Author: riste

Ливерпул планира да понуди не само примамлива понуда за самиот Џад Белингем, туку и работните места на уште двајца членови од неговото семејство за да се наметне во конкуренција за талентираниот играч за врска. Во последно време се тврди дека Реал Мадрид има поголеми шанси да ја привлече големата ѕвезда на Борусија (Дортмунд), но токму во Шпанија се појавија информации за идејата на Ливерпул. Во истата се наведува дека Ливерпул ќе потпише и со помладиот брат на Џад, Џоб Белингем, кој моментално игра за Бирмингем Сити. Покрај тоа, од Ливерпул се подготвени да го регрутираат нивниот татко Марк како скаут.…

Read More

Денеска започнува 28-то СП во ракомет, овој пат организатори се Полска и Шведска кои ќе ги пречекаат 32-те репрезентации кои ќе се обидат да направат најдобри резултати за себе. Првото Светско првенство се одржа во далечната 1938 година во Германија. Учествуваа само четири селекции, а титулата првак ја освои домаќинот. Се играше сосема различен ракомет од денешниот, таканаречен голем ракомет. Секој играше со секого, а Германците забележаа три победи. Втора беше Австрија, а бронзениот медал го освои Шведска. Последна, четврта беше селекцијата на Данска. За следното СП се чекаше цели 16 години. Домаќини во 1954 година беа Швеѓаните, а како…

Read More

Откриени се барањата на Борусија Дортмунд за трансферот на Џад Белингем. Според информациите кои беа објавени, клубот од Дортмунд сака да добие 100 милиони евра за играчот од средниот ред, без бонуси. Вкупната сума треба да биде од 120-150 милиони евра. Претставниците на Реал Мадрид се свесни за овие барања – Реал Мадрид сака да го ангажира Англичанецот ова лето. Џуд Белингем оваа сезона одигра 22 натпревари за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања , постигнувајќи девет гола и три асистенции. На Светското првенство 2022 година, играчот од средниот ред настапи на пет средби, постигнувајќи еден гол и асистенција. По 15…

Read More

Напаѓачот на лондонски Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг, кој неодамна се пресели во таборот на лондончани, може да ја промени клупската средина во овој преоден рок. Според „Дејли Мејл“, неколку шпански клубови се заинтересирани за 33-годишниот фудбалер, а трансферот на Жоао Феликс би можел значително да ги намали шансите на Габонецот да влезе во стартниот тим и да има значително влијание за евентуален преселба. Исто така е јасно дека меѓу овие тимови е и Атлетико Мадрид, што би можело да значи потенцијална размена на играчи меѓу клубовите. Да потсетиме дека Обамејанг пред оваа сезона се пресели во Челзи од Барселона. Пјер-Емерик  Обамејанг…

Read More

Македонската ракометна репрезентација ја очекува настап на Светското првенство во Полска и Шведска. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат во Краков, во група заедно со Норвешка, Холандија и Аргентина. Нашите ракометари имаат тешка мисија за пласман во главната рунда, а пред стартот на СП, РФМ на вонреден состанок ги одреди премиите за пласман за поминување на групата. Максималната премија која ракометарите можат да ја добијат е 60.000 евра, истата ќе ја поделат доколку групната фаза ја завршат со три победи. Доколку Македонија групната фаза ја заврши со две победи и секако завери пласман во главната рунда, премијата изнесува 45.000 евра.…

Read More

Аргентинскиот напаѓач на ПСЖ, Лионел Меси е блиску до обновување на договорот со клубот, објави инсајдерот Николо Шира на својот Твитер профил. Се дознава дека новиот договор ќе биде потпишан до 2024 година со опција за продолжување на уште една. Меси ќе заработи 40 милиони евра. 35-годишниот напаѓач оваа сезона забележа 19 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и 14 асистенции. Актуелниот договор на Меси со парискиот тим е до летото 2023 година. Како дел од репрезентацијата на Аргентина, која ја победи Франција во финалето на СП, Лионел стана победник на Светското првенство 2022. Аргентинецот исто така…

Read More

Новиот менаџер на Челзи, Грем Потер, секојдневно добива нови лоши вести во врска со повредените играчи во екипата. Како што пренесува „Скај Спортс“, меѓу повредените во Челзи се приклучи и напаѓачот, Кристијан Пулишиќ. Американецот беше заменет во првото полувреме од мечот на „Стемфорд Бриџ“ во кој Челзи на петти јануари беше поразен од Манчестер Сити со резултат 1:0. Пулишиќ заработи повреда на коленото и ќе му требаат неколку недели да заздрави. 24-годишниот напаѓач дојде во Челзи од Борусија Дортмунд во 2019 година и оваа сезона одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, запишувајчи еден гол и две асистенции. Менаџерот Греам Потер во овој…

Read More

Македонската ракометна репрезентација и овој јануари, ќе биде во центарот на вниманието на нашата спортска јавност во Македонија. Нашите најдобри ракометари ќе бидат учесници на СП во Полска и Шведска кое се игра од 11 до 29 јануари. Македонија првиот меч го игра на 13 јануари против Норвешка. Пред заминување на нашата експедиција во Краков, денеска на прес-конференција свое видување даде селекторот Кире Лазаров. „На почеток сме на уште едно големо натпреварување, тоа е СП во Полска и Шведска. Зад нас се тие четири контролни средби на кои ја темпиравме формата за тоа што не очекува. Сакам да нагласам дека…

Read More

Почнуваат да се зголемуваат проблемите со повредите во Интер. Неколку играчи на Нероаѕурите се повредени по мечот со Монца, открива „Газета дело спорт“. Станува збор за Хакан Чалханолу, Николо Барела и Ромелу Лукаку. Сите тие ќе го пропуштат дуелот со Парма во Купот на Италија оваа недела. Овие играчи во текот на денот ќе бидат подложени на тестови за да се утврди колку се сериозни нивните повреди. Во моментов најголема грижа е за Чалханолу, кој се жали на болки во бутот. Доколку се покаже дека неговата повреда е посериозна, тој може да го пропушти дури и натпреварот од Суперкупот на…

Read More

Според непотврдени информации, Ферари му исплатил едногодишна плата на поранешниот тимски шеф Матија Биното, за возврат да не работи во Формула 1 во 2023 година. Тоа е сума од 3 милиони долари – неговата плата за 12 месеци. Првично се веруваше дека ова ограничување ќе биде за 6 месеци, за што Биното ќе добие 1,5 милиони долари. Матија Биното поднесе оставка на крајот на ноември, таа беше прифатена и од вчера официјално на чело на Скудерија е Фредерик Васер, кој дојде од Алфа Ромео. Последниот ден на работа во Маранело на Биното беше 20 декември, бидејќи тој неодамна ја надгледувал…

Read More