Author: riste

Претседателот на Барселона, Хосеп Бартомеу зборуваше за преговорите со Интер за трансферот на напаѓачот Лаутаро Мартинез, а исто така изрази уверување дека главната ѕвезда на тимот Лионел Меси ќе остане во редовите на Каталонците. „Преговаравме со Интер за Лаутаро, но сега сè е во ќорсокак. Нашиот фокус е на Лигата на шампионите, што за многу кратко време. Што се однесува до Меси, тој повеќе од еднаш изјави дека сака да ја заврши кариерата во Барселона, па не се сомневам дека ќе го продолжи договорот. Имам исклучително близок однос со него, како и со другите лидери на тимот“, истакна Бартомеу во…

Read More

Адам Лалана, кој ќе го напушти Ливерпул како слободен агент откако ќе истече договорот со оваа екипа за неколку дена, својата кариера ќе ја продолжи во Брајтон. Популарните „Галеби“ му понудија три сезонски договор на 32-годишниот поранешен репрезентативец на Англија, кој има забележано вкупно 22 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања оваа сезона. Ова значи дека следната сезона Лалана ќе има шанса да се врати на „Енфилд“ кога неговиот нов тим ќе гостува во шампионатот. Ливерпул го привлече Лалана во јули 2014 година, кога му платија на Саутемптон 25 милиони фунти за него. Неговиот договор истече на крајот на јуни,…

Read More

Обидите на Микел Артета да го задржи играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос следната сезона може да се соочат со неочекувана пречка. Според „Дејли експрес“, репрезентативецот на Шпанија е интересен и за Манчестер Сити. „Граѓаните“ дури имаат предност затоа што се подготвени да направат постојан трансфер во Себаљос, додека засега „топџиите“ сакаат само да го продолжат неговиот престој со позајмица за уште една сезона. Зинедин Зидан веќе објави дека Себаљос не е дел од неговите планови, па 23-годишниот Шпанец летово ќе биде ставен на трансфер пазарот. Реал го проценува играчот од средниот ред на околу 25 милиони…

Read More

Германскиот шампион Баерн (Минхен) ги започна подготовките денес за претстојниот завршен дел од битката за трофејот во Лигата на шампионите, но Баварците не успеаја да го комплетираат дури својот прв тренинг во целост. Францускиот дефанзивец Бенжамин Павар заработи повреда на зглобот и доби медицински третман, по што беше изнесен од тренинг комплексот. Инаку, тренерот Ханзи Флик има 26 играчи на терен и четири голмани. Никлас Зуле и Филипе Кутињо се опоравија од повредите, а на тренингот се приклучи и Лерој Сане. Сепак, не му е дозволено да игра во ЛШ до крајот на тековната сезона од ова натпреварување. Фудбалерите на…

Read More

Реванш натпреварот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, закажан за 7 август, ќе се одигра во Англија и покрај карантинските мерки што ги воведоа британските власти, пренесува „Гардијан“. Средбата ќе се одржи во Манчестер на стадионот „Етихад“. Од вчера, во Велика Британија е на сила 14 дневен карантин за оние кои влегуваат во земјата од Шпанија, каде е забележано ново избувнување на коронавирусот. Поради ова одигрувањето на натпреварот Манчестер Сити – Реал Мадрид беше во опасност. Сепак властите во Велика Британија потврдија дека средбата Манчестер Сити – Реал Мадрид е предмет на исклучок…

Read More

ПСЖ објави официјална информација за повредата на Килијан Мбапе. 21-годишната sвезда има „сериозна повреда на десниот зглоб“, објави клубот. Тие појаснија дека играчот ќе биде прегледан повторно по 72 часа, кога ќе биде појасно колку долго ќе отсуствува од терените. Добрата вест е дека нема оштетување на лигаментите на зглобот. Вчера Мбапе го напушти теренот со солзи во очите за време на финалето на Купот на Франција против Сент Етијен. Тој доби непријатен удар по грубиот старт на Луи Перен во првото полувреме. Потоа се појави на патериците во близина на аут линијата, што предизвика сомневања за многу сериозна повреда.…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Лерој Сане на прес-конференција зборуваше за неговиот трансфер од Манчестер Сити, но ненамерно откри и нешто во врска со трансферот на неговиот сонародник Каи Хаверц од Баер Леверкузен во Челзи. „Мислам дека секогаш имало многу добри млади германски репрезентативци во Германија. Многу млади фудбалери добиваат шанса и добро се развиваат во Бундеслигата. Мислам дека Челзи направи добра работа, потпишувајќи со двајца Германци во една година, Каи Хаверц и Тимо Вернер“, изјави Сане. Претходно беше објавено дека трансферот на Каи Хаверц ќе го чини Челзи околу 80 милиони евра, а беше договорена со самиот играч плата од…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе се обиде да донесе плејмејкер во својот тим за време на летниот преоден рок. Играч од средниот ред кој ќе ја креира играта е меѓу неговите приоритети за нови играчи. „Погледнете ги играчите што ги имавме во минатото во овој клуб и нивните позиции. Ако се вратиме на Казорла, Росицки и Аршавин кога тие играа на таа позиција, па ќе дојдеме до Рамзи, па и Џек Вилшер играше во таа зона. Мора да го обновиме сето тоа. Тоа е типот на играчи кој што му требаат на тимот“, изјави Артета. Таков играч е Месут…

Read More

Манчестер Сити има намера сериозно да го засили својот состав за време на претстојниот летен трансфер период, пренесува „Sport.es“. Според истиот извор, раководство на англискиот клуб е подготвено да издвои околу 300 милиони фунти (скоро 330 милиони евра) за тренерот Пеп Гвардиола да може да купи квалитетни играчи. Граѓаните сметаат дека позициите на централниот дефанзивец, крилен и напаѓач од средниот ред се приоритет за засилување. Јасно е дека Манчестер Сити сака да стекне двајца играчи на десната и централната одбрандбена позиција. Манчестер Сити е на второто место на табелата пред последното коло на англиската Премиер лига и ова агодина останаа…

Read More

Екипата на Еурофарм Пелистер денес треба да го има првиот собир по долгата пауза поради прекинот на првенството кое беше предизвикано од пандмеијата со коронавирус. Тренерот Жељко Бабиќ ќе ги има на собир своите ракометари, на кого ќе им ја претстави програмата за подготовките, а од битолскиот клуб претпалднево излeгоа со еден новитет, го објавија новиот комплет на дресови со кои ќе се натпреваруваат во новата сезона. Она што ќе ги израдува навивачите од Битола е што од трите комплети еден е зелено-бел, па така големата желба на фановите на Пелистер е остварена. Исто така, од Еурофарм Пелистер најавуваат дека по…

Read More