Author: riste

Германската фудбалска лига работи со Министерството за здравство за да им овозможи на навивачите да се вратат на стадионите од почетокот на следната сезона, изјави првиот човек на Лигата, Кристијан Зајферт. Зајферт изјави дека „воспоставувањето нормално дејствување ќе биде следниот голем предизвик“, откако сезоната 2019/20 заврши со строг здравствен протокол и нема навивачи на стадионите заради кризата со коронавирусот. Масовните собири остануваат забранети во Германија до 31 октомври. Зајферт рече дека се прават напори да се вратат навивачите кога ќе започне следната сезона во средината на септември. „Ние работиме во тие насоки. Постојат први идеи што ги разменуваме со Министерството…

Read More

Џорџо Киелини и Алекс Сандро се вратија на тренинг во својата екипа. Малку е веројатно дека тие ќе бидат во составот на екипата за натпреварот против Милан во вторник. Маурицио Сари нема да може да смета на Матијас Де Лихт и Пауло Дибала за дербито во Милано, бидејќи и двајцата се казнети. Така, опциите за центарот во одбрана на тренерот се доста ограничени и тој се надева дека Киелини е во доволно добра состојба да биде вклучен во групата на играчи за овој натпревар. Гонзало Игуаин се очекува да игра на местото на Дибала. Повредени се Матијас Де Шиљо, Сами…

Read More

Реал Мадрид ќе го продаде играчот од средниот ред Хамес Родригез во наредните два месеци по пониска цена, пренесува „Марка“. Самиот фудбалер има намера да ја продолжи кариерата во друг клуб. Договорот на Колумбиецот истекува за една година, па раководството на Реал Мадрид ќе направи отстапки во преговорите со потенцијалните купувачи. Атлетико Мадрид беше подготвено да го купи Хамес Родригез за 50 милиони евра минатото лето, но Реал ја одби понудата. Сега шпанскиот гигант може да смета на сума од околу 25 милиони. Оваа сезона, Родригез има 14 одиграни натпревари за Реал, во кои постигна само еден гол.

Read More

Тимот на Аталанта продолжува да руши рекорди оваа сезона. Синоќа, екипата од Бергамо ја забележаа својата седма последователна победа во Серија А, што се случува за прв пат во историјата на клубот. Нивната серија започна со победа од 2:1 како гостин кај Фиорентина на 8 февруари, по што забележаа уште две победи пред паузата поради пандемијата на коронавирусот. По продолжувањето на сезоната, Аталанта победи уште противи четири ривали во Калчо лигата, од кои последен беше Наполи синоќа. Со двата успеси над Валенсија во ЛШ, нивните последователни победи во сите натпреварувања станаа девет, а нивните натпревари без пораз – единаесет. Тимот…

Read More

Ривалството меѓу Ливерпул и Манчестер Сити во текот на изминатите три години нуди исклучително емотивни моменти за љубителите на англискиот фудбал. Без разлика што се случува на теренот, сепак, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп постојано даваат пример за големо меѓусебно почитување, кое им го пренесуваат и на своите фудбалери. Вчера „граѓаните“ го одржаа своето ветување, а со тоа и традицијата на англискиот фудбал, пречекувајќи ги гостите од Ливерпул со шампионски шпалир. Единствениот играч кој направи исклучок и не им аплаудираше на новите шампиони беше Бернардо Силва. Португалецот, кој не беше дел од стартната постава на Манчестер Сити, а влезе во…

Read More

Претседателот на управниот одборот на Баерн (Минхен) Карл-Хајнц Румениге изјави дека целта на неговата екипа е да ги привлечат најдобрите германски играчи. Шампионот на Бундеслигата го финализираше вчера трансферот на репрезентативецот Лерој Сане од Манчестер Сити за 50 милиони евра. „Задоволни сме затоа што во последните години Сане во повеќе наврати ги докажуваше своите квалитети на теренот, особено со репрезентацијата. Нашата цел е да ги собереме најдобрите германски фудбалери во Баерн, а привлекувањето на Лерој Сане го потврдува нашето движење на по тој пат “, рече Румениге.

Read More

Информациите кои доаѓаат од Париз велат дека Роланд Гарос сепак ќе се игра со публика. Продажбата на билетите за Ролан Гарос 2020 ќе биде отворена на 16 јули, соопшти прес-службата на турнирот преку Твитер . „Француската тениска федерација (FFT) ќе продолжи да се прилагодува на ситуацијата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Подготвен е протокол за да се заштити публиката за време на овој историски момент на Ролан Гарос“, се вели во информацијата. Отвореното првенство на Франција е закажано од 27 септември до 11 октомври. Првично, турнирот требаше да се одржи од 25 мај до 7 јуни. Поради пандемијата на коронавирус,…

Read More

Интер ги започна разговорите со Челзи за дефанзивецот Емерсон Палмиери. Бразилецот со италијански пасош сака да се врати во Серија А, а тренерот Антонио Конте инсистираше кај управата на клубот да го привлече овој играч, информираше „Скај Спорт Италија“. Поранешниот лев бек на Рома и Конте работеа заедно на „Стемфорд Бриџ“ за време на престојот на тренерот на Интер во Челзи. Тој беше привлечен во јануари 2018 година за 20 милиони евра. Во овој период, Емерсон одигра само 53 натпревари за „сините“, не успеа да го смени Маркос Алонсо од почетниот состав на Челзи.

Read More

Играчот од средниот ред на Баерн (Минхен) Тиаго Алкантара се доближува до трансфер во Ливерпул. Според „Sport.es“, 29-годишниот шпански репрезентативец веќе ги договорил личните услови со Ливерпул и му соопштил на германскиот клуб дека сака да се пресели во екипата на Јирген Клоп. Договорот на Алкантара со Баварците е до летото 2021 година. Тој веќе одби да го потпише новиот договор што му беше предложен. Останува двата клуба да се договорат за финансиските услови. Баерн бара 35 милиони евра за Алкантара, но Ливерпул дефинитивно нема да се согласи да ја плати целата сума. Од „Енфилд“ ќе се обидат да ја…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го коментираше поразот од 0:4 што Манчестер Сити му го нанесе на тимот во натпреварот од 32-то коло од Премиер лигата. Германецот ги истакна квалитетите на противникот и порача дека во целиот свет само Манчестер Сити може да го победи неговиот тим на овој начин. „Имаше многу клучни моменти во играта и Манчестер Сити ги искористи, а ние не. Играта беше отворена, но играчите на Сити размислуваа побрзо, додека немавме подвижност во играта. Тешко е да се игра против Манчестер Сити кога ќе нападнат. Од друга страна, не е лесно да се стане шампион кога…

Read More