Author: riste

Аргентинскиот фудбалски стручњак, Маурисио Почетино може да го замени Бруно Лаге на тренерското место во Бенфика, пренесуваат медиумите во Португалија. Според изворот, претседателот на Бенфика, Луис Филипе Виера, веќе контактирал со Почетино. Објавено е дека клубот е подготвен да инвестира за да ги добие услугите на Почетино. Во 2019 година, Почетино поднесе оставка на функцијата менаџер на Тотенхем. Со оваа екипа Почетино стигна до финалето од Лигата на шампионите, каде загуби од Ливерпул со резултат 0:2. Пред тоа, Аргентинецот беше тренер на Саутемптон и Еспањол. Минатата година, под водство на Бруно Лаге, Бенфика стана шампион на Португалија, а оваа сезона,…

Read More

Лондонскиот Арсенал по 30-ти пат стигна до полуфиналето од ФА Купот, повторувајќи го постигнувањето на Манчестер Јунајтед. Во четвртфиналето „топџиите“ го совладаа Шефилд Јунајтед со резултат 2:1 на гостински терен. На третото место по број на полуфинални натпревари е Евертон (26), на четвртото место е Ливерпул, кој во оваа фаза играл 24 пати. Во другите натпревари од четвртфиналето на ФА Купот ќе се сретнат Лестер Сити и Челзи, како и Њукасч и Манчестер Сити. Актуелен победник на ФА Купот е Манчестер Сити, кој во финалето минатата година го совлада Ватфорд (6:0). Арсенал е шампион по бројот на освоени купови во…

Read More

Интер е чекор од реализација на трансферот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид за 40 милиони евра, пренесува „Скај Италија“. Утре репрезентативецот на Мароко ќе го одигра својот последен натпревар за Борусија (Дортмунд), каде беше позајмен во последните две сезони. Информациите за цената се малку изненадувачки, откако до неодамна се тврдеше дека Реал Мадрид ќе бара најмалку 60 милиони евра. Според новинарот Џанлука Ди Марцио,  Хакими ја дал својата согласност за трансферот. Тој се надеваше дека ќе добие шанса на „Сантијаго Бернабеу“, но изгледа дека нема да се случи тоа. Реал има 13 позајмени играчи, од кои повеќето треба да…

Read More

Шпанскиот тим Селта Виго објави продолжување на договорот со тренерот на тимот Оскар Гарсија , соопшти клубот на официјалната веб-страница. Новиот договор со тренерот е со траење за период од две години. По 31 натпревар од тековната сезона во Ла Лига, Селта е на 16-то место со 33 бода. Гарсија го предводи тимот од ноември 2019 година. Тој претходно ги водеше екипите на Ватфорд, Сент Етјен и Олимпијакос. Во 32-то коло, Селта ќе биде домаќин на Барселона на својот стадион, а натпреварот ќе се игра утре, 27 јуни.

Read More

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо се враќа во составот на Баерн Минхен за саботниот натпревар како гостин кај Волфсбург, во кој шампионите во Бундеслигата ќе се обидат да го подобрат долгогодишниот рекорд. Пред последниот натпревар од сезоната, избраниците на Ханзи Флик постигнаа 96 голови на 33 натпревари, а највисокиот резултат на тимот беше 101 погодок во сезоната 1971/1972. „Постојат и други работи кои можеме да ги постигнеме доколку сме фокусирани, како што е да останеме непоразени на сите 17 натпревари во втората половина на сезоната. Целта е да се победи“, рече Флик. Кутињо се враќа во составот по повредата на зглобот,…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешниот состанок на Управниот одбор покрај за Европа донесе одлуки и за стартот на новата сезона и преодниот кој кој следи. ФФМ го усвои календарот за натпреварувачката сезона 2020/21 и согласно истиот, новата сезона од ПМФЛ ќе започне на 9 август , додека на 22 август ќе стартува новата сезона од ВМФЛ. Купот на Македонија, според планот ќе започне на 23 септември.  Околу летниот преоден рок кој веќе е во тек затоа што започна на 15 јуни, истиот е предвидено да трае цели дванаесет седмици, односно ќе заврши на 6 септември. Управниот одбор на Фудбалската федерација исто така донесе одлука за промена на…

Read More

Силекс е тимот кој најмногу профитираше од недобиената лиценца на Вардар за настап во Европа, па тие ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите. Оваа одлука денес ја донесе  Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Вардар беше лидер, но поради финансиски проблеми нема да игра во Европа. Нивното место ќе го добие кратовски Силекс, кој ќе има и добра финансиска заработка од настапите во еврокуповите. Доколку не го поминат првото коло во Лигата на шампионите, Силекс ќе патува во квалификациите за Лига Европа, што значи дека го чекаат најмалку два европски натпревари. Во квалификациите за Лигата на Европа, нашата земја ќе ја…

Read More

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е прогласен за шампион на Македонија, во прекинатото првенство од сезоната  2019/20. „Црвено-црните“ беа лидери цела сезона, а отккао Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за прекин на првенството, избраниците на тренерот Александар Васоски денес и официјално се крунисани за шампиони. Вардар пред прекинот имаше десет бода повеќе во однос на второпласираниот Силекс, односно единаесет повеќе од Шкендија. За жал Вардар иако ја освои титулата нема да ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите,  затоа што не доби европска лиценца. „Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во…

Read More

Најтрофејниот фудбалски тим во нашата земја Вардар кој ја заврши прекинатата сезона убедливо на првото место , втора година по ред останува без право на настап на европска сцена. Одделот за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека Комисијата за лиценцирање на состаноците одржани на 3, 11 и 16 јуни, како и Комисијата за жалби за лиценцирање на состанокот одржан на 18 јуни, а по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21, ги донесе следниве одлуки: Комисиите донесоа одлука дека се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21…

Read More

Големо признание за младиот репрезентативец на Македонија, Ненад Димитријевиќ кој се најде во друштво на суперталентираните Алоцен, Гаруба, Кулбока и Крејчи. Нашиот млад кошаркар со своите добри игри заслужи едно вакво големо признание во Шпанија, откако се најде во изборот на идеалната петорка на млади кошаркари во Ендеса лигата. Димитријевиќ беше трет во гласањето кое го спроведе лигата во изминатиот период, а траеше заклучно со 24 јуни. На анкетата тој доби 40 гласа, кои му донесоа влез во идеалните пет млади кошаркари во најсилната лига на Европа. Во друштво на Ненад Димитријевиќ се Карлос Алоцен (Сарагоса), Усман Гаруба (Реал Мадрид), Арнолдас…

Read More