Author: riste

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне очекува тежок, па дури и неизвесе дуел со РБ Лајпциг во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Како и секогаш, во четвртфиналето играат големи екипи. Лајпциг има одлична сезона, цело време се бори за првите места во Германија. Тие демонстрираат голема напаѓачка моќ и брзина“, рече популарниот Чоло за клупскиот канал. „Секако шансите се 50-50. Ќе се обидеме да се подготвиме на најдобар можен начин“, рече аргентинскиот тренер на клупата на Атлетико Мадрид. Пред преќинот на сезоната во Лигата на шампионните екипата на Атлетико Мадрид во осминафиналето го елиминираше актуелниот шампион Ливерпул.

Read More

Новата сезона во Бундеслигата ќе започне во петок, 18 септември. Ова го соопшти Германската фудбалска асоцијација. Традиционално, сезоната во Германија ќе биде отворена со натпреварите од првото коло во националниот куп. Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат помеѓу 11 и 14 септември. Сезоната во Бундеслигата обично започнува кон средината на август, но тоа нема да биде можно годинава, бидејќи тогаш ќе се играат европски клупски натпреварувања. Поради оваа причина, федерацијата предвидува и некои измени со цел исполнување на роковите за крајот на сезоната 2020/21. Тие ја најавија дека зимската пауза ќе биде многу пократка, со натпревари од првенството закажани…

Read More

УЕФА ги објави точните датуми на кои ќе се одиграат преостанатите осминафинални натпревари од Лигата на шампионите. На 7 август (петок) ќе се одиграат два натпревари во 21 часот. Тоа се Јувентус – Олимпик Лион (0:1 по првиот натпревар) и Манчестер Сити – Реал Мадрид (2:1 по првиот меч). Следниот ден, 8 август (сабота), ќе се одиграат уште два натпревари на турнирот, повторно во исто време. Барселона – Наполи (1:1 по првиот меч) и Баерн (Минхен) – Челзи (3:0 по првиот натпревар). Сите натпревари ќе се одриграат на стадионите на екипите домаќини. Четвртфиналето ќе биде помеѓу 12 и 15 август,…

Read More

Пред неколку дена беше јасно дека ВМФЛ – Запад ќе се пополни со тоа што една од тритте екипи ќе оди во ВМФЛ по пат на ждребка откако претходно дојде информација дека 13 играчи на екипите учесници се позитивни на коронавирус. За ВМФЛ – Исток беше оставено простор да се тестираат играчите на Росоман и Слога Виница, а потоа да се одигра бараж натпреварот, но последните информации кои ги добивме од ФФМ велат дека еден фудбалер на ФК Росоман е позитивен, а во анкетниот лист посочил дека имал контакт со уште неколку фудблери, па затоа целата екипа на ФК Росоман…

Read More

Клубовите во Шпанија се во опасност да загубат солидни финансиски средства поради ограничените рекламни активности на букмејкерите во земјата, тврди „Ел Паис“. Во Шпанија се подготвува закон според кој логоата на обложувалниците веќе нема да можат да бидат на дресовите на тимовите. Ова значи дека директно ќе страдаат Валенсија, Алавес, Легањес, Гранада, Мајорка, Севиља, Осасуна и Леванте. Покрај тоа, стадионите нема да можат да ги носат имињата на букмејкерите. Отсега, компаниите за кои станува збор ќе можат да се рекламираат во Шпанија само во текот на ноќта – од 01:00 до 05:00 часот. Измените во законот се очекува да стапат…

Read More

Македонската репрезентативка и членка на екипата на романска Глорија Бузау, Елена Ливриниќ, добила позитивни резултати на коронавирусот, информираат медиумите во Романија. 25-годишната ракометарка е единствена од својата екипа која била позитивна на тестовите направени оваа недела.  Ливриниќ дојде во екипата на Глорија Бузау оваа година, откако одлучи да се пресели од редовите на Рапид Букурешт. Претходно настапуваше за ЦСУ Данубиус, а својата кариера ја започна во Металург. Да се надеваме дека Елена Ливриниќ без проблем ќе ја надмине оваа состојба и ќе нема никакви компликации.

Read More

Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец Елиф Елмас нема да ја менува средината во следните неколку години. Елмас одлично се снајде во Наполи, а со неговите настапи го натера раководството на клубот да размислува на него како иднина на клубот. Вчера медиумите во Италија објавија дека Елмас ќе добие понуда за нов договор, а денес таа информација била потврдена и од спортскиот директор, Кристијано Џунтоли. Тој за италијанските медиуми изјави дека клубот почнува да работи на продолжување на договорите со неколку фудбалери, на листа се најде и Елиф Елмас, на кого му е понудена нова соработка, до 2025 година. „Во овој…

Read More

Предводникот на Еспањол , Франциско Руфете им се извини на навивачите за испаѓањето на екипата од Ла Лига и преселбата во втората лига на Шпанија. Ова стана јасно, откако Еспањол загуби од Барселона со резултат 0:1 во натпреварот од 35. коло, што се случи синоќа на „Камп Ноу“. „Еспањол има многу навивачи, а тие го заслужуваат само најдоброто, затоа што со години се борат заедно со тимот. Се обидовме да дадеме се од себе. Горд сум што сум тренер на Еспањол. Во иднина, ние мора да играме како на овој натпревар со Барселона. Ќе биде тешко за нас, но денешната…

Read More

Според Ван Перси, Меси и Роналдо не се фаворити за „Златната топка“ Холандскиот напаѓач Робин ван Перси , познат по настапите за англиските Манчестер Јунајтед и Арсенал, на Твитер даде свои очекувања околу борбата за „Златната топка“ во 2020 година. Според него, наградата ќе ја добие напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин е втор фаворит, додека фудбалерот на Ливерпул Садио Мане го затвора списокот на тројцата кандидати. Интересно е тоа што 36-годишниот екс-напаѓач не го вклучи Кристијано Роналдо, 5кратен добитник на Златната топка и Лионел Меси, 6 -годишен освојувач на…

Read More

Тимот на Манчестер Сити веќе долго време е познат по тоа што има еден од најдобрите напади во Англија. Граѓаните тоа го докажаа и оваа сезона, со што станаа првиот тим во историјата на Премиерлигата со пет играчи кои постигнаа најмалку десет гола во една сезона. Ова се најдобриот стрелец на Манчестер Сити Серхио Агуеро (16 погодоци) Рахим Стирлинг (13) Кевин де Бруин (11) Габриел Жесус (11) Ријад Марез (10) Ријад Марез стигна до оваа бројка со својот гол против Њукас одигран вчера. Евертон го имаше своето последно вакво достигнување во англиската елита во сезоната 1984/85.

Read More