Author: riste

Португалскиот интернационалец во редовите на Манчестер Сити, Бернардо Силва ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. „Кој, ако не Гвардиола, може да ни помогне во играта против шпанскиот тим, особено против оној што толку добро го познава. Отсекогаш бил тренер кој знае како најдобро да игра против Реал Мадрид. Од повторното започнување на сезоната, Реал ги освои скоро сите нивни натпревари и како резултат станаа шампиони во Ла Лига. Ова само ќе ги поттикне, и тие ќе бидат целосно подготвени за дуелот против нас. Мора да бидеме во многу добра форма и да…

Read More

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ денес стана почесен граѓанин на градот. Синиша Михајловиќ ја доби титулата почесен граѓанин на Болоња не само за неговиот спортски успех, туку и за борбата против леукемијата, која беше дијагностицирана кај него пред една година. „Михајловиќ е пример за силна мотивација. Тој се врати во Болоња на почетокот на 2019 година кога тимот беше на дното на табелата. Пред една година, тој зборуваше за сериозна болест. Тој започна со третман, но не ги напушти тимот и навивачите. Тој го водеше тимот од далечина и се истакнуваше како личност повеќе отколку како спортист и тренер. Врската…

Read More

Раководството на Премиер лигата се согласи да го исполни барањето за одложување на натпреварите со цел да се даде подолга пауза на оние на англиските претставници на европските натпреварувња, кои ќе стигнат до последните натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа во август, пренесува „Sky Sports“. Идејата е секоја екипа да има загарантиран одмор пред почетокот на новата сезона, која започнува на 12 септември. Доколку Манчестер Сити или Челзи стигнат до финалето во Лигата на шампионите, кое е закажано за 23 август, ќе им биде дозволено да се приклучат во Премиер лигата на 22 септември. Полуфиналето е закажано…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе се опоравува од повредата на десниот зглоб околу три недели, соопшти клубот. Така, тој сигурно испадна од плановите на Томас Тухел за четвртфиналниот дуел против Аталанта во Лигата на шампионите, што ќе се одигра на 12 август во Лисабон. Мбапе се здоби со повреда за време на финалето во Купот на Франција против Сент Етијен, кој го доби неговиот тим со 1:0. Покрај важниот натпревар против италијанскиот тим, тој ќе го пропушти и финалето од Лига Купот против Олимпик Лион кое се игра на 31 јули.

Read More

Каталонскиот тим Барселона е заинтересиран за услугите на играчот на лондонскиот Арсенал, Матео Гуендузи. Од Барса веќе започна со преговори со „Топџиите“ за трансферот на 21-годишниот Французин, пренесуваат медиумите во Шпанија. Цената на Гуендузи, кој игра на позициите на централниот играч и одбранбен играч од средниот ред, е проценета на 40 милиони евра. Барселона му понуди на Арсенал да го размени Матео Гуендузи за Филипе Кутињо, но беше одбиено. Каталонскиот клуб сега ги вклучи Иван Ракитиќ и Артуро Видал во новата верзија на предлог договорот. Гуендузи му се приклучи на Арсенал од Лориент во летото 2018 година за 8 милиони…

Read More

Екипата на Челзи не се откажува од намерата да ја привлече младата sвезда на Баер (Леверкузен) Каи Хаверц. Според добро познатиот новинар Фабрицио Романо, двата клуба започнале официјални преговори за трансфер на 20-годишниот играч. Лондончаните ќе се обидат да го завршат договорот наскоро, и се подготвени да ја платат бараната сума од 80 милиони евра само доколку во нив се вклучени и бонусите. Тимовите продолжуваат да разговараат едни со други за да постигнат договор. Хаверц, кој пред неколку недели се договори со Челзи за лични услови, чека да се го сторат тоа и клубовите и тој да се пресели во…

Read More

Реал Мадрид денес спроведе масовен тест за коронавирус на своите играчи, тренери и вработени. Вкупно ќе бидат проверени околу 80 лица, од кои секој ќе биде посетен дома за да му биде земен примерок. Новиот шампион во Шпанија ги започнаа подготовките за плеј-офот во Лигата на шампионите утре, лекарскиот тим сака да се увери дека никој не е заразен за време на краткиот одмор. Реал го плаќа и го организира тестирањето затоа што веќе не е одговорност на шпанската лига. Ла Лига беше одговорна за ова по рестартирањето, но тоа веќе не го прави тоа затоа што сезоната официјално заврши.…

Read More

Рускиот фудбалски шампион Зенит веднаш најде замена за Бранислав Ивановиќ кој најави заминување од екипата. Од Зенит денес објавија дека се дговориле со Дејан Ловрен од Ливерпул кој ќе биде големо засилување во одбраната на екипата. Хрватот Дејан Ловрен мина шест сезони на „Енфилд“, а далеку најуспешни му беа последните две во кои ги освои трофеите во Лигата на шампионите и Премиер лигата. „Зенит и Ливерпул ги договорија условите за потпис на хрватскиот дефанзивец кој ќе прејде од редовите на англискиот во рускиот шампион. Договорот со Ловрен е постигнат на три години“, објавија од Зенит. Пред Ливерпул, Дејан Ловрен настапуваше уште…

Read More

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари би можел да стане највозрасниот тренер што ја освоил Серија А доколку неговата екипа успее да го крене пехарот во Серија А оваа сезона. Вечерва Јувентус ја пречекува Сампдорија во натпревар од 36-то коло на Серија А, а во случај на победа екипата предводена од Сари ќе ја освои својата 9-та последователна титула во Калчо лигата. Ова значи дека Маурицио Сари би освоил ѕитула во италијанскиот шампионат на 61 година и 6 месеци, што би било апсолутен рекорд за Серија А. Во текот на својата кариера, Сари има само еден голем трофеј, кога минатата сезона…

Read More

Францускиот возал со Јамаха Фабио Квартараро ја забележа и втората победа на стартот на новата сезона во Мото ГП шампионатот. Французинот со Јамаха дојде до првото место на пиедесталот, користејќи го отсуството на Марк Маркез на патеката во Херез. Младиот 21-годишен Француски возач зад себе го остави Маверик Вињалес, додека место на подиумот како трет имаше и за Валентино Роси. Тие двајца водеа голема борба во завршницата, но немаа можност да го стигнат Фабио Квартараро. Шампионот Маркез во последен момент вчера се откажа од настап на оваа трка, иако пристигна на патеката „Анхел Нието“ со скршеница на раката. Неколку дена…

Read More