Претседателот на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи го пофали враќањето на Лигата на шампионите во август. „Сакам да ја пофалам работата што ја направи УЕФА за да им овозможи на клубовите учеснички да ја комплетираат Лигата на шампионите, што останува најпопуларен клупски турнир во светот. Јас сум исто така многу задоволен од организацијата за обновување на женското финале во ЛШ, каде што нашиот тим ќе се соочи со Арсенал во четвртфиналето. Во последните неколку недели имав можност да преиспитам во колкава мерка е важна Лигата на шампионите за финансиите на клубовите и телевизиските оператори, но пред се тоа е важно…
Author: riste
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско заработи повреда на мускулот и ќе биде надвор од комбинација за настап во наредните три недели, се вели во официјалниот медицински извештај објавен на веб-страницата на Реал Мадрид. „По тестовите извршени од странна на лекарскиот тим на Реал Мадрид, на нашиот играч Иско му беше дијагностицирана повреда на бутниот мускул на десната нога“ велат од клубот Поблемите со мускулите знаат да бидат многу опасни, особено по тримесечен карантин поради пандемијата на коронавирусот. Ова е причината зошто тренерот Зинедин Зидан нема да може да се потпира на својот играч три недели. Додека се…
Македонскиот ракометен репрезентативец Димитар Димитриоски реши да не менува ништо во својата кариера и во иднина ќе го носи дресот на Вардар. Актуелниот македонски и европски шампион постигна договор со крилниот играч и тој ќе го носи „црвено-црниот“ дрес и наредните две сезони. Со потписот на Димитриоски, крилните позиции на Вардар се обезбедеми и веќе се насочуваат кон уште неколку засилувања на бековските позиции. Вардар е во потрага по уште еден десен бек, а исто така нема да биде изненадување доколку пристигне уште еден среден бек во екипата. Димитриоски е еден од македонските репрезентативци кои остануваат во Вардар, а тоа веќе го…
Селта го врати шпанскиот напаѓач Нолито од Севиља за да им помогне во битката за спас односно опстанок во Ла Лига. Тимот од Виго го искористи правилото што им овозможува на клубовите да потпишат со играчи надвор од трансфер период во посебни околности. Во соопштението од клубот се вели дека Нолито ќе се приклучи на тимот веднаш, под услов да ги помине медицинските тестови и да го финализира неговиот договор со Селта, екипа која е на 17-та позиција на табелата во Ла Лига и има предност од два бода над зоната за испаѓање. Остануваат уште 9 натпревари до крајот на…
Баерн (Минхен) се договори со Филипе Кутињо да ја продолжи позајмицата до крајот на сезоната во Лигата на шампионите, објави германскиот „Скај Спортс“. Играчот од средниот ред го пропушти најголемиот дел од натпреварите поради повреда, а воопшто не успеа да се наметне во тимот, поради што Баварците се откажаа од опцијата да го купат. Неговиот договор истекува на 30 јуни и тој треба да се врати во Барселона. Сепак, шампионот во Бундеслигата ќе ја искористи можноста да го продолжи договорот за позајмица до завршувањето на Лигата на шампионите, што ќе се случи во август. Самиот Кутињо ја даде својата согласност,…
Управата на МЗТ Скопје денес и официјално го парафираше договорот со својот капитен Дамјан Стојановски кој и во наредните две години и ќе остане и понатаму дел од тимот од Аеродром. Најдобриот кошаркар за изминатата сезона реши да остане верен на својот клуб МЗТ Скопје, и покрај тоа што имаше понуди од други клубови. Македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски е дел од тимот на МЗТ Скопје од 2012 година и во овој период има освоено пет трофеја во домашното првенство, четири во Купот на Македонија. а четирипати беше прогласуван за МВП на финалињата. Стојановски ќе има можност и понатаму да соработува…
Со освојувањето на својата осма последователна титула во Германија, Баерн (Минхен) се изедначи со италијанскиот Јувентус во најдолга серија на освојување на титули меѓу екипите од најдобрите 8 првенства во Европа. „Старата дама“ има осум последователни триумфи во Серија А, но може да дојде и до девета титула во серија доколку стане пшампион и сезонава. Баерн ја освои Бундеслигата во 2012/13 година и доминира од тогаш, а Јувентус доминира во Серија А од 2011/12 година, тоа се двете најдолги серии на освојување на титулата во овие земји. Следен е францускиот Олимпик Лион, кој освои шест последователни титули на Лига 1…
УЕФА направи промени и подготви нов формат во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа поради пандемијата на коронавирусот. Денес донесе големи промени во начинот на одигрувањето и календарот на одигрување на сите натпревари. Актуелната сезона во Лигата на шампионите и Лига Европа не е завршена, а мора да се прави новиот календар. Со оглед целата ситуацијата календарот ќе биде згуснат и затоа квалификациите за следната сезона ќе има промени на форматот. Најновите информации велат дека во првите три кола од квалификациите за Лигата на шампионите и Лига Европа ќе се игра по еден натпревар, наместо два (дома-гости)…
Во УЕФА на денешниот состанок се разговарало и за Европското првенство (ЕП) кое наместо во 2020 година ќе се игра во 2021 година, а беа потврдени градовите-домаќини на најголемиот фудбалски настан следната година. Европското првенство во 2021 година ќе се игра во вкупно 12 градови. Тоа се Рим, Баку, Копенхаген, Даблин, Амстердам, Букурешт, Минхен, Лондон, Санкт Петерсбург, Глазгов, Билбао и Будимпешта. Имаше најави дека поради пандемијата на Ковид-19 може да дојде до одредени промени, но сепак, планот останува ист. Европското првенство ќе започне на 11 јуни и ќе трае до 11 јули, а ние се надеваме дека ќе биде посебно за нас во…
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе има подобри шанси да обезбеди пласман на ново Европско првенство (ЕП) за младинци. УЕФА денес направи промена, па за место на европскиот фудбалски шампионат кој ќе се одржи во Словенија и Унгарија нема да се играат баражи. УЕФА ги укина бараж натпреварите и одлучи на Европското првенство да се пласираат победниците од групите, заедно со уште пет најдобро второпласирани селекции. Македонија се наоѓа во група заедно со Шпанија, Израел, Казахстан, Црна Гора и Фарските Острови. По четири одиграни натпревари, нашата селекција освои седум бода, еден помалку од второпласираниот Израел. Апсолутен фаворит во нашата група е Шпанија, а…
