Author: riste

Претставувањето на напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо како играч на саудискиот клуб го следеле околу 3 милијарди луѓе. Ова го пренесува инсајдерот Педро Сепулведа преку својата социјална мрежа. Според изворот, околу 40 канали го прикажувале претставувањето на Португалецот. Во исто време беше објавена информација дека финалето на Светското првенство во 2022 година го следеле 2 милијарди гледачи. Договорот на Роналдо со Ал-Наср е до 2025 година. Пред да се пресели во Ал-Наср, Роналдо играше за Манчестер Јунајтед, кој го напушти во ноември 2022 година по скандалозно интервју. Претходно Роналдо направи лапсус во своето претставување како спортист на арапскиот тим. Тој…

Read More

Шпанскиот судија Матеу Лаос одлучи да се повлече од професијата по завршувањето на актуелната сезона. Веста ја објави аргентинскиот новинар Гастон Едул, а потоа ги обиколи сите водечки шпански медиуми. Името на Лаос стана најозборуваното судиско име во светскиот фудбал во последниот месец. Причина за ова беа натпреварите меѓу Холандија и Аргентина во четврт-финалето на Светското првенство и дербито меѓу Барселона и Еспањол во последното коло од Ла Лига. Во нив Лаос покажа вкупно 34 жолти и два црвени картони. Тешките критики кои ги трпи во последно време се една од главните причини поради кои судијата роден во Валенсија реши…

Read More

Премиерлигашот Челзи промовираше ново име во дефанзивната линија. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ се договори со Монако и го купи Бенуа Бадиашил. Станува збор за централен дефанзивец, кој од францускиот клуб се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за сума од 38 милиони евра. 21-годишниот фудбалер пристигна во Челзи и потпиша договор на дури 7,5 години. Бадиашил се обврза на верност со Челзи до јуни 2030 година. Перспективниот стопер потекнува од младинската школа на Монако, од 2018 година е член на првиот тим. Оттогаш, Бадиашил одигра 135 натпревари за Монако, постигна шест гола и запиша три асистенции, но негова главна задача во играта е одбраната.

Read More

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги коментира сите актуелни теми околу клубот. Тој призна дека Каталонците повторно заостануваат во однос на финансискиот фер-плеј, бидејќи им требаат 26 милиони евра за да ги балансираат нивните финансии. Лапорта зборуваше за иднината на Бускетс, Дембеле и Лео Меси и неговото заминување од Барса. „Морав да ги ставам интересите на Барселона над најдобриот играч во историјата на фудбалот. За време на економскиот колапс немав можност да го задржам. Мислам дека тоа беше најдобрата одлука за клубот. Сега тој е играч на ПСЖ, јас повеќе сакам да не зборувам за него. Фокусирани сме на Барселона.…

Read More

Пред стартот на СП во ракомет во Полска и Шведска на кое ќе учествува и нашата ракометна репрезентација, Пивара Скопје и Скопско ја најавија новата маркетинг кампања која ќе биде целосно посветена на настапот на Македонија на ова СП во ракомет. На денешната прес-конференција беше најавено пуштање во продажба на нова лимитирана едиција на Скопско и Скопско смут со потписот и имињата на ракометарите кои ќе настапуваат за Македонија на ова СП. Во име на компанијата, оваа кампања ја представи Катерина Теовска , Маркетинг директор на СКОПСКО. „Скопско како горд подржувач на спортот, ракометот и нашите репрезентативци и овој пат…

Read More

Поранешниот член на Динамо Загреб и шпански репрезентативец Дани Олмо повторно е во фокусот на големите европски клубови и во јануари би можел да ја промени средината. Последните информации велат дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Олмо и на Ред Бул Лајпциг навистина ќе му треба чудо за да го задржи во своите редови. Во Манчестер Јунајтед имаат јасни намери и нема да бираат средства да ја доведат во своите редови некогашната надеж на Барселона. Се шпекулира дека Манчестер му нуди на Лајпциг 60 милиони евра и дека германскиот клуб веќе добил официјална понуда. Но, РБ Лајпциг мудро ја следи…

Read More

Лондонски Арсенал против Њукасл одугра без голови 0:0, а тоа значеше дека лидерот на табелата Арсенал не постигна гол за прв пат оваа сезона во Премиер лигата. Лондончани претходно постигнале барем еден гол на сите 16 првенствени натпревари. Во финишот на првото полувреме играчот на „топчиите“ Габриел Мартинели влезе во шеснаесетникот на гостите и биеше со глава – топката отиде на половина метар од пречката. Во вториот дел Бразилецот можеше и вторпат да постигне гол. Мартинели скокна по корнерот кој беше изведен и повторно биеше со глава, но топката помина покрај сдирекот. Арсенал е на врвот на табелата во Премиер…

Read More

Синоќа се одигра натпреварот од 19. коло во англиската Премиер лига помеѓу лондонски Арсенал и Њукасл. Натпреварот на стадионот „Емирати“заврши со резултат 0:0. За Њукасл ова беше 15-ти меч во серија, земајќи ги предвид сите натпреварувања, во кои избраниците на Еди Хау не загубија. Во овој период тие успеаа да победат на девет натпревари, а шест завршија нерешено (вклучувајќи ја и средбата со Арсенал). Ваква долга серија без пораз Њукасл немал од декември 1995 година. Во 20. коло од англискиот шампионат, Њукасл на домашен терен ќе го пречекаат Фулам. Натпреварот ќе се одигра на 15 јануари и тоа ќе биде…

Read More

Избраниците на тренерот Карло Анчелоти го победија Касерено (1:0) тим од четвртата лига во натпреварот од 1/16 финалето од Купот на Шпанија. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше бразилското крило Родриго. Така мадридскиот клуб ја прекина серијата од пет натпревари со примени голови во ова натпреварување. Реал Мадрид ја совлада Сарагоса со 4:0 во јануари 2020 година. Тогаш шпанскиот клуб за последен пат не прими гол во натпревар од Купот на Шпанија. Клубот од Мадрид е втор на табелата во Ла Лига со 38 бодови. Прва е Барселона, а Реал Мадрид следниот меч го играат на гости кај Виљареал…

Read More

Поранешниот напаѓач на Порто, Хулк го договорил личниот договор со Адана Демирспор, пренесуваат медиумите во Турција. 36-годишниот Бразилец ќе потпише договор по отворањето на преодниот рок во Турција на 12 јануари. Хулк минатата сезона играше за Атлетико Минеиро и постигна 29 гола на 46 натпревари. Неговиот договор со бразилскиот клуб истекува на крајот на 2024 година. Напаѓачот се прослави со Порто, каде играше од 2008 до 2012 година, а потоа имаше одлични настапи во Русија со Зенит, како и со кинескиот Шангај СИПГ.

Read More