Лондонски Челзи покажува интерес не само за напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, туку и за неговиот брат Кефрен. Тоа го пренесуваат англиските медиуми. 21-годишниот Кефрен Турам настапува за Ница на позицијата дефанзивен играч за врска. Тој забележа 113 настапи за клубот откако се приклучи на Ница со слободен трансфер од Монако во 2019 година. „Сините“ го гледаат играчот како замена за Енцо Фернандез, чиј трансфер е блиску до неуспех. Интерес за Кефрен покажува и Њукасл. Во тековната сезона на францускиот шампионат, Кефрен Турам учествуваше на 17 натпревари, постигнувајќи две асистенции. Трансфермаркт го цени Кефрен на 25 милиони евра.
Author: riste
Арсенал е заинтересиран да го ангажира напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс на позајмица, пренесува „Daily Mail“. Според изворот, шпанскиот клуб бара 15 милиони евра за оваа зделка, а земајќи ги предвид дополнителните трошоци, оваа сума ќе се зголеми на 18 милиони евра. Арсенал не е подготвен за такви трошоци, па затоа е во преговори со Атлетико Мадрид и е пред договор за намалување на трошоци за позајмица. И Манчестер Јунајтед сака да го ангажира Феликс. Феликс (23) оваа сезона постигна пет гола и даде три асистенции на 19 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со Атлетико истекува во 2026…
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ потврди дека клубот е во преговори за ангажирање на голманот на Борусија Менхенгладбах Јан Зомер. „Не сакам да зборувам за играчи од други клубови, но преговараме за Зомер. Ги разгледуваме нашите опции и наскоро ќе донесеме одлука“, изјави Салихамиџиќ за Скај Германија. Мануел Нојер ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скршеница на ногата, па на Баерн му треба нов голман за позицијата број 1. Се разгледуваше опцијата за враќање на Александар Нубел од Монако, но двете страни имаат потешкотии во преговорите. Според претходно дадените информации, желбата за преселба во Баерн ја најавил…
Актуелниот претседател на Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА), Александар Чеферин е единствениот кандидат на претстојните избори за прв човек на организацијата. Ова го објави сајтот на УЕФА. До крајниот рок до 5 јануари 2023 година, следните кандидати за позициите Претседател на УЕФА и Потпретседател на ФИФА (Европа) се пријавени и ќе бидат избрани на 47-от Конгрес на УЕФА на 5 април 2023 година во Лисабон (Португалија). Кандидат за претседател на УЕФА (за четиригодишен мандат): 1. Александар Чеферин (Словенија). Кандидати за позицијата потпретседател на ФИФА (со мандат од четири години):1. Шандор Чањи (Унгарија) е актуелен потпретседател на ФИФА.2. Ари Лахти…
Францускиот напаѓач од Борусија Менхенгладбах Маркус Турам би можел да премине во лондонски Челзи, ова го пренесува „Footmercato“. Според изворот, раководството на Челзи планира сериозни финансиски инјекции за засилување на составот на тимот за продолжението на сезоната. Турам, еден од најдобрите стрелци во германската Бундес лига со 10 голови,а тоа го направи да биде една од трансферните цели на лондончани. Договорот на 25-годишниот Французин со Борусија истекува на крајот од актуелната сезона. Не е познато дали тој ќе ја продолжи кариерата во германскиот тим или ќе избере да се пресели во нов клуб во зимскиот преоден рок. Претходно беше објавено…
Играчот на Олимпик Марсеј, Аркадиуш Милик, кој настапува за „Старата Дама“ на позајмица најверојатно ќе остане во Јувентус од Торино кој планира да го откупи неговиот договор. Ова го пренесува инсајдерот Николо Шира на својот „Твитер“ профил. Според новинарот, Јувентус планира да ја активира откупната опција наведена во договорот за позајмица, според која Марсеј ќе добие 7 милиони евра, како и 2 милиони евра бонуси. Полскиот напаѓач ќе добие договор до 2026 година со плата од 3 милиони евра по сезона. Претходно и самиот Милик изрази желба кариерата да ја продолжи во Јувентус. 28-годишниот фудбалер оваа сезона има 18 настапи…
Италијанскиот тим Интер преговара со напаѓачот Един Џеко за продолжување на договорот, објави новинарот Николо Шира. Според информациите, раководството на Интер на Босанецот му нуди договор до 2024 година. Актуелниот договор на 36-годишниот напаѓач истекува во летото 2023 година. Един Џеко оваа сезона забележа 22 настапи за Интер во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и 4 асистенции. Напаѓачот го постигна единствениот гол во дерби победата на Интер против Наполи во средата.
Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси нема да игра за својот тим во 1/32 финалето од Купот на Франција со Шатору. „Тој имаше фантастично Светско првенство. Имаше одредени обврски, на прославата се врати во Аргентина. Сакавме да се опорави дома покрај семејството. Нема да игра Шатору. Разговаравме со него. Сакаме да се подготви за следниот натпревар (против Анже во Лига 1)“, беа зборовите на тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие за Ројтерс. Покрај враќањето на Меси од одмор, за ПСЖ во Купот на Франција нема да играат ниту напаѓачите Килијан Мбапе и Нејмар, дефанзивецот Ашраф Хакими и играчот од средниот ред Марко…
Македонската ракометна репрезентација од вчера е во Пореч каде ќе ги одигра последните две пријателски средби во рамките на подготовките за Светското првенство во Полска и Шведска. Прв противник на нашата репрезентација е селекцијата на Хрватска. Домаќинот ќе ја има поддршката од своите навивачи, затоа што сите билети за оваа средба се распродадени, дуелот е закажан во 20:15 часот. Македонија на овој натпревар, како и утрешниот против Израел во рамките на „Кроација Купот“ ќе биде без помошта на Филип Талески, кој го повреди скочниот зглоб пред неколку дена, како и без Никола Митревски. Искусниот голман доби дополнителна поштеда од Лазаров.…
Поранешниот напаѓач на Италија, Челзи и Јувентус, Џанлука Вијали, почина на 58-годишна возраст денеска, 6 јануари 2023 година . Причина за смртта биле последиците од рак на панкреасот. Поранешниот спортист долго време се бореше со ракот, но во пресрет на Божиќ состојбата му се влоши. Вијали последните денови од животот ги помина во болница. Вијали има 59 настапи за Италија. Со Челзи стана победник на ФА Купот, а го освои и Купот на победниците на куповите. Како дел од Јувентус, италијанскиот напаѓач ја освои Лигата на шампионите. Играше и за Сампдорија и Кремонезе. На крајот од својата кариера како фудбалер,…
