Играчот од средниот ред на Барселона, Рафиња Алкантара, може да продолжи кариерата во италијанскиот шампионат, пренесува „Мундо Депортиво“. Според истиот извор, Интер е заинтересиран за услугите на 27-годишниот фудбалер. Миланскиот клуб е подготвен да им плати на Каталонците 16 милиони евра за Рафиња. Во сезоната 2019/2020 , Алкантара играше за Селта Виго на позајмица. Играчот од средниот ред учествуваше на 33 натпревари, постигна 4 гола и 2 асистенции. Да потсетиме дека Селта успеа да го задржи статусот во Ла Лига за следната сезона. Рафиња е дел од Фудбалската академија во Барселона. Играчот од средниот ред игра за првиот каталонски тим…
Author: riste
Поранешната ѕвезда на Барселона Чави Ернандез, актуелен тренер на катарскиот клуб Ал-Сад, е позитивен на коноравирус. „Резултатот од тестот за коронавирус беше позитивен. За среќа, јас сум во ред, но следејќи го протоколот, ќе бидам во изолација додека не се опоравам. Ќе се вратам на вообичаениот распоред и ќе работам со голема желба веднаш штом лекарите ми дозволат да го сторам тоа. Ве прегнувам сите и ќе се видеиме наскоро на фудбалските терени! “ – напиша Чави на својот профил на Инстаграм . Да потсетиме, Чави неодамна го продолжи договорот со катарскиот Ал-Сад, кој го води од 2019 година. Договорот…
Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, кој наскоро ќе стане слободен агент, ја одби понудата од американскиот тим Интер Мајами, чиј сосопственик е Дејвид Бекам, пренесува „Калчомеркато“. Уругвајскиот репрезентативец планира да остане во Европа и го разгледува предлогот на италијанската Рома. Во минатата сезона Кавани одигра 22 натпревари за ПСЖ, во кои постигна 7 голови и 3 асистенции. Претходно беше објавено дека напаѓачот може дури и да се пресели во Барселона, бидејќи Каталонците бараат нов напаѓач откако се откажаа од Лаутаро Мартинез од Интер.
Новиот член на германската фудбалска елита Штутгарт во текот на летото ќе тренира во австриското одморалиште Кицбил, објавија од клубот. Кампот ќе се одржи помеѓу 22 и 29 август, а првиот тренинг на тимот ќе биде на 3 август. Штутгарт најави дека поради пандемијата на коронавирусот, тренинзите ќе бидат затворени. Следната сезона во Бундеслигата ќе започне на 18 септември, една недела по првото коло од Купот на Германија. Сè уште неизвесно дали ќе има навивачи на трибините. Во редовите на оваа екипа имаме и еден наш фудбалер, Дарко Чурлинов кој ќе биде дел од Штутгарт и наредната сезона во Бундеслигата.
Манчестер Сити подготвува сериозна сума на финансии, со кои „граѓаните“ веднаш ќе се обидат да ја вратат титулата во Премиер лигата. По вчерашната пресуда на Арбитражниот суд за спорт, со која беше укината санкцијата изречена на клубот од страна на УЕФА, сите грижи на сопствениците на Манчестер Сити исчезнаа и повторно ќе се вратат големи пари на стадионот „Етихад“. Според „Дејли меил“, Манчестер Сити ќе им понуди нови договори на водечките играчи во изборот на Пеп Гвардиола, а ќе привлече и меѓу две и четири нови имиња. Истиот извор тврди дека меѓу желбите на менаџерот Гвардиола се двајца дефанзивци -…
Новиот голман во редовите на Вардар, Робин Кантегрел денес треба да пристигне во Скопје. Тој конечно доби можност да допатува во Македонија, бидејќи поради корона-кризата мораше да остане во Франција. Французинот веќе објави фотографија дека е на пат за Скопје и во текот на денот ќе пристигне во Скопје, а веќе се очекува да биде дел од првите тренинзи на Вардар кон крајот на неделата. Кантегрел минатата сезона беше одличен на голот на Сесон Рен и доби можност да го направи овој транфер во Вардар. Кантегрел заедно со искусниот репрезентативен голман Борко Ристовски, како и младиот перспективен Марко Кизиќ ќе ја…
Во натпреварот од 35-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Саутемптон одиграа нерешено со резултат 2:2. И покрај пропуштената шанса за победа на домашната екипа, овој меч е за одбележување во статистиката на екипата на Оле Гунар Солскхер, која нема поразен на 18 натпревари (11 од нив во Премиер лигата). Последен пат Манчестер Јунајтед загубил на 22 јануари, кога загуби на својот стадион од Барнли во првенството на Англија со резултат 0:2. Вакво нешто на „црвените ѓаволи“ им успеало во 2013 година, кога тимот го водеше Сер Алекс Фергусон. Во моментов, Манчестер Јунајтед со 59 бода го зазема…
Манчестер Јунајтед пропушти одлична можност да се искачи на третото место во Премиер лигата, откако одигра нерешено 2:2 против Саутемптон. „Црвените ѓаволи“ примија гол во последните секунди од натпреварот, а голот на Мајкл Обафеми им однесе два планирани бода. Менаџерот Оле Гунар Солскјер, беше разочаран, но не драматизираше непотребно. „Примаме гол во најнепопуларниот момент, но во фудбалот се случуваат вакви работи. Победувавме на овој начин многу пати. Тоа е дел од процесот на растење на тимот. Понекогаш мислите дека сте ја завршиле работата и се радувате. Но, очигледно не заслуживме да победиме денес. Саутемптон е добар тим кој не престанува…
Откако стана јасно дека Расел Вестбрук е заразен со коронавирус, се појави информација дека уште една друга голема ѕвезда е позитивна на Ковид 19 и тоа исто така од Хјустон Рокетс. Станува збор за Џејмс Харден. „Елит Медиа Груп“ објави дека Харден бил позитивен на тестот за коронавирус, повикувајќи се на неименувани извори. Сè уште не е јасно дали оваа информација е навистина точна, затоа што популарниот „брада“ не ја потврди, за разлика од Вестбрук, кој вчера на Твитер напиша дека е заразен со вирусот и не патувал со своите соиграчи во Орландо, каде се подготвуваат за рестартирањето на сезоната…
Необичен инцидент се случи на натпреварот од втората лига на Романија помеѓу Рапид и Петролул. Екипата на Рапид од 28-та минута играше со играч помалку, а во 65-та минута доби пенал. 19-годишниот голман Попа успеа да го одбрани ударот на пртивничкиот играч, но судијата не го призна тоа бидејќи голманот ја напуштил гол линијата предвреме. Голманот беше незадоволен од одлуката на судијата и доби жолт картон за неговите протести. Вториот удар од 11-метари го изведе друг играч на Петролул, но ситуацијата се повтори – Попа повторно го одбрани ударот на противничкиот играч , но исто така предвреме ја напушти гол…
