Author: riste

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер ќе ја заврши сезоната во Бундеслигата, која завршува на 27 јуни, но нема желба да ја продолжи да игра и на натпреварите во Лигата на шампионите. Останатите плеј-оф натпревари од програмата на најпрестижниот европски клупски турнир се закажани за август, но Вернер не сака да игра во нив. Неговиот трансфер во Челзи се очекува да биде објавен во наредните неколку дена, откако лондончани се согласија да ја платат неговата откупна клаузула од 53 милиони евра. Вернер може да настапува за Лајпциг во Лигата на шампионите затоа што неговата сегашна екипа избори пласман во четвртфиналето,…

Read More

Финалето на Лигата на шампионите за 2021 година ќе се одржи во Истанбул, а оној во рускиот град Санкт Петербург ќе се пресели во 2022 година, објави денес телевизијата „Скај Спорт“. Според нивните информации, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) има намера да ги помести домаќинствата што веќе биле доделени на овие градови за по една година. Оваа година, поради пандемијата на коронавируспт, УЕФА донесе одлука да одреди нов формат за завршување на ЛШ и да го добиме европскиот клупски шампион низ плеј-оф турнирот што ќе се одржи во Португалија. Во оваа ситуација, Истанбул и Санкт Петербург остануваат со добиените домаќинства, но…

Read More

Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ) им овозможи на клубовите да продолжат со тренинзите од вчера (понеделник,15 јуни), објавија на официјалниот профил на Твитер на ФАИ. Во исто време, играчите, тренерите и сите вклучени на тренинзите мора да почитуваат одредени нерки како што е социјална дистанца. Сите играчи мора да имаат свој личен антисептик и посебно шише за вода. Во моментов суспендираниот шампионатот на Ирска поради закана од ширење на коронавирус е по одиграни пет кола, а лидер е Шамрок Роверс, кој освои 15 поени. Второто место го зазема Дандалк (12), а Бохемијанс има 9. Поради пандемијата на коронавирусот беа одложени…

Read More

Пол Погба ќе остане на клупата за резервни играчи стартот на продолжувањето на сезоната и дербито  против Тотенхем кое се игра в петок. Французинот не играше за манчестер јунајтед од „Боксинг деј“, но сега е целосно опоравен од проблемите со зглобот што го мачат во текот на целата сезона. Навивачите на „црвените ѓаволи“ со нетрпение чекаат да видат како ќе изгледа тандемот меѓу Погба и Бруно Фернандеш во средниот ред. Според одредени извори, сепак, тоа нема да се случи од првиот момент на мечот кој се игра во петок, бидејќи Оле Гунар Солскјер ќе смета на варијанта со почетен состав…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го коментираше успехот со 3:1 над Еибар во натпреварот од 28-то коло од Примера. Натпреварот се одигра без гледачи на стадионот „Алфредо ди Стефано“ , а Реал Мадрид го реши натпреварот уште во првото полувреме со головите на Тони Крос (4), Серхио Рамос (30) и Марсело (37). Педро Бигас беше стрелец на единствениот гол за Еибар 60-та минута. „Беше сосема друг фудбал од она што го имавме порано, но мора да се прилагодиме. Тешко ни беше во второто полувреме, нешто не беше во ред. Можеби имаме проблем со физичката форма. Во првите 45 минути…

Read More

Изминатите неколку денови ЕХФ направи анкета односно избор за најубав дрес кој се појавил во ЕХФ Лигата на шампиони, а заврши денеска на пладне. За најубав дрес во финалето се бореа машкиот и женскиот тим на Вардар, и очекувано победата отиде кај актуелниот шампион РК Вардар со убедлива разлика (84%-16%). Дресот на машкиот тим на Вардар во првата рунда доби повеќе гласови од оној на Копенхаген, а во второто коло беше подобар од дресот на Нант, додека во четвртфиналето го помина и дресот на Веспрем. Во полуфиналето беше во дуел против Барселона и беше подобар со убедлива разлика. Дресот на…

Read More

Судбината на фудбалскиот клуб Вардар и понатаму е отворено прашање на кое сите навивачи на овој клуб очекуваат одговор. Многу  фактори влијаат за тоа дали клубот ќе може да биде купен од заинтересираните странски инвеститори, еден од важните фактори е тоа дали Вардар ќе може да добие лиценца за настап во УЕФА доколку бидат подмирени сите долгови на клубот кон играчите и вработените во клубот и доверителите. Роковите за добивање на лиценца се пробиени, а Вардар со жалба до лиценцната комисија при ФФМ се обидува да дојде до потребната лиценца. Од страна на инвеситорите се прават сите напори да се…

Read More

Макс Верстапен за време на паузата во Формула 1 реши да набави нов автомобил, неговиот избор падна на Ферари Монца СП2. Пилотот на Ред Бул ќе мора добро да плати, бидејќи проценетата цена на спортскиот автомобил е 1,6 милиони евра. Верстапен не е првата славна личност што ја купи популарната Монца СП2. Претходно, шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ стана сопственик на сличен спортски автомобил. Макс Верстапен веќе направи нарачка, сега може само да почека додека неговиот нов автомобил не биде испорачан од Маранело во Монако. Монца  СП2 е придвижуван од 6,5-литарски V12 мотор со 810 коњски сили. Верстапен е во Формула…

Read More

Тимот на Челзи подготвува сериозна чистка на непотребни играчи во клубот ова лето и најверојатно шест играчи ќе мора да заминат од Лондон, објави весникот „Сан“ во денешниот број. Напаѓачот Мичи Батшуаи, играчот од средниот ред Виктор Моузес, Дани Дринквотер и Тиемуе Бакајоко, како и одбрамбените играчи Давиде Запакоста и Емерсон Палмиери не се во плановите на менаџерот Франк Лампард и тој со задоволство ќе ги продаде во другите клубови. Со нивната продажба, Лондончаните се надеваат дека ќе финансираат дел од претстојната селекција, во која, најверојатно, ќе бидат Тимо Вернер од РБ Лајпциг, Бен Чилвел од Лестер и Каи Хаверц…

Read More

Пјер-Емерик Обамејанг е на вистински крстопат во својата фудбалска кариера. Напаѓачот на Арсенал сè уште не знае дали ќе го продолжи договорот со клубот од Северен Лондон, кој истекува во летото 2021 година. Репрезентативецот на Габон има 61 погодок на 97 одиграни натпревари за „Топџиите“ по неговиот трансфер од Борусија (Дортмунд) во 2018 година. „Сè уште не сум добил конкретна понуда, но разговарав со клубот пред неколку месеци. Тие знаат дека сè уште не сум одлучил“, рече 31-годишниот голгетер. „Клучот е во нив и зависи од нив. Ќе видиме што точно ќе се случи. Ова е пресврт во мојата кариера.…

Read More