Author: riste

На крајот на тековната сезона, напаѓачот на Челзи, Педро ќе стане играч на италијанскиот тим Рома како слободен агент, објави фудбалскиот агент Николо Скира на „Твитер“. Според него, двете страни веќе постигнале договор. Педро ќе потпише договор со Римјаните за период до 2022 година со можност за продолжување на уште една година. Платата на играчот ќе изнесува 3,5 милиони евра. Вчера Педро го продолжи договорот со Челзи до вистинскиот крај на сезоната односно крајот на јули, лондонскиот клуб официјално го објави тоа. Педро оваа сезона има одиграно девет натпревари во Премиерлигата, постигнато гол и две асистенции.

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фред, врши притисок за зголемување на неговата плата, објавија медиумите во Англија. Бразилецот преговара со клубот и сака да добие повеќе од 130 000 фунти неделно од плата на играчот според сегашниот договор. Манчестер Јунајтед продолжува со преговорите, но не брза да се согласи со условите на играчот. Во досегашниот дел од сезоната, Фред одигра 40 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна 2 гола и 4 асистенции.

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона, Артур, се согласи да потпише договор со Јувентус, пренесува „ЕСПН“. Долго време, 23-годишниот Бразилец не сакаше да слушне за трансфер во Торино, но упорните постапки на двата клуба го натераа да размисли. Играчот од средниот ред на Барселона ќе потпише договор со Јувентус за следните пет сезони. Неговата плата ќе се зголеми на 5,5 милиони евра по сезона плус бонуси, информира „Скај Италија“. Тоа е околу три пати поголема од платата од онаа што ја добива на „Камп Ноу“. Раководството на Каталонците се обидуваат да ја балансираат својата финансиска година и ова веројатно ќе…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Танги Н’Домбеле може да го напушти клубот поради недоразбирање со менаџерот Жозе Мурињо , објави „Франс Фудбал“. Според изворот, играчот од средниот ред веќе го известил Мурињо дека нема да игра под негово водство. Самиот тренер верува дека Н’Домбел не работи доволно напорно. Веднаш беше објавено дека за услугите на овој фудбалер се заинтересирани од Барселона и ПСЖ. Н’Домбеле повеќе би сакал да се пресели во ПСЖ, затоа што комуницира со напаѓачот на оваа екипа, Килијан Мбапе. Н’Домбеле се пресели во Тотенхем минатото лето од Олимпик Лион за 60 милиони евра. Оваа сезона, 23-годишниот…

Read More

Напаѓачот на лондонски Арсенал Пјер Емерик Обамејанг го привлече интересот на уште еден водечки клуб од Италија, пренесуваат медиумите во оваа земја. Според информациите,  Јувентус ќе се приклучи во битката за привлекување на фудбалерот, чиј договор со Арсенал истекува на 30 јуни 2021 година. Обамејанг му се приклучи на лондонскиот клуб во зимата 2018 година од Борусија (Дортмунд), но одби да го продолжи договорот затоа што е разочаран од тоа што „топџиите“ не се борат за трофеи. Барселона е заинтересирана за 30-годишниот интернационалецод Габон,но за неговиот потпис конкуренти се уште Реал Мадрид, Интер и ПСЖ.

Read More

Македонските каратисти како и сите останати ќе мора да почекаат до наредната година за да се натпреваруваат на Светското првенство (СП). Светското првенство во карате е уште еден голем спортски настан кој беше планирано да се одржи во ноември годинава, но е одложен за ноември следната година во Дубаи (ОАЕ). Светската карате федерација се одлучи за овој потег поради пандемијата од коронавирусот и поместувањето на сите големи карате настани и Олимписките игри. „Моравме да ја донесемe оваа одлука. Нашиот спорт првпат не организира ниту едно првенство во една календарска година. Се надевам и верувам дека Светското првенство во 2021 година ќе биде нова надеж“,…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одби да го коментира судењето по мечот со Мајорка, каде неговата екипа победи со 2:0. Неодамна, судиите во Шпанија беа обвинети повторно за донесување одлуки во корист на Реал Мадрид во многу случаи. „Јас нема да зборувам за тоа затоа што Рамос веќе ја кажа неопходната работа. Ни недостасуваше брилијантност против Мајорка, но делувавме многу самоуверено во одбрана и освоивме три важни бода. Рамос постигна одличен гол од слободен удар. Тој долго време практикува вакви шутеви. Тој е наш капитен и лидер, секогаш го предводи тимот. Сигурен сум дека ќе биде тешка битка со…

Read More

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Мајорка влегува во историјата на шпанскиот фудбал. Во 82. минута од оваа средба во редовите на гостинската екипа тренерот го внесе во игра Лука Морено. Ова младо момче од Мексико стана најмладиот фудбалер кој дебитирал во Ла Лига. Никогаш досега толку млад фудбалер, нема влезено во игра и настапи на некој натпревар во кој се играло за освојување на бодови. Морено со 15 години и 219 дена, го собори рекордот на Франциско Родригез Сансон, кој првиот натпревар го одигра со 15 години и 255 дена. Лука Морено е роден во Мексико, но настапува за аргенската репрезентација…

Read More

Серхио Кун Агуеро е успешно опериран во Барселона. Тој заработи повреда на средбата против Барнли и јасно беше дека сезоната за него е завршена, но сите очекуваа дека барем ќе помине без операција. Сепак, последните информации велат дека Агуеро морало да биде опериран и целата операција е завршена во Барселона. Информациите околу состојбата ги потврди менаџерот на клубот, Пеп Гвардиола. „Немам точна информација колку ќе паузира, операцијата е направена и ги чекам проценките по што ќе знаеме колку Серхио Агуеро ќе мора да отсуствува“, изјави Шпанецот. Операцијата ја изврши доктор Рамон Кугат во Шпанија, која поминала без проблем. Сега ќе се чекаат…

Read More

Роберт Левандовски има постигнато 46 гола на 40 натпревари за Баерн (Минхен) за време на оваа сезона, но тој не е број 1 во клубот. Изненадувачки, гледачите на „Скај Спорт Германија“ го прогласија Давид Алаба за „Фудбалер на сезоната“ во шампионскиот тим на Баерн. Дефанзивецот собра 26,6% од гласовите, а Полјакот не е ниту втор со своите 15,1%. Алфонсо Дејвис се најде на втората позиција меѓу Алаба и Левандовски со 24,9% од гласовите. Тренерот Ханзи Флик го постави Алаба како централен дефанзивец, така што Дејвис можеше да дејствува лево. Пред неколку дена, Баварците ја одбранија титулата во Бундеслигата, а за…

Read More