Author: riste

Нерешениот резултат против Атлетико Мадрид (2:2) дополнително ја оддалечи Барселона од титулата и тренерот на тимот Кике Сетиен не криеше дека задачата за неговата екипа станала уште покомплицирана. Сепак, тој беше задоволен од играта на дуелот со Атлетико Мадрид. „Штета е што не победивме бидејќи сега потешко да се надеваме дека ќе станеме шампиони. Губењето поени ги намали нашите шанси за првото место, но мора да продолжиме да работиме. Атлетико е добар тим, со одлични играчи. Тие се многу стабилна екипа, не оставаат слободен простор за игра. Јас сум целосно задоволен од нашата игра. Ние ја контролиравме топката подолго период…

Read More

Африканската фудбалска конфедерација го потврди презакажувањето на Африканскиот куп на нации – 2021 до 2022 година, според официјалната веб-страница на организацијата. Одлуката за одложување на турнирот е донесена на состанокот на Извршниот комитет на Африканската конфедерација за фудбал, поради пандемијата на коронавирусот. Африканскиот куп на нации ќе се одржи во јануари 2022 година. Турнирот првично беше презакажан од јули 2021 година, поради летната сезона на дождови во Камерун. Актуелен победник на Африканскиот куп на нации е репрезентацијата на Алжир, која во финалето на турнирот во 2019 година ја совлада репрезентацијата на Сенегал со резултат 1:0.

Read More

Раководството на италијанскиот клуб Ливорно одлучи да не се обноват договорите, кои истекуваат денес, 30 јуни, со 18 играчи од првиот тим, јавува „Газета дело Спорт“. Според изворот, оваа одлука е донесена по поразот на Ливорно на домашен терен од 31. коло во Серија Б со Венеција (0:2), што се случи пред еден ден. Доколку договорите со играчите не се обноват, во преостанатите седум натпревари од сезоната 2019/2020, тимот ќе има само 8 играчи со кои се склучени долгорочни договори. Голема е веројатноста, фудбалскиот тим У19 да игра на преостанатите натпревари за главниот тим на Ливорно. Ливорно постигна 21 поен…

Read More

Ашраф Хакими, мароканскиот дефанзивец на Реал Мадрид, потпиша договор со Интер, објави новинарот Џанлука Ди Марцио на својот твитер профил. Фудбалерот склучи договор со италијанскиот клуб до летото 2025 година. Претходно беше објавено дека износот на трансферот на Мароканецот во Интер ќе изнесува 40 милиони евра. Оваа сезона, 21-годишниот Хакими играше со позајмица во Борусија Дортмунд. Одигра 33 натпревари во германското првенство (29 во првиот тим), во кои постигна пет гола, даде 10 асистенции, а исто така доби и пет жолти картони. Хакими е повикан во мароканскиот национален тим уште од 2016 година. Како дел од мароканската репрезентација, тој одигра…

Read More

Трансферот на Џејдон Санчо од Борусија (Дортмунд) во Манчестер Јунајтед се чини дека е далеку од реализација. Причината за тоа е што клубот од „Олд Трафорд“ нема намера да плати повеќе од 50 милиони фунти за англискиот талент ова лето. Барем така тврди „Скај Спортс“, повикувајќи се на зборовите на „високи функционери на клубот“. Борусија Дортмунд сака двојно повеќе за една од нејзините најголеми sвезди во своите редови. Вчера, извршниот директор на „жолто-црнците“ Ханс-Јоаким Вацке изрази уверување дека Санчо ќе остане, бидејќи никој во моментов не е подготвен да ја плати бараната сума за него. Сепак, клубот веќе објави дека…

Read More

Напаѓачот Тимо Вернер, кој се пресели од РБ Лајпциг во Челзи, зборуваше за неговиот избор на иден клуб. „Како што знаете, ја решив мојата иднина пред неколку недели. Во принцип, немав никакви проблеми затоа што претходно имав многу време да размислувам за нештата, па дури и тогаш имаше пауза поради пандемијата на коронавирусот. Не е тајна дека имав неколку предлози. Можев да се преселам во Манчестер Јунајтед, Интер или Ливерпул. Неколку врвни клубови се бореа за мене, но се одлучив за Челзи како најдобра опција за мене и мојата кариера, во Англија се игра почесто отколку во Германија, така што…

Read More

Владата на Република Македонија донесе одлука да престане важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективни спортови. Прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести, националните федерации да започнат со организирање спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари, без публика и со запазување на здравствените протоколи. Сега на ред се организаторите – националните федерации и самите клубови. Секоја спортска федерација ќе изработи протокол за натпреварување, а спортските клубови и спортистите ќе треба максимално да ги почитуваат. „На денешната седница, Владата донесе одлука со која престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да…

Read More

Дефанзивецот Есекиел Гарај се збогува со навивачите на Валенсија. Договорот на Аргентинецот со шпанскиот клуб истекува денес и нема да биде обновен. „Јас ќе бидам засекогаш благодарен на вас. Благодарам, вие сте вистинско семејство. Никогаш нема да заборавам што доживеав во овој клуб”, напиша Гарај на Инстаграм. 33-годишниот Есекиел Гарај оваа сезона има одиграно 23 натпревари за Валенсија. Тој играше за шпанскиот тим уште од летото 2016 година.

Read More

Катастрофалната сезона на Шалке 04 која штотуку заврши го натера менаџментот да се фокусира на трансфер пазарот. Според „Билд“, клубот пронашол нов голман во личност на Александар Шволов од Фрајбург. Тој веќе ја дал согласност за трансфер во Гелзенкирхен, но сега останува раководството да се договори. Цената на голманот е околу 8 милиони евра. На „Фелтинс арената“ 28-годишниот голман ќе го замени Александар Нјубел, кој оди во Баерн (Минхен). Доколку нешто не успее во последен момент, Шволов веројатно нема да остане во Фрајбург, затоа што има интерес за него од Ајакс, Херта (Берлин), Севиља и Бенфика. Шалке ја заврши сезоната…

Read More

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко (23 год, 208 см) и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако го продолжи на уште една година договорот со тимот од Аеродром. За талентираниот крилен центар ова ќе биде четврта сезона во МЗТ, каде што првпат дојде во август 2017 година. Маслинко беше дел од тимот што стана шампион во 2019 година, како и што дојде до пехарот во Купот на Македонија една година претходно. Минатата сезона се наметна како еден од најважните играчи во составот предводен од Ѓорѓи Кочов. Од денеска и официјално нов член на МЗТ Скопје Аеродром…

Read More