Според „Газета дело Спорт“ и „Кориере дела Сера“ во Милан биле толку импресионирани од настапот на напаѓачот Анте Ребиќ што сега се подготвени да го привлечат со постојан договор. Минатото лето, Хрватот пристигна кај „росонерите“ на позајмица од две години од Ајнтрахт (Франкфурт), при што во спротивна насока замина Андре Силва. Првично, Ребиќ имаше потешкотии и не беше во почетните единаесет на Милан, но успеа да се избори за место во стартниот состав и да постигне 9 гола на 21 натпревар. Се проценува дека понуда од 25-30 милиони евра би била доволна за да го задржа хрватскиот напаѓач. Единствениот проблем…
Author: riste
Интер продолжува да работи на трансфер пазарот во пресрет на следната сезона. Во текот навчерашниот ден, дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими пристигна во Милано каде ги направи лекарски преглед, а потоа беше објавено дека Мароканецот потпиша договор со клубот. Според одредени информациии, Интер сега ќе го сврти вниманието кон играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали . Извршниот директор на Интер , Џузепе Марота веќе се договорил со агентот на играчот за условите на петгодишниот договор, според кој 20-годишниот италијанец ќе добие 2,5 милиони евра годишно, плус одредени бонуси. Од Интер во моментов се во напредни преговори со…
Баерн на својата официјална веб-страница го објави новото засилување со дефанзивецот Танги Куаси од ПСЖ. 18-годишен француски фудбалер се приклучи на таборот на Баерн Минхен како слободен агент. Потпишаниот договор со Танги е со важност до летото 2024 година. „Многу сум задоволен што можам да играм за Баерн. Ова е голем клуб со богата традиција. Се надевам дека ќе можам да се наметнам и да одиграм многу натпревари. Ќе работам напорно за тоа“, рече Куаси. Куаси е дел од фудбалската школа на ПСЖ, а во првиот тим играше од минатата година. Оваа сезона дефанзивецот учествуваше на 6 натпревари од Француската…
Освојувањето на титулата во Англија и онаа во Лигата на шампионите пред една година во никој случај не го тера Мохамед Салах да размислува за заминување од Ливерпул и евентуално да се докажува во друг клуб. Пред извесно време, напаѓачот беше поврзуван со Реал Мадрид, но сега тој објави дека не размислува за трансфер. „Не можам да го опишам чувството на освојување на титулата по 30 години чекање“, изјави Салах. „Многу сум среќен. Уживам во сè во Ливерпул, го сакам ова место и се надевам дека ќе останам овде долго. Тука е многу различно од другите места. Сите во тимот…
Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане, би можел оваа недела да стане играч на Баерн Минхен, пишува весникот „Билд“. Висината за трансфер се очекува да биде меѓу 45 и 50 милиони евра. Преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза, бидејќи играчот одби да го обнови својот договор со „граѓаните“. Сане долго време ги договара своите лични услови со Баварците, кои му даваат договор на пет сезони и дресот со број 10 на грбот. 24-годишниот Лерој Сане минатото лето требаше да дојде во Баерн, тогаш клубот од Минхен беше подготвен да го сруши рекордот и да плати повеќе од…
Навивачите на Рома добија добра вести од раководството на клубот, кое се пофалија дека постигнале договор со Арсенал за продолжување на позајмицата на Хенрих Мхитарјан. Ерменецот ќе остане на „Олимпико“ не само до крајот на сезоната, туку и во текот на следната сезона. „Презадоволен сум. Има работи што сè уште не сум ги постигнал овде. Драго ми е што мојот престој ќе продолжи“, изјави ерменскиот играч од средниот ред на официјалната веб-страница на Рома. Мхитарјан беше привлечен минатото лето и имаше добар настап во составот на Пауло Фонсека. Од почетокот на сезоната тој има 6 гола и 3 асистенции во…
Погледите на љубителите на ракометот во нашата земја и секако навивачите на Вардар денес ќе бидат свртени кон Виена каде вечерва од 18 часот ќе биде ждрепката пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. Веќе се познати учесниците во машкото елитно натпреварување, кое од септември ќе се игра по друг формат. Две групи во кои ќе има по осум екипи ќе играат двокружно, а пред ждрепката 16 тима се поделени во четири шешири за разлика од лани кога беа во осум. Од сите шешири по два тима ќе бидат во групата А, а другите два одат во групата…
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги коментираше информациите за ново појавување на инфекција со коронавирусот во Португалија. Неколку градови северно од Лисабон, градот каде планираат да се игра завршниот дел од сезоната во Лигата на шампионите, ќе бидат ставени во карантин заради КОВИД-19. Исто така, масовните настани ќе бидат забранети таму. „Би сакал да му се заблагодарам на премиерот на Португалија, Антонио Коста, за неговата посветеност на овој проект и работата што ја прави заедно со Португалската фудбалска федерација за да се обезбеди дека Португалија ќе има успешен турнир. Сигурен сум дека со постојана соработка помеѓу сите заинтересирани страни, позитивно…
Јувентус направи интересна размена со Манчестер Сити. Јувентус го привлече Феликс Кореја за 10,5 милиони евра, а фудбалерот потпиша 5-годишен договор со оваа екипа. Пабло Морено замина во спротивна насока. Тинејџерот на Барселона ќе ги чини „граѓаните“ 10 милиони евра. Во Торино, тие се секако задоволни од договорот, затоа што во 2018 година Морено беше ангажиран како слободен агент. Во исто време, Јувентус и официјално го продаде напаѓачот Стефи Мавидиди на Монпеље. Договорот ќе донесе 3,6 милиони евра во касата на „Бјанконерите“. Мавидиди минатата сезона ја мина на позајмица кај Дижон, постигнувајќи 5 гола на 24 натпревари. Клубот сакаше да…
Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне многу ретко дава лични проценки за настапот на своите играчи, но по вчерашниот натпревар против Барселона го пофали Јаник Фереира-Караско. Белгиецот ги заработи двата пенали, од кои Саул ги постигна головите за Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“. „Караско направи одлична работа. Тешко му беше после враќањето од Кина, но денес тој одлично се снајде. Јаник имаше клучна улога во натпреварот. Тој направи некои добри работи против Атлетик Билбао, но денес тој беше на високо ниво од првата до последната минута”, рече Симеоне. „Среќни сме, но целта ни беше да победиме. Игравме добро и мора…
