Author: riste

Челзи го потврди потписот со крилниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Нони Мудиеке, соопштија од клубот. „Сините“ ќе платат околу 35 милиони фунти за крилниот напаѓач. Така, од „Стемфорд Бриџ“ само во јануари веќе потрошиле околу 189 милиони фунти, а ова е во прилог на инвестициите од летото кога се потрошени уште 280 милиони фунти. Мудиеке потпиша договор на седум и пол години до 2030 година. Тој им се придружува на Михаило Мудрик, Давид Датро Фофана, Андреј Сантош и Беноа Бадијашил, кои беа донесени од почетокот на јануари. „Навистина сум задоволен што потпишав со еден од најдобрите клубови во светот. Да…

Read More

Денеска беше одржана ждрепката за четвртфиналето на Копа дел Реј во сезоната 2022/2023. Осум екипи продолжуваат да се борат за трофејот: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Реал Сосиедад, Валенсија, Атлетик Билбао, Осасуна и Севиља. По ждрепката во четвртфиналето, во мадридското дерби ќе играат Реал Мадрид и Атлетико, а Барселона ќе игра со Реал Сосиедад. Сите парови изгледаат вака:Реал Мадрид – Атлетико МадридОсасуна – СевиљаВаленсија – Атлетик БилбаоБарселона – Реал Сосиедад Натпреварите ќе се играат во вторник, среда и четврток следната недела (24, 25 и 26 јануари).

Read More

Италијанката Софија Гоџа го освои спустот во рамките на Светскиот куп во алпско скијање за жени пред својата домашна публика во Кортина Д’Ампецо. Истата патека ќе биде домаќин на натпреварите во алпско скијање на Зимските олимписки игри во 2026 година. Олимписката шампионка од Пјонгчанг 2018 и вицешампионот од Пекинг 2022 Гоџа заврши прва за 1:33,47 минути. Таа го забележа четвртиот успех сезонава, 16-ти во спуст и вкупно 21-ви во кариерата во Светскиот куп. Двократниот светски шампион во спуст од Сент Мориц 2017 и Оре 2019 година Илка Штухец (Словенија) го освои второто место со 13 стотинки заостанување, а Германката Кира…

Read More

Напаѓачот на Челзи, Каи Хаверц летово би можел да се врати во Бундеслигата. Според информациите на „Скај Германија“, Баерн (Минхен) е подготвен да го купи 23-годишниот фудбалер за 60 милиони евра. Клубот веќе подолго време ги следи резултатите на поранешниот играч на Баер (Леверкузен), од кои се задоволни. Германскиот интернационалец е најдобар стрелец на лондончани во Премиер лигата со 5 гола. Баерн води во германската елита со 34 бодови, а Челзи е десетти во англиската лига со 28 бодови.

Read More

Милан Шкрињар го известил раководството на Интер дека нема да ја прифати понудата на клубот за нов договор и ќе бара продолжение на кариерата во друг клуб. Од Интер веќе неколку недели чекаат одговор од словачкиот репрезентативец на понудата во која имало годишна плата од 6 милиони евра плус одредени бонуси. Одбивањето на дефанзивецот значи дека тој ќе замине како слободен играч на лето доколку не биде продаден до крајот на месецот. За него се заинтересирани Пари Сен Жермен, Тотенхем и Челзи, но конкретни преговори не се водат. Интер пред почетокот на сезоната одби понуда од ПСЖ вредна 60 милиони…

Read More

Напаѓачот на Олимпик Лион, Муса Дембеле би можел да се пресели во Астон Вила. Англискиот клуб веќе ги започна преговорите за трансферот на играчот. Ова го објави новинарот Николо Шира. Астон Вила започна преговори за да се обиде да го ангажира Муса Дембеле од Лион. Неговиот договор истекува во јуни 2023 година и во моментов нема договор за продолжување на соработката“, напиша Николо Шира на Твитер. 26-годишниот Дембеле играше во ПСЖ и Фулам. Дембеле пристигна во Лион во 2018 година од Селтик. Во тековната сезона на француската Лига 1, фудбалерот одигра 14 натпревари на кои постигна два гола. Астон Вила…

Read More

Руди Фелер е новиот директор на фудбалските селекциите на Германија. Тој доаѓа на местото на Оливер Бирхоф, кој ја извршуваше функцијата изминатите години. „Нашата главна цел е да ги поставиме темелите за успешно Евро 2024 на домашен терен со поддршка од цела Германија“, се вели во соопштението за печатот со кое беше објавено назначувањето на Фелер. Поранешниот напаѓач имаше 90 натпревари и 47 гола за Бундес тимот во периодот од 1982 до 1994 година, а меѓу 2000 и 2004 година беше селектор на најдобрфата репрезентација на Германија.

Read More

Никола Митревски како најискусен во нашата подмладена репрезентација ја имаше улогата на капитен на оваа нова генерација, која денеска доживеа уште еден удар на СП во Полска и Шведска. Македонија го запиша и третиот пораз во групната фаза и се збогува од главната фаза на Светското првенство, откако денеска доживеа убедлив пораз од Аргентина. „Сакавме да покажеме што знаеме, се подготвуваме повеќе од еден месец за овој турнир. Тешко е да се зборува, треба да се изнализира добро ситуацијата, да видиме каде проблемот. Не сме толку лоши за да губиме 10 разлика од било кој. Треба да анализираме, да воочиме…

Read More

Крилото на нашата репрезентација Гоце Георгиевски нема по добро да го памети настапот на СП 2023 во Полска и Шведска, затоа што нашиот национален тим доживеа три порази во групната фаза и че игра во Президент Купот. Откако загубивме од Норвешка и Холандија, со висока разлика, верувавме дека против Аргентина можеме да играме и да се надеваме на позитивен резултат. Сепак тоа не се случи, а за мечот зборуваше Гоце Георгиевски кој вели дека загрижува што не се испочитувале работите кои претходно ги тренирале и договарале. „Играта која ја имавме во квалификациите и пред почетокот на ова првенство, не ја испочитувавме ниту 10%. Имавме…

Read More

Македонија загуби од Аргентина со 26:35, а Филип Талески беше најефикасен играч на Македонија со 5 постигнати гола, но не успеа заедно со своите соиграчи да се радува на успех на овој натпревар. По дуелот во Краков, Талески беше видно разочаран кажа дека има проблеми кои мора да се решат по ова СП, за ракометот да оди напред. „Ќе анализираме во што е проблемот. Очигледно има проблем, меѓутоа мора да се решава доколку сакаме да одиме напред со репрезентацијата. Меѓутоа, во моментов оваа слика што ја гледаме сите и ние знаеме дека тоа е тоа. Останува да направиме една анализа…

Read More