Напаѓачот на Баерн, Садио Мане ќе го пропушти првиот натпревар од плејофот во Лигата на шампионите. Фудбалерот на германскиот тим, најверојатно, нема да може да учествува на првиот натпревар против ПСЖ кој ќе се одигра на 14 февруари. Тој продолжува да се опоравува од повредата на фибулата која ја доби пред Светското првенство. Според „Мундо Депортиво“, клубот од Минхен се обидува да го забрза опоравувањето на Сенегалецот, но неговото учество во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите речиси и не доаѓа предвид. Блиски пријатели со играчот веруваат дека тој не е подготвен толку брзо да влезе на теренот, згора…
Author: riste
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн може да го продолжи договорот со лондонскиот клуб. Актуелниот договор на напаѓачот со лондонскиот клуб е до јуни 2024 година. Немаше преговори за продолжување на договорот од август 2021 година, кога Кејн сакаше да се пресели во Манчестер Сити, но не успеа. Напаѓачот во последно време се фокусираше на Светското првенство во 2022 година, а Тотенхем се подготвува за зимскиот преоден рок, па двете страни немаа многу можности да разговараат за потенцијалното продолжување на договорот. Планирано е разговорите на Тотенхем со Кејн да се одржат веднаш по затворањето на зимскиот преоден рок. Напаѓачот ќе биде…
Ракометарите на Македонија дојдоа до втората убедлива победа во Президент купот на СП во ракомет, откако денес во „Орлен Арената“ во Плоцк го декласира Мароко со 40:25 (18:12). Интересно е тоа што победија со идентичен резултат како и на мечот со Алжир (40:25).Нашите ракометари кои добија шанса од селекторот Кирил Лазаров одиграа речиси перфектен натпревар, ги користеа противничките грешки, дадоа многу голови по контри и во целост ја оправдаа фаворитската улога на овој меч. По почетните 2:2, Македонија направи серија од 4:0 и дојде до предност од 6:2 која ја задржа до крајот на првиот дел и ја зголемуваше до 18:12 на полувреме. Второто…
Новиот селектор на холандската репрезентација Роналд Куман , кој претходно беше на чело на Барселона, го сподели своето мислење за трансферот на холандскиот напаѓач Мемфис Депај од каталонскиот клуб во Атлетико Мадрид. „Среќен сум со овој трансфер. Мемфис не беше задоволен од својата ситуација во Барселона, му беше непријатно, а сега ќе ја добие потребната минутажа што ќе му овозможи да ја достигне својата најдобра форма“, изјави Куман за „Мундо Депортиво“. Да потсетиме дека Мемфис Депај се пресели во Атлетико Мадрид на 20 јануари. Договорот на 28-годишниот напаѓач со мадридскиот клуб е на две и пол години. Атлетико Мадрид постигна…
Поранешниот тренер на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса е кандидат број еден за менаџерската функција во Евертон. Англискиот клуб веќе водел преговори со 67-годишниот аргентински стручњак, тврди новинарот Николо Шира. Евертон се раздели со менаџерот Френк Лампард поради лошите резултати. 44-годишниот поранешен англиски репрезентативец беше на кормилото на „карамелите“ од почетокот на 2022 година. Тимот имаше 11 порази во последните 14 натпревари и се наоѓа на претпоследното место во табелата во Премиер лигата. Марсело Биелса беше на чело на Лидс од 2018 година, но го напушти клубот во февруари 2022 година. Шон Дајч и Томас Френк се исто така меѓу имињата…
Maкeдонскиот спорт загуби уште една своја голема легенда. Во 84-тата година од животот денеска во Скопје почина Живко Дуковски, големиот боксерски шампион, тренер и спортски функционер кој со многу што го задолжи спортот во Македонија. Дуковски засекогаш ќе остане запаметен како основачот на „Златниот гонг“ и тренерот кој создаде врвни боксерски имиња со кои освојуваше медали на Олимписките игри, Светските и Европските првенства. Асови кои се профилирале под негово водство се Самоиловски, Неџат Мемети, Руждија Калач, Азис Салуху, Реџепагиќ, Василев. Беше селектор на македонската селекција и еден од најуспешните тренери на државните првенства. Извесен период работеше и со Аце Русевски…
По натпреварот од 21. коло во англиската Премиер лига, во кој Манчестер Сити го победи Вулверхемптон благодарение на хет-трикот на Ерлинг Халанд е нов рекордер споедв еден показатател. Норвежанецот веќе четири пати во својата дебитантска сезона постигна три гола на еден натпревар и според овој показател, го надмина поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој имаше три хет-трика во текот на целиот свој настап во Премиер лигата. Вкупно, напаѓачот на „граѓаните“ веќе има 25 гола и три асистенции. Тој е најдобар стрелец во тековната лигашка сезона. Неговите најблиски конкуренти имаат многу помалку голови – напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн…
Поранешниот напаѓач на Рома, Антонио Касано даде свое мислење за скандалот со финансиска измама во Јувентус, поради кој вчера „бјанконерите“ беа казнети со 15 бода. Говорејќи на „BoboTV“, Касано, кој вообичаено е еден од најголемите критичари на Јуве, изненадувачки ги поддржа, изразувајќи го својот гнев поради одлуката: „Одземање бодови за Јувентус? Ќе го кажам само ова: ако тоа важи за Јуве, треба да важи за сите тимови во италијанскиот фудбал, бидејќи очигледно за Јувентус се пишува на 50 страници во весниците, а сите останати – со ситни букви“, објасни екс италијанскиот фудбалер „Да не мислиме дека само Јувентус ги направи…
Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра вториот меч на Президент Купот, а вкупно петти на Светското првенство. По трите порази кои ги имавме во групната фаза, нашите ракометари во Плоцк го имаа првиот триумф, убедливо го совладаа Алжир со 40:25. Оваа победа и беше потребна на нашите ракометари за да ја подобрат атмосферата по „високите“ порази во Краков. „По три порази во групната фаза, навистина ни требаше да победиме. Секоја победа е важна за самодовербата и атмосферата во тимот. Президент Купот е познат како утешен турнир, но секоја победа на Светското првенство не радува”, изјави Никола Митревски, капитенот…
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри за првпат ја коментираше казната на клубот од Торино, кој сезонава загуби 15 бода во италијанскиот шампионат. „Што би сакал да им кажам на навивачите на Јувентус во овој тежок момент? Не чека важен натпревар ротив Аталанта во Серија А. Треба да се подготвиме за тоа и да продолжиме да работиме. Треба само да размислуваме што ќе се случува на теренот. Дали ситуацијата се промени откако загубивме 15 поени за нас? Не, ништо не се менува. Во секој случај, треба да освоиме поени. Ќе биде тешко бидејќи Аталанта е во добра форма. Ни треба победа…
