Бараж средбата од полуфиналето на Лигата на нации меѓу Македонија и Косово која требаше да се игра во март, па во јуни, конечно го доби терминот за одигрување. Нашите репрезентативци во рамки од полуфиналето во Скопје треба да ја пречекаат селекцијата на Косово, а денес УЕФА објави нов датум за одржување на историскиот натпревар за двете селекции. На денешниот состанок на УЕФА меѓу другото беше донесена и одлука полуфиналето на Лигата на нации да се игра на 8 октомври, додека финалната средба која носи пласман на Европското првенство е закажана за 12 ноември. Доколку Македонија го победи Косово, избраниците на селекторот Игор Ангеловски за противник во финалето…
Author: riste
Европската фудбалс федерација (УЕФА) го потврди она што изминативе денови се пишуваше и најавуваше, односно дека ќе се играат Ф8-турнири во Лигата на шампионите и Лигата на Европа со цел во краток период да биде завршена сезоната. Пандемијата со коронавирусот направи вистински хаос со термините за одигрување на натпреварите, па затоа УЕФА мораше да прави промени. Нема да има четвртфинале, туку ќе се игра турнир меѓу осумте најдобри екипи. Натпреварите Јувентус – Лион (0:1), Барселона – Наполи (1:1), Баерн Минхен – Челзи (3:0) и Манчестер Сити – Реал Мадрид (2:1) се дуелите кои ќе се доиграат поради тоа што се осминафинали пресметки и веќе тимовите имаат одиграно една средба, па ќе следи реванш натпревар.…
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски настапува на турнир во Белград, а денес во рамките на второто коло од својата група ја забележа и првата победа. Во вториот меч од групната фаза Јотовски беше подобар од Дарко Јандриќ со 2:0 во сетови (6:1, 6:3). Македонскиот тенисер демонстрираше одлична игра и за 1 час и 20 минути го доби својот противник. Котовски имаше и вчера добар натпревар, но загуби од Никола Цациќ со 2:1. Томислав Јотовски има една победа и еден пораз во групата, а во последното коло од првата фаза ќе игра со главниот фаворит во неговата група, тоа е Марко Тепавац…
Иднината на Каи Хавертц во Баер (Леверкузен) останува неизвесна, откако 21-годишниот фудбалер стана едно од најчесто споменуваните имиња за трансфер во врвен клуб, објави извршниот директор на германскиот клуб – Фернандо Каро. „За оваа ситуација треба да најдеме решение што го задоволува и играчот и нас. Во моментот, сепак, немаме нешто такво и не знаеме што ќе се случи”, рече Каро. „Знам дека многу клубови се заинтересирани за Каи Хавертц. Тој е со нас 10 години и ја разбирам неговата желба да го направи следниот чекор во неговата кариера“, додаде тој. Медиумите ширум Европа шпекулираат дека Хавертц ќе чини околу…
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да се опорави од својата повреда порано од очекуваното и да учествува на натпреварот против Рома на 28 јуни. Ветеранот се очекува да помине нови тестови во текот на следните два дена за да покаже како напредува процесот на закрепнување, откако заработи сериозна повреда за време на тренинг на 25 мај. Швеѓанецот сака да се врати во игра што е можно поскоро и според „Тутомеркато“ тој е подготвен да го стори тоа на 22 јуни, кога неговиот тим ќе се сретне со Лече. Сепак, медицинскиот тим на Милан најверојатно нема да го дозволи ова…
Најдобиот млад македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ најверојатно ќе го напушти досегашниот клуб Хувентуд од Бадалона. Македонскиот репрезентативец наскоро треба да биде претставен како засилување за екипата на Валенсија. Шпанските медиуми денес објавија дека сите детали се договорени и Валенсија ќе биде новиот клуб на Димитријевиќ. Нашиот кошаркар идната сезона ќе настапува во Евролигата, бидејќи Валенсија доби место во ова натпреварување за следната сезона. Димитријевиќ има уште една година од договорот со Хувентуд, па затоа Валенсија ќе мора да плати обештетување за да го доведе во своите редови. Сезонава, Ненад Димитријевиќ има просек од 8 поени и 3,3 асистенции во лигата и 11,9…
Лацио ја одби понудата од ПСЖ од 60 милиони евра за Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Сепак, ова не ги спречи Французите и понатаму да се обидуваат да го привлечат играчот од средниот ред ова лето. Од нив се очекува да испратат нов предлог со подобри финансиски параметри. ПСЖ веќе подолго време го следи Милинковиќ-Савиќ, но за него се заинтересирани Реал Мадрид, Јувентус, Барселона и Манчестер Јунајтед. 25-годишниот играч има 5 голови и 5 асистенции оваа сезона, во одличниот настап на Лацио, кој изненадувачки влезе во борба за титулата. Минатата година Римскиот клуб бараше 100 милиони евра за играчот од средниот ред, но…
Следната сезона во Серија А може да започне на 12 септември. За овој датум, клубовите се договорија пред состанокот на собранието на лигата кој ќе се одржи во четврток, а каде треба да биде одобрено решението. З а тоа да стане официјална, прво мора да биде одобрено од УЕФА, така што датумот да не биде во спротивност со распоредот на европските клупски натпреварувања. Друга важна одлука е поврзана со датумот на истекување на договорите на играчите. Оние договори кои истекуваат на 30 јуни, според постигнатот договор ќе добијат нивно продолжување до 30 август, кога се очекува да заврши тековната сезона.
Бразилскиот напаѓач Филипе Кутињо , кој моментно е на позајмица во Баерн Минхен, може да се врати во Ливерпул, пренесува весникот „Марка“. Според изворот, напаѓачот веќе го повикал тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп и му кажал дека е подготвен да му биде намалена платата за да се врати во клубот. Претходно беше објавено дека раководството на Барселона во следниот трансфер период сака да се раздели со Кутињо. Кутињо ги бранеше боите на Ливерпул од 2013 до 2018 година, по што се пресели во Барселона. Во летото 2019 година, Бразилецот се пресели во Баерн Минхен од Барселона на позајмица за 8,5…
Ракометната репрезентација на Македонија денес ја чека ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2022 година што ќе се одржи во Унгарија и Словачка од 13 до 30 јануари 2022 година. Пласман на ова ЕП веќе имаат домаќините, а директно пласирани се и финалистите на ЕП 2020, Шпанија и Хрватска, додека останатите 20 места ќе бидатт пополнети низ квалификациите во кои ќе учествуваат 32 селекции поделени во 8 групи по 4 екипи. Меѓу нив ќе биде и нашата репрезентација. Македонија се најдоа во вториот квалитативен шешир пред денешната ждрепка, а тоа значи дека ќе ги избегнеме селекциите на Австрија, Белорусија,…
