте европски селекции кои ќе играат во Талин, Естонија на еден од трите предвидени турнири во европската зона на ФИБА. Поточно во Талин, односно Гливице (Полска) и Истанбул, вкупно 32 национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници). Согласно со предвидениот план, групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната група ќе биде во полскиот град), а групите Ц и Д ќе се играат во Турција. Ждрепката одржан денес посака во групата А, каде е нашата репрезентација, да бидат извлечени и селекциите…
Интер не ја прифати понудата на Челзи да го замени голманот Андре Онана за голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, пренесува „Газета Дело Спорт“. Претходно беше објавено дека лондончани ги понудиле правата на Аризабалага и паричен надоместок за 27-годишниот камерунски голман. Сепак, Интер не е заинтересиран за потписот на Кепа, за возврат го сакаат дефанзивецот Чалоба или играчот од средниот ред Рубен Лофтус-Чик. 28-годишниот Кепа дојде во Челзи летото 2018 година, лондончани за него платија 80 милиони евра. Оваа сезона Шпанецот одигра 23 натпревари во Премиер лигата и прими 21 гол. Онана, кој минатото лето му се приклучи на Интер со слободен трансфер, одигра…
Аргентинскиот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо го продолжи договорот со клубот. Новиот договор е со важност до 30 јуни 2028 година. Ова го објави официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед. „Кога му се приклучив на овој неверојатен клуб, мојот сон беше да дебитирам на „Олд Трафорд“, да го постигнам мојот прв гол и да освојам трофеи со овој амблем на моите гради. Чувствувам голема гордост и емоција што веќе ги доживеав овие моменти со моето семејство, кое ме поддржуваше на секој чекор од патот. На сите ни е чест да го продолжиме нашето патување во Манчестер Јунајтед и јас веќе почнав да…
Натпреварот од 32. коло во италијанското првенство меѓу Наполи и Салернитана беше одложен односно презакажан за во друг термин. Натпреварот кој првично требаше да се одигра во сабота на 29 април, сега ќе се одигра во недела на 30 април со почеток во 15:00 часот. За одбележување е дека натпреварот ќе започне речиси веднаш по завршувањето на средбата меѓу Интер и Лацио. Доколку Римјаните загубат бодови на оваа средба, а Наполи ја совлада Салернитана, тогаш Наполитанците пред време ќе станат шампиони во Серија А во сезоната 2022/2023. Наполи сега има 78 бода од 31 натпревар. Лацио по исто толку натпревари има 61…
Играчот од средниот ред Бруно Фернандеш е дел од тимот на Манчестер Јунајтед кој патува за Лондон на вечерашната пресметка со Тотенхем. Сепак, се уште не е јасно дали португалскиот интернационалец ќе учествува на натпреварот од 33. коло на Премиер лигата. Според „Мирор“, тој е целосно подготвен за игра. Бруно заработи повреда во полуфиналето на ФА Купот минатата недела против Брајтон и беше заменет во продолженијата. Пред два дена на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека Фернандеш носи чизма за имобилизирање на десниот зглоб, а на софата до него има патерици што ги загрижи навивачите на…
Лондонски Челзи загуби во натпреварот од 33. коло во Премиер лигата и тоа од Брентфорд (0:2). Овој пораз беше веќе 11-ти за екипата на Челзи откако раководството на тимот го отпушти тренерот Томас Тухел. Оваа информација денес ја објави статистичкиот портал „Опта Спорт“. По отказот на германскиот стручњак, Челзи одигра 26 натпревари во Премиер лигата. Во нив сините остварија осум победи, седум пати ремизираа и 11 пати загубија. Исто толку порази имаше за цело време додека тимот го водеше Тухел. Германецот работеше во Челзи од јануари 2021 до септември 2022 година. Под негово водство, лондончани победија на 35 натпревари во Премиер лигата, 17 пати ремизираа и…
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин беше веројатно најдобриот играч на теренот во синоќешната клучна победа од 4:1 над лидерот во Премиер лигата, Арсенал. Белгискиот интернационалец блесна со два гола за својот тим. Меѓудруго, тој даде и асистенција за голот на Џон Стоунс. Така, Де Бруин собра вкупно 102 асистенции во Премиер лигата, со што се изедначи со легендата на Челзи, Френк Лампард на четвртото место во вечната ранг-листа на англиската елита во овој поглед. Пред нив се само рекордерот Рајан Гигс со 162 асистенции, Сеск Фабрегас со 111 и Вејн Руни со 103. Така, 31-годишниот…
Македонија го победи Луксембург со 28:23 во натпревар од петтото коло од квалификациите за ЕП 2024 година и со тоа е веќе на чекор до второто место во квалификациската група. Со оваа победа Македонија е блиску до ново учество на ЕП, кое треба да се верификува во недела против Турција. Дури и пораз до девет гола разлика ја остава Македонија на второто место во групата и трет шешир пред ждрепката за групите на ЕП. Селекторот Кире Лазаров по натпреварот со Луксембург даде свој коментар. „Денеска не е лесно да се победи против секого. Ние сме подобри од Луксембург, но кога…
Напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд го собори рекордот на Мохамед Салах за најмногу голови во сезоната во Премиер лигата со 38 натпревари. Норвежанецот постигна гол во победата од 4:1 над Арсенал и го зголеми својот број на 33 оваа сезона. Египќанецот досега го држеше рекордот со 32 постигнати гола во сезоната 2017/18. Инаку, Енди Кол и Алан Ширер го држат рекордот за најмногу голови досега во една сезона во Премиер лигата со по 34. Двајцата ист број на голови во сезоните 1993/94 и 1994/95, но разликата е во тоа што одиграа по 42 натпревари во текот на сезоната. До…
