Author: riste

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари зборуваше на теми поврзани со продолжување на фудбалската сезона во Италија. „Во оваа ситуација, не можеме да зборуваме за фаворити за Скудетото. Сите екипи ризикуваат да загубат поени. Најважно е да се заврши сезоната и ако здравствената состојба тоа го дозволува, треба да ги разгледаме протоколите и да избегнеме да дојде ситуација за карантин до крајот на првенството. Дефинитивно играњето на празен стадион не е пријатно, но силата на тимот лежи во тоа да знае како да се прилагодин на сите услови. Дури и ритамот може да се промени. Недостатокот на навивачи може да ги…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е на мислење дека недостатокот на навивачи на трибините би можел да им помогне на неговите фудбалери при претстојното враќање на фудбалот во Англија следната недела. „Топџиите“ ја продолжуваат сезоната со натпреварот кај Манчестер Сити, по што следат уште три последователни натпревари на гости – против Брајтон и Саутемптон во првенството, и против Шефилд Јунајтед во ФА Купот. „Се надевам дека ова ќе биде предност за нас. Очекувам да ни помогне да не ни се спротивстават нашите противници онака како што би играче пред полн стадион. Фудбалот е енергија и страст, а кога сте без…

Read More

Раководството на Наполи му понуди нов двогодишен договор на нивниот крилен играч Хозе Каљехон, со што се надева дека ќе го задржи играчот на „Сан Паоло“. Тековниот договор на 33-годишникот истекува на крајот на месецот, но според „Кориере дело Спорт“, неговото збогување со клубот се уште е неизвесно. Од јануари се шпекулира дека голем број клубови покажуваат интерес за крилниот играч, а се пишуваше дека тој може да се врати во својата татковина. Сепак, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се премисли за продажба на ветеранот и започна преговори за обновување на неговиот договор со вчерашната средба со играчот. Според…

Read More

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр зборуваше за Марко Ројс и Ерлинг Холанд, кои се опоравуваат од повредите. „Холанд тренира со останатиот дел од тимот и тоа од вчера учествува во сите вежби. Тој изгледа добро. Секој што играше минатата недела е исто така добар. Што се однесува до Марко Ројс, тој започна да тренира со тимот оваа недела. Среќни сме што се врати и се надеваме дека тој ќе може да се појави на теренот што е можно поскоро. За жал, не можам да дадам повеќе предвидувања. Можам само да кажам дека тој ќе тренира во петок”, рече Фавр.…

Read More

Манчестер Јунајтед и понатаму е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез . Од Реал Мадрид не се против продажба на 28-годишниот Колумбиец, но тие не сакаат да прават големи отстапки кога разговараат за трансфер, пренесува „Марка“. Еден од проблемите за потенцијален трансфер е и големата плата на хамес Родригез. Во таква ситуација, „црвените ѓаволи“ бараат од Реал попуст. Други клубови заинтересирани за играчот на Реал Мадрид се Ливерпул Евертон и Атлетико Мадрид. Родригез има добри односи со тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, но фудбалерот е заинтересиран и за соработка со Диего Симеоне. Договорот на Хамес…

Read More

Челзи сака да потпише со младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц ова лето. Се очекува „Сините“ да го официјализираат  договорот вреден 53 милиони фунти за напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер, кога ќе се отвори трансфер прозорецот, а тие сакаат Хаверц да му се придружи на Вернер на „Стемфорд Бриџ“. Според „Дејли меил“, Челзи е решен да се избори со своите ривали по нивното трансферно ембарго минатото лето и се подготвени да ги потрошат планираните пари за Хаверц. Пазарната вредност на 20-годишникот играч е 75 милиони фунти, така што тој нема да дојде за помалку од овој износ. Челси…

Read More

Тренерот на Хофенхајм, Алфред Шројдер е ослободен од функцијата, објави официјално клубот. Неговиот брат, Дик Шројдер, кој беше негов помошник, исто така беше отпуштен од работа. Веста доаѓа како изненадување, со оглед на фактот дека Хофенхајм е на 7-то место на табелата и се бори за учество во Лигата на Европа следната сезона. „Сегашниот тренерски тим со Матијас Калтенбах, Михаел Рехнер и Тимо Грос ќе биде надополнет од Марсел Рап и поранешниот играч на Хофенхајм, Каи Хердлинг“, се додава во соопштението. Тие ќе го водат тимот до крајот на првенството. Шројдер го предводеше тимот претходно оваа сезона, пристигнувајќи од Ајакс…

Read More

Манчестер Сити е на првата поција на најскапите тимови во англиската Премиер лига според вредноста на играчите. Пазарната вредност на сите на играчи од Манчестер Сити е 927 милиони фунти со просечна возраст од 26,4 години. Целосен рејтинг на најскапите 10 клубови:. Манчестер Сити – 927 милиони фунти. Просечната возраст на тимот е 26,4 години. Просечната вредност на играч е 33 милиони фунти. Ливерпул – 881 милиони фунти (27,2 и 30 милиони фунти). Тотенхем – 642 милиони фунти (25,7 и 22 милиони фунти). Челзи – 614 милиони фунти (26,3 и 21 милиони фунти). Манчестер Јунајтед – 583 милиони фунти (25,8…

Read More

Играчот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек, сака да се пресели во Реал Мадрид по оваа сезона, но Реал веројатно нема да го реализира овој трансфер, бидејќи немаат пари, пренесува весникот „Марка“. Раководството на Реал Мадрид неодамна го извести претставникот на Дони ван де Бек дека клубот нема планови за купување на овој играч ова лето. Во таква ситуација, 23-годишниот Холанѓанец може да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, кој исто така е заинтересиран за неговите услуги. Реал Мадрид сакаше да го купи Дони ван де Бек во текот на сезоната 2018/2019. Реал Мадрид се подготвуваше да…

Read More

31-годишниот ерменски играч од средниот ред Хенрих Мхитарјан, кој е на позајмица во италијанскиот тим Рома, изрази желба да остане во овој клуб. „Секако, би сакал да останам во Рома следната сезона, и не само за следната сезона, туку и во наредните неколку години. Но, сè уште имам договор со Арсенал, и многу не зависи од мене, туку од тоа дали Арсенал и Рома ќе можат да се договорат за условите на трансфер. Затоа, размислувам само за напорен тренинг и играње добро, а исто така чекам што ќе се случи. Се разбира, ако не можам да останам во Рома, ќе…

Read More