Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос реагираше на одлуката на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Герет Бејл да стави крај на својата играчка кариера. „Герет, бев многу среќен што споделив толку многу убави моменти со тебе…Во кариерата освоивте неверојатен број титули, постигнавте многу голови и оставивте многу спомени. Ти посакувам се најдобро во новата животна фаза“, напиша Рамос на една од своите социјални мрежи. Последен клуб во кариерата на Бејл беше Лос Анџелес. Претходно, фудбалерот настапуваше за Саутемптон, Тотенхем и Реал Мадрид. Како дел од шпанскиот клуб, Бејл пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите на УЕФА.
Author: riste
Шпанските медиуми денеска објавија информација дека Диего Симеоне по завршувањеѕто на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид. Атлетико сезонава одигра очајно во Лигата на шампионите и го зазеде последното место во групата со Порто, Клуб Бриж и Баер Леверкузен, а во шпанското првенство е на петтото место со дури 14 бода помалку од лидерот Барселона. Диего Симеоне е на клупата на Атлетико Мадрид од 2011 година откако претходно го носеше дресот на оваа екипа. Во 2014 година на мадридскиот клуб му ја донесе титулата шампион на Шпанија, прва од 1996 година. Седум години подоцна, Симеоне и Атлетико повторно беа шпански шампиони. Со клубот од Мадрид, Аргентинецот освои две титули…
Манчестер Сити ќе го добие 20-годишниот играч од средниот ред на Велез Сарсфилд, Максимо Пероне откако е постигнат договор меѓу клубовите, зделката е во завршна фаза, пишува на Твитер новинарот Фабрицио Романо. Аргентинецот ќе се приклучи на новиот тим по завршувањето на У-20 Копа Судамерикана. На 22 натпревари за Велез во последната сезона од аргентинскиот шампионат, Пероне постигна два гола и доби 10 жолти картони. На 10 натпревари од Копа Либертадорес еднаш го погоди противничкиот гол, а имаше и две асистенции. Манчестер Сити оваа сезона има шанси да ги освои сите натпреварувања. Во последниот натпревар Манчестер Сити го исфрли Челзи…
Реал Мадрид е подготвен да го задржи Марко Асенсио во својот тим и следната сезона. Договорот на играчот истекува на лето, но клубот е подготвен да му понуди нов. Сепак, тоа ќе биде на многу пониски финансиски параметри од оние што ги добива играчот од средниот ред во моментов, пишуваат медиумите од Шпанија. Асенсио мора да процени дали таквата понуда му одговара. Во оваа фаза тој и неговиот агент Жорже Мендеш не брзаат да ја прифатат понудата на Реал Мадрид и сакаат да ги разгледаат сите можни опции. Исто така, можно е Асенсио да ја прифати понудата на Реал и…
И покрај гласините, тренерот на Рома, Жозе Мурињо нема да стане селектор на Бразил, објави Џанлука Ди Марцио. Специјалниот беше меѓу опциите да го преземе составот на Бразил по заминувањето на Тите, но не покажува интерес за оваа позиција. Пред него петкратниот светски шампион го одби и Зинедин Зидан. Мурињо се поврзуваше и со репрезентацијата на Португалија, која сепак го најави назначувањето на Роберто Мартинез. Според Ди Марцио, Роналдо бил меѓу оние кои се обиделе да го убедат Португалецот да стане селектор на Бразил, но тој ја потврдил намерата да го продолжи својот проект во Рома, со која има договор…
Лондонски Челзи постигна вербален договор со мадридски Атлетико за трансферот на португалскиот играч за врска Жоао Феликс на позајмица. Висината на компензацијата ќе биде околу 11 милиони евра – тоа е помалку од првично бараните средства од Атлетико, објавија медиумите во Англија. За услугите на играчот беа заинтересирани и Манчестер Јунајтед и Арсенал, но 23-годишниот Португалец сепак се определи за проектот на Челзи. На 14 натпревари за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања оваа сезона, Феликс постигна четири гола и стана автор на три асистенции. На Светското првенство во Катар, играчот од средниот ред постигна еден гол на четири натпревари за…
Велшкиот напаѓач Герет Бејл објави дека се повлекува од професионалниот фудбал на 33-годишна возраст. „По долго размислување, објавувам крај на мојата клупска и репрезентативна кариера. Имам неверојатна среќа да го остварам мојот сон и да го играм спортот што го сакам. Сега преминувам на ново поглавје во мојот живот. Време е за промени и можност за нови авантури“, напиша Бејл. Последен клуб во кариерата на Бејл беше Лос Анџелес. Претходно, фудбалерот настапуваше за Саутемптон, Тотенхем и Реал Мадрид. Како дел од шпанскиот клуб, Бејл пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите на УЕФА. Бејл играше за Велс на Светското првенство…
Ракометната репрезентација на Македонија по победата со 38-37 над Израел во рамките од „Кроација купот” се враќа во Скопје каде ќе ги одработи последните денови од подготобките за СП 2023 во Краков. Селекторот Кире Лазаров е задоволен од одиграните натпревари во Хрватска, но смета дека има доволно време за одредени корекции до стартот на СП. „Одигравме квалитетен турнир со квалитетни противници. Имаме еден слободен ден и потоа почнуваме со подготовки за конкретни работи за следните два противника, Норвешка и Холандија. Задоволен сум од сработеното во текот на подготовките, како и од прикажаното на контролните натпревари. Одбраната ќе ја поправиме, но…
Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо изјави дека лондонски Арсенал е сигурен во потписот на напаѓачот на Шахтјор, Михаило Мудрик во зимскиот преоден рок. „Секако дека Арсенал е уверен и Артета исто така е сигурен во овој договор. Но, постигнувањето договор со Шахтјор е клучно. Тие беа толку силни во преговорите дури и во август кога одбија 30 милиони евра од Евертон, што беше одлична понуда. Во овој момент од преговорите, не беше спомената временска рамка, тие продолжуваат“, напиша Фабрицио Романо во својата колумна. Да напоменеме дека лондонскиот тим се нарекува главен претендент за потписот на 21-годишниот фудбалер. Самиот Мудрик е…
Новак Ѓоковиќ своето враќање во Австралија го круниса со трофеи и ја отвори 2023 година со титула, со победа во финалето на АТП-турнирот во Аделаида, Австралија. Во неверојатно финале по голема борба, Ѓоковиќ со 2:1 во сетови (6-7, 7-6, 6-4) успеа да слави над американскиот тенисер Себастијан Корда (33. место на АТП-листата). Првиот сет беше тежок за Ѓоковиќ и го загуби во тај-брејкот, но затоа се врати во вториот сет на идентичен начин. Во првиот сет имаше интересен момент, кога Новак Ѓоковиќ реши од трибините да ги „избрка“ братот Марко и неговиот агент. Третиот ревашачки сет успеа да го добие…
