Тренерот на Интер Антонио Конте беше задоволен од настапот на неговата екипа на мечот со Торино, пред се во второто полувреме кога направија пресврт. Со оваа победа Интер се најде на втората позиција, но титулата веројатно е далеку од Интер и ќе остане повторно во рацете на Јувентус. Сепак, нешто што привлече внимание во италијанските медиуми беше изјавата на Конте дека би можел да си замине, доколку Интер смета дека не е задоволен од неговата работа. „Во Интер дојдов со цел да реализираме тригодишен проект и да го вратам клубот каде што му е местото. Пристигнав со голем ентузијазам и…
Author: riste
Челзи сака да го привлече голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Словенецот е еден од најдобрите на неговата позиција во светот и од Атлетико Мадрид се обидоа да го врзат со долгорочен договор. Тој има важечки договор до 2023 година, а неговата откупна клаузула е 120 милиони евра. Челзи планира да плати помалку пари, но за возврат да го понуди Кепа Аризабалага. Поранешниот голман на Атлетик Билбао има разочарувачка сезона на „Стемфорд Бриџ“. Во еден момент го загуби стартното место и за серија важни натпревари Френк Лампард сметаше на ветеранот Вилфредо Кабајеро. Во моментов, Кепа повторно е првиот избор на…
Дефанзивецот на Реал Мадрид Серхио Рамос ја коментираше победата над Гранада со резултат 2:1 во натпревар од 36-то коло на Ла Лига. „Сè уште не сме освоиле ништо, иако желбата на тимот да ја освои титулата е очигледна. Сега сè зависи од нас, остануваат уште бодови што треба да се освојат. Нашата цел по продолжувањето на првенството е да победиме на секој натпревар, а ние ќе се обидеме да го сториме тоа. Даваме се од себе за да го освоиме првенството. Со резултат 2:0 во наша корист, направивме грешка и примивме гол. Наместо да постигнеме трет гол, се опуштивме. Ова…
Крилниот играч на Севиља Сусо ќе остане во екипата на Јулиен Лопатеги. До сега играше на „Рамон Санчез Писхуан“ со позајмица од Милан, но постои посебна клаузула во неговиот договор што го обврзува клубот од Андалузија да го купи доколку се квалификуваат во Лигата на шампиони. Овој услов е исполнет вчера, откако Виљареал загуби од Реал Сосиедад и нема шанси за 4-то место во Ла Лига. Според шпанските медиуми, Севиља ќе плати околу 24 милиони евра за Сусо. 26-годишниот играч пристигна во тимот во јануари и досега има одиграно 18 натпревари во кои постигна 1 гол и 2 асистенции. Сусо…
Челзи нема да може да го финализира трансферот на Каи Хаверц, доколку не успеат да се квалификуваат во Лигата на шампионите следната сезона. Играчот од средниот ред на Баер (Леверкузен) е една од главните цели на Френк Лампард, а се тврди дека лондончаните во принцип се договориле со неговиот агент за петгодишен договор и плата од 7 милиони фунти по сезона. Сепак, според „Билд“, Хаверц нема да потпише ништо сè додека не дознае дали Челзи ќе се најде во Топ 4 во Премиер лигата. До неодамна учеството во ЛШ чинеше скоро сигурно, но денес не изгледа така. Сините во моментов…
Нголо Канте останува неизвесен за настап на натпреварот на Челзи против Норвич, но може да биде подготвен за полуфиналниот натпревар во ФА Купот против Манчестер Јунајтед, објави менаџерот Франк Лампард. Играчот од средниот ред се уште се опоравува од истегнување на мускулот што го извади од игра во последните две средби на лондончани. Лампард на прес-конференција изјави дека Канте „има шанса“ да игра во текот на викендот. Андреас Кристенсен ќе се врати во Челзи, иако беше заменет во саботата против Шефилд Јунајтед. „Мораме да мислиме за Норвич со почит. Тие имаат квалитетни играчи и во моментот тие се како рането…
Ракометниот клуб Вардар денес и официјално го промовираше Патрик Валчак како нов играч во таборот на „црвено-црните“. Репрезентативецот на Полска кој игра на позицијата кружен напаѓач потпишал договор со нашиот и актуелен шампион на Европа на период од две години, а ќе го носи дресот со бројот седум. Поранешниот ракометар на Киелце доаѓа во Скопје од втората германска Бундеслига, каде настапуваше за Туш Либек. Од Вардар досега се промовирани Анте Гаџа, Јосип Векиќ, Гоце Георгиевски, Филип Талески и Марко Вујин, додека во наредните денови пред почетокот на подготовките треба да биде ставен потпис на договорот со средниот бек Ловро Јотиќ.
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е пред уште едно големо достигнување во неговата кариера, пишува весникот „АС“. Централниот дефанзивец на Реал Мадрид вечерва ќе се обиде да го постигне својот стоти клупски гол при гостувањето во Гранада. Дефанзивецот на Реал Мадрид има 96 голови постигнато како играч на Реал Мадрид и три гола за Севиља. Тој исто така има 21 погодок за шпанската репрезентација. Првиот гол на Серхио Рамос беше на 16 септември 2004 година, кога тој постигна гол за Севиља во натпревар против Португалскиот тим Насионал Мадеира. Потоа потпиша со Реал Мадрид. Од 99-те клупски голови, 19 се…
Новиот играч на Баерн (Минхен) Лерој Сане ја одржа својата прва тренинг сесија во базата на клубот. Пред неколку дена, германскиот репрезентативец беше купен од Манчестер Сити за 49 милиони евра плус бонуси. Денес тој тренирал заедно со Никлас Зуле, кој се опоравува од повредата, и со еден од фитнес тренерите. Другите играчи на шампионот на Германија се на одмор уште една недела. Сане сака да биде во форма откако испушти голем дел од сезоната поради сериозна повреда. Поради оваа причина, тој ќе продолжи да се подготвува и во наредните денови. Следен предизвик за Баерн се подготовките за учество во…
Денес беше одржана седница на УО на ФФМ и притоа беа донесени неколку одлуки: – Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која ги ослободува од плаќање котизација екипите од Втора МФЛ – Исток, Втора МФЛ – Запад и екипите од Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021. Ослободувањето од котизација за екипите од Втора МФЛ и Трета МФЛ, Управниот одбор на федерацијата ја донесе како една од суштинските мерки во соочувањето на фудбалските клубови во нашата држава со кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19; Фудбалската федерација на Македонија, минатата година, ги ослободи од плаќање котизација за учество во Прва МФЛ, екипите…
