Квалификациите за утрешната трка во Формула 1 за ГН на Австрија на патеката „Ред Бул Ринг“ поминаа по дождливо време и со многу проблеми за организаторот. Британецот Луис Хамилтон сепак беше најбрз на денешните квалификации и ќе ја има пол позицијата за втората трка од шампионат. Возачот на Мерцедес беше најбрз и зад себе ги остави Макс Верстапен од Ред Бул и Карлос Саинц со болидот на Мекларен. Хамилтон имаше време од 1.19,273 минути, додека Верстапен и Саинц беа послаби за повеќе од една секунда. Дождливото време беше предизвик за пилотите, најнапред беше откажан последниот тренинг, а презакажани квалификациите. Лоши…
Author: riste
Целиот тим на Парма беше ставен во изолација по позитивниот тест за коронавирус на еден вработен во клубот. „Неодамнешните тестови покажаа позитивен случај на член од клубот кој не е фудбалер. Вработениот нема симптоми и е во карантин според упатствата“, се вели во соопштението на Парма. Тимот останува во тренинг-базата во Колекио, каде играчите ќе бидат под целосна контрола и набљудувани додека се подготвуваат за регионалното дерби против Болоња.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја откри алтернативата на неговиот клуб доколку во следниот преоден рок не успее да го ангажира Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го привлечат Џејдон Санчо, но Борусија Дортмунд во неколку наврати кажа дека пандемијата на Ковид-19 и тешката финансиска состојба нема да ги натера да ја намалат бараната цена од околу 100 милиони фунти за нивната британска ѕвезда. Јунајтед исто така започна да бара алтернативи и се сврте кон Осман Дембеле од Барселона. Францускиот крилен играч дојде од Дортмунд во шпанскиот гигант, но никогаш не успеа да го открие…
Одбојкарската федерација на Македонија го одржа денес во Штип закажаното собрание, а притоа го има старо-новиот претседател Петар Јовановски, кој ја доби довербата од страна на присутните делегати. Јовановски на чело на федерацијата ќе остане во следните четири години, во кои ќе има задача да продолжи со работата каде што застана во последниот мандат и да создаде услови за нови успеси со репрезентацијата, но и на клупско ниво. За да го добие новиот мандат Петар Јовановски доби 17 гласа од присутните делегати (вкупно 21), додека неговиот противкандидат, поранешниот репрезентативец Јовица Симовски доби само четири гласа. Петар Јовановски на чело на…
Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали изјави дека не му пречи да ја заврши кариерата во клубот. Овој фудбалер го бара голем број европски гиганти, но додаде дека не размислува за заминување од Неапол. „Моето семејство се чувствува многу добро овде и тоа ме прави да се чувствувам среќен. Не сакам да бидам познат како„ Г-дин 100 милиони. Колку е мојата цена одлучуваат газдите. Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се појави утре. Никогаш не сум разговарал со клубот за заминување. Мора да најдеме решение и ќе го сториме тоа, но никогаш не сме разговарале за трансфер пазар. Ќе видиме…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази надеж дека „граѓаните “ ќе играат во Лигата на шампионите и следната сезона. Да потсетиме, на 8 јули, Спортскиот арбитражен суд (КАС) ја разгледуваше жалбата на Манчестер Сити против одлуката на УЕФА да го суспендира клубот да учествува во европски натпреварувања за кршење на правилата за финансиски фер-плеј. На 13 јули од страна на Спортскиот арбитражен суд ќе биде објавена одлуката по жалбата на Манчестер Сити. „Целта на Манчестер Сити во секоја сезона е да игра во Лигата на шампионите и да направи се што е можно. Не е она што ќе се…
Раководството на Јувентус ја разгледува опцијата да го купи напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре во следниот летен трансфер период, пренесува „Спорт Медиасет“. Според британските медиуми, Премиерлигашот го проценува 24-годишниот фудбалер на 80 милиони евра. Ливерпул исто така е заинтересиран за услугите на овој фудбалер, што според гласините е нивна главна трансферна цел ова лето. Траоре потекнува од школата на Барселона. Фудбалерот настапуваше за оваа екипа како младинец до 2015 година, по што се пресели во Астон Вила. Една сезона подоцна, Адама Траоре стана играч на Мидлсборо. Шпанецот игра за Вулверхемптон од 2018 година. Во досегашната сезона, Траоре постигна 6 голови…
Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, нема да може да биде дел од реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Веста ја потврди денес менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. Аргентинецот претрпе повреда на менискусот за време на победата од 5:0 над Барнли минатиот месец, по што беше подложен на операција. Се претпоставуваше дека може да се опорави до мечот со Реал Мадрид, но Гвардиола ја отфрли оваа можност. На прашањето дали имало таква шанса, шпанскиот тренер: „Многу пати ви кажав, Не !“. Играме со Реал Мадрид. Доколку мислиме на следниот противник, а не на реал, тие…
Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, го коментираше неговиот успех, поставен на гостувањето од 34. коло од англиската Премиер лига со Астон Вила (3-0). Шпанецот стана шампион по бројот на натпревари одиграни за „црвените ѓаволи“ како странски играч (399), надминувајќи ја бројката на легендарниот голман на клубот Питер Шмајхел (398). „Му се извинувам на Шмајхел. Ова е одлично, тоа значи дека играм овде долго време и го правам тоа многу добро. Многу сум горд. Драго ми е што поминав толку многу натпревари во овој клуб. Се надевам дека ќе учествувам на уште 400 средби за Јунајтед ! Многу сум…
Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело заработи повреда во левата нога, објави клубот по лекарските прегледи. Според мадридските медиуми, тој сигурно ќе ги пропушти последните четири натпревари на тимот во финишиот од сезоната Ла Лига, бидејќи ќе му бидат потребни меѓу две и три недели за санирање на повредата. Сепак, дефанзивецот треба да му биде на располагање на Зинедин Зидан за реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите на 7 август. Ова е четврта повреда за Бразилецот оваа сезона, и сите беа поврзани со мускулите. Досега во текот на сезоната тој има одиграно 23 натпревари со два гола и…
