Author: riste

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе останува главна трансфер цел на Реал Мадрид. ПСЖ најверојатно нема да се согласи да ја продаде главната sвезда на клубот, па од Реал Мадрид имаат друг план, според кој 21-годишен играч ќе им се придружи како слободен агент, пренесуваат медиумите во Шпанија. Реал Мадрид е подготвен да му плати на Мбапе 100 милиони евра како бонус за неговиот настап, доколку се согласи да се пресели во клубот летото 2022 година, кога му истекува неговиот тековен договор со сегашниот шампион на француската Лига 1. Трансферната вредност на Килијан Мбапе се проценува на 180 милиони евра. Во…

Read More

Арсенал сака да го задржи Дани Себаљос во своите редови, потврди менаџерот на клубот Микел Артета. Играчот од средниот ред е позајмен од Реал Мадрид и ќе мора да се врати во Шпанија на крајот на сезоната. „Да, преговараме со Реал“, рече Артета и додаде: „Ќе видиме што ќе се  случува. Јас сум многу задоволен од развојот на Дани. Тој стана многу важен играч за нас. Мора да бидеме подготвени за различни опции“, изјави менаџерот на Арсенал. Тренерот не прецизираше дали станува збор за нова позајмица, откуп или траен договор со промената на играчи. Реал има над 30 играчи и…

Read More

Како што стојата работите, Милан во најскоро време ќе добие нов тренер. Спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник, ја прифатил понудата да го предводи Милан од следната сезона. Германецот добива целосна контрола на „Сан Сиро“, а тоа значи дека ќе биде одговорен за тимот, трансферите и развојот на академијата, што значи дека легендата на Милан, Паоло Малдини ќе има друга улога во клубот или ќе си замине. Рангник ќе го замени Стефано Пиоли, кој пак не успеа да ја сочува работата иако Милан може да обезбеди настап во Лига Европа откако влегоа во добра форма по продолжувањето на сезоната и…

Read More

Напаѓачот на лондонскиот Арсенал, Александар Лаказет може да го смени клубот во следниот летен трансфер период. Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид покажуваат интерес за Французинот, пренесува „Л‘Екип“. Лаказет игра за Арсенал уште од 2017 година. Договорот на 29-годишниот фудбалер со „Топџиите“ е соважност до крајот на сезоната 2021/22. Трансферната вредност на Александар Лаказет се проценува на 48 милиони евра. Во тековната сезона, Лаказет постигна 10 гола и 4 асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања за својот клуб. Арсенал е на седмото место на англиската Премиер лига. Денес, лондонскиот тим ќе го одигра натпреварот од 34. коло против Лестер Сити…

Read More

Барселона продолжува да преговара со Интер за трансферот на напаѓачот Лаутаро Мартинез, објави новинарот Николо Скира на Твитер . Италијанскиот клуб има намера да заработи со продажба на напаѓачот 90 милиони евра. Исто така, клубот од Милано планира во рамките на овој трансфер до донесе еден играч од редовите на Барселона. Според истиот извор, Барселона веќе постигнала договор со Мартинез. Договорот ќе биде дизајниран за пет години, додека платата ќе биде 12 милиони евра годишно. Исто така се тврди дека Барселона има намера да го заврши договорот до крајот на овој преоден рок. Оваа сезона, Лаутаро Мартинез во Серија А…

Read More

Катерина Монзул ќе биде првата дама што ќе суди во финалето на Купот на Украина, објавија од Фудбалската федерација на Украина. Натпреварот ќе се одигра утре, а ќе се сретнат Динамо (Киев) и Ворскла (Полтава). Монзул која има 39 години е исто така првата дама во историјата што судеше на натпревар од локалното првенство. Таа своето деби го направи во 2016 година во натпревар меѓу Черноморец (Одеса) и Волин (Лутск), откако претходно беше дел од финалето на Светски куп помеѓу САД и Јапонија. Монзул нема е првата жена која била на теренот на еден финален натпрева, но е првата која…

Read More

Поранешниот тренер на Милан (2010-2014) и Јувентус (2014-2019) Масимилијано Алегри откри дека можел да го предводи Реал Мадрид, но исто така откри нешто повеќе и за неговите планови за во иднина. „Пред две години имаше разговор со раководството на Реал Мадрид, но ништо не дојде од тоа, затоа што имав договор со Јувентус. Покрај тоа, чувствував дека сум морално должен кон клубот и навивачите“, изјави Алегри за весникот „Марка“. Главните успеси на Алегри се поврзани со Јувентус, со кого пет пати стана шампион на Италија, го освои Купот четири пати и два пати италијанскиот Супер куп. Со Милан, Масимилијано Алегри…

Read More

Лорен Блан е фаворит за тренерското место во Валенсија. 54-годишниот тренер има подобра шанса од Марко Силва и Кике Санчез Флорес да ја водат екипата на Валенсија“. Весникот Л‘Екип“ посочува дека Блан добро зборува шпански и ова е една од причините поради кое раководството на Валенсија гледа во него вистинската личност да го преземе тимот. На крајот на јуни, од „Местаља“ решија да го отпуштат Алберт Селадес. Поранешниот играч од средниот ред беше назначен во септември 2019 година, наследувајќи го Марселињо. Селадес ја остави Валенсија на 9-то место на табелата во Ла Лига со 47 поени од 34 одиграни натпревари.…

Read More

Напаѓачот на Вердер Бремен, Клаудио Пизаро ја заврши својата професионална кариера на возраст од 41 година. На 6 јули, Вердер Бремен си обезбеди опстанок во Бундеслигата, откако беше подобар од Хајденхајм во два натпревари (0:0 на домашен терен, 2:2 на гостински). Пизаро порано изјави дека сезоната 2019/20 ќе биде последна во неговата професионална кариера. Пизаро играше за екипи како Вердер Бремен, Баерн Минхен, Челзи, Келн и други клубови. Како дел од Баерн, Перуанецот беше шампион на Германија (2003, 2005, 2006, 2013, 2014, 2015), победник на Купот на Германија (2003, 2005, 2006, 2013, 2014 година) и победник во Лигата на шампиони…

Read More

Играчот од средниот ред на Фиорентина Френк Рибери бил жртва на крадци, пренесува „Ла Република“. Според овој извор, неидентификувани лица провалиле во куќата на 37-годишниот француски фудбалер кога тој не бил дома. Висината на штетата не е наведен. Самиот Рибери сфатил дека неговиот дом е ограбен кога се вратиl по натпреварот со Парма во 30-то коло од италијанската Серија А (2:1). Рибери се пресели во Фиорентина минатото лето по 12 години поминати во Баерн Минхен. За време на неговата кариера, Френк Рибери ги бранеше боите на Олимпик Марсеј, Галатасарај, Мец и неколку други француски клубови. Оваа сезона, играчот од средниот…

Read More