Author: riste

Раководството на Бока Јуниорс нема да може да понуди договор на напаѓачот на ПСЖ Единсон Кавани, објавија медиумите во Аргентина. Самиот 33-годишен Уругваец беше подготвен да ја разгледа понудата од Аргентина, но финансиската криза ги смени плановите на клубот. Барањата за плата направени од напаѓачот остануваат недопирливи за сегашните услови во Бока Јуниорс. Минатата сезона Кавани одигра 22 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 7 гола.

Read More

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави изборот на идеалниот тим во машката Лига на шампиони за сезоната што беше прекината и не е завршена. За жал и покрај тоа што имаше двајца ракометари кои настапуваат за македонски екипи во конкуренција за идеалниот тим, тие не добија доволен број на гласови. Тимур Дибиров од Вардар и Владислав Остроушко од Еурофарм Пелистер беа во конкуренција, но добија доволен број на гласови за да бидат во овој идеален тим. Идеален тим на ЛШ за сезоната 2019/20: Голман: Никлас Ландин – Кил, 10.070 гласа Лево крило: Мануел Штрлек – Веспрем, 12.053 гласа Лев бек:…

Read More

Позната е причинита зошто не е реализиран договорот за трансфер на Тимо Вернер од РБ Лајпциг во Челзи. Откако стана јасно дека Ливерпул се откажува од германскиот репрезентативец, токму „сините“ ја направија понудата за напаѓачот, што тој ја прифати. Сепак, трансферот сè уште не е комплетиран, а проблемот е во тоа што Вернер не ги помина задолжителните лекарски прегледи. Вернер не може да лета за Велика Британија поради правилата на Бундеслигата поврзани со коронавирусот. Лекарите на Челзи не можат да патуваат во Германија затоа што потоа мора да бидат ставени во карантин за период од 14 дена. Челзи може да…

Read More

Германскиот тим Борусија Дортмунд сака да го продолжи договорот за позајмица на дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими, пренесува „Билд“. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е сигурен дека 21-годишниот Мароканец ќе добие можности за настап во неговата екипа во текот на следната сезона, па затоа е подготвен да дозволи играчот да остане во Борусија Дортмунд уште една година. Ашраф Хакими успеа да постигне 9 голови и 10 асистенции на 41 натпревар за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања од сезоната 2019/20.

Read More

Со натпреварот кој вечерва ќе биде одигран од 21:00 часот меѓу Јувентус и Милан се враќа фудбалот во Италија. Ова е реванш натпревар во полуфиналето од Купот на Италија кој ќе се одигра пред празни трибини на „Алијанц стадион“ во Торино, а во него двата тима влегуваат со свои шанси за пласман во финалето откако на првата средба на „Сан Сиро“ беше 1:1. По прекинот на сезоната сега че видиме која екипа подобро се адаптирала на новата ситуација и се подготвиле за рестартот на сезоната, а за овие две екипи и враќањето на обврските во Купот на Италија. Тренерот на Милан,…

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Нелсон Семедо бил одстранет од тренинг со екипата поради повреда на протоколот од Ла Лига, пренесува „Марка“. Фудбалерот присуствуваше на роденденска забава, на која присуствуваа повеќе од 20 лица без маски. Тој нема да биде присутен на тренинг на својата екипа и да влегува во тренинг кампот на Барселона додека не се потврди дека неговиот тест за коронавирус е негативен. На 9 јуни, фудбалерот присуствуваше на роденденската забава, на која присуствуваа повеќе од 20 лица без маски. Учесниците во забавата не ја почитуваа социјалната дистанца. Семедо отишол на забавата без да го извести раководството на клубот. Во…

Read More

Францускиот Лил реши да не ја активира опцијата за обновување на договорот со 32-годишниот играч од средниот ред, Николас Гаитан, пренесува „Л’Екип“. Причината за оваа одлука е финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Гаитан е еден од најплатените играчи на клубот, без да одигра еден целосен натпревар за Лил. Аргентинецот влезе 4 пати како замена, одигра вкупно 50 минути и не одигра ништо значајно во тие минути. Веќе на 1 јули, Николас Гаитан ќе стане слободен агент. Тој потекнува од Бока Јуниорс, а во кариерата има настапувано за Бенфика, Атлетико Мадрид, во Кина за екипата на Далиан и во…

Read More

Во натпреварот од 28-то коло на Шпанската Примера, кој беше првиот на стартот од продолжението на ова натпреварување, Севиља беше домаќин на Бетис. Средбата се одигра на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја и заврши со победа на домашната екипа од 2:0. Стрелец на првиот гол на натпреварот беше 25-годишниот играч од средниот ред на Севиља Лукас Окампос , кој сигурно го реализираше пеналот. Според статистиката, аргентинскиот играч од средниот ред стана првиот играч на Севиља од 2011 година, кој успеа да постигне гол на 5 натпревари во серија во Шпанското првенство. Последниот играч во клубот, кој успеал да направи…

Read More

Раководството на УЕФА е пред одлука з тоа во кои градови ќе бидат домаќини на преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. „Скај Спорт Италија“ тврди дека веќе од УЕФА донеле одлука осминафиналето во Лигата на шампионите да се игра во Лисабон, а натпреварите од четвртфиналето па натаму во Лигата на шампионите да се одржат во Германија, најверојатно во Франкфурт. Опцијата реваншите на 4 дуели од осминафиналните парови во Лигата на шампионите, кои се уште не се играле, да се одржи во еден град, е намалена. Тоа се натпреварите Манчестер Сити – Реал Мадрид, Баерн (Минхен) -…

Read More

Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА ) привремено им овозможи на играчите да играат во три различни клуба за време на една сезона, се вели во информацијата објавена од прес-службата на ФИФА. „За да се избегне стравот поврзан со евентуално неангажирање, на играчите им е дозволено да се регистрираат во три клуба и да играат за нив на официјални натпревари во текот на една сезона“, се вели во соопштението. ФИФА, исто така, им овозможи на националните федерации да ја спроведат првата фаза од лиценцирање на клубовите и планирање на календарот за следната сезона во текот на тековната сезона, за да ги…

Read More