Author: riste

Ливерпул ќе понуди нов договор на Вирџил ван Дајк, кој ќе има уникатни параметри. Според „Фудбал инсајдер“, договорот ќе биде за цели седум години, што би значело дека по секоја веројатност, Холанѓанецот, кој ќе наполни 29 години следниот месец, ќе ја заврши кариерата на „Енфилд“. Вредноста на договорот ќе биде над 50 милиони фунти, т.е. Ван Дајк ќе добие повеќе од 200 000 фунти неделно. Тековната плата на централниот дефанзивец е 125.000 фунти неделно, а во договорот, кој останува уште три сезони, има многу бонуси. Такви бонуси ќе има и во новиот договор. Ван Дајк веќе има 113 натпревари за…

Read More

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се очекува да биде целосно подготвен за натпреварите со Лацио и Јувентус во Серија А. 38-годишниот Швеѓанец се здобил со повреда на мускулот за време на тренингот и во моментов е надвор од тренажен процес. Според весникот „Кориере дела Сера“, Ибрахимовиќ ќе биде целосно опоравен за натпреварот со Лацио на 4 јули и со Јувентус три дена подоцна. Сепак, тој сигурно ги пропушта првите четири натпревари по продолжувањето на сезоната, вклучително и реваншот со Јувентус во полуфиналето на Купот на Италија. За време на закрепнувањето, Златан ќе престојува во Италија и повеќе нема да се…

Read More

Тренерот на Фламенго, Жорже Жесус, потпиша нов договор со клубот. Договорот ќе трае до 2021 година. Под негово водство, „Црвено-црните“ ги освоија Копа Либертадорес (за прв пат по 1981 година) и Бразилскиот шампионат (за прв пат по 2009 година). Тренерот предизвика скандал пред некое време, Жесус се вратил во родната Португалија откако бил заразен со коронавирус. Тој пристигна на аеродромот во Лисабон облечен со ракавици и маска, додека новинарите кои го чекаа него беа без опрема за лична заштита.

Read More

Фиорентина покажува сериозен интерес за напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, објавија медиумите во Италија. Од „Артемио Френки“ прават се што е во нивна моќ да го ангажираат 26-годишниот напаѓач. Во моментов, сепак, преговорите со Торино се доста тешки. Од оваа екипа немаат намера да ја ослободат својата прва ѕвезда за помалку од 70 милиони евра. Белоти има договор со неговиот сегашен клуб до 2022 година. Тој пристигна во Торино во 2015 година за 8,5 милиони евра од Палермо и брзо стана клучен играч, а досега постигнал 85 голови на 179 натпревари. Фиорентина се уште се надева дека ќе го убедат…

Read More

29-годишниот италијански напаѓач Марио Балотели постигна договор со претседателот на Бреша за раскинување на договорот, објави весникот „Република“. Раководството на Бреша одлучи да го прекине работниот однос со напаѓачот, откако Марио Балотели во неколку наврати ги пропушти тренинзите на клубот. Сепак, 29-годишниот напаѓач тврдеше дека не пропуштил тренинг во Бреша. Балотели му се приклучи на тимот на Бреша минатото лето како слободен агент, потпишувајќи договор со клубот до 2022 година со плата од 1 милион евра, што може да порасне 4 пати како резултат на бонусите. Оваа сезона, напаѓачот на 19 натпревари во италијанската Серија А, постигна 5 гола. Бреша,…

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими, кој е на позајмица во  Борусија Дортмунд, ќе се врати во мадридскиот клуб на крајот на сезоната 2019/20, објави новинарот Николо Скира на својата страница на Твитер. Според изворот, 21-годишниот фудбалер ќе потпише нов договор со шпанскиот клуб, со важност до 2025 година. Оваа сезона, Хакими одигра 29 натпревари како дел од Борусија Д., постигна 5 гола и направи 10 асистенции. Тековниот договор на дефанзивецот со Реал Мадрид е до летото 2021 година. Да потсетиме дека Хакими беше прогласен за најбрз играч во Бундеслигата. Во натпреварот од 20-то коло со Унион Берлин (5:0) на…

Read More

Играчот од средниот ред на Челзи, Педро, со голема веројатност ќе се пресели во Рома во текот на летото, пренесуваат медиумите во Италија. Договорот на 32-годишниот Шпанец со лондонскиот клуб истекува на крајот на сезоната. Се претпоставува дека тој ќе се пресели во Рома како слободен агент. Според истиот извор, двете страни постигнале значителен напредок во преговорите. Во исто време, Јувентус, Валенсија, Севиља и Бетис продолжуваат да бидат заинтересирани за играчот. Оваа сезона, Педро во сите натпреварувања настапи на само 18 натпревари. Настапот на Шпанецот беше погоден од повреди кои не му дозволуваа почесто да биде на терен. За пет…

Read More

Севиља и Хетафе би можеле да влезат во трансфер битка за напаѓачот на Фортуна (Дизелдорф) Кенан Караман, пренесуваат медиумите во Шпанија. Турскиот репрезентативец игра одлично во Бундеслигата, каде веќе има 6 гола на 12 натпревари. Единствениот проблем е што тој страда од повреди и затоа има одиграно толку малку натпревари во текот на сезоната. Спортскиот директор на Севиља, Мончи има намера да го освежи нападот на тимот во текот на летото и го сврти вниманието кон Караман. Од „Рамон Санчез Писхуан“ размислува да го продадат Мунир Ел Хадади и ќе бараат замена за него. Во исто време и на Хетафе…

Read More

Летниот преоден рок во Франција ќе биде отворен од понеделник, 8 јуни. Предвременото отворање ќе им овозможи на клубовите да купуваат и продаваат играчи во земјата. Одлуката на ФИФА за глобалниот трансфер период не е донесена и се преговара. Обично трансфер периодот се затвора на почетокот на септември, но оваа година може да остане отворен до крајот на деветтиот месец од годината. Во Франција, многу рано се решија да не го играат шампионатот, додека другите големи првенства во Европа ќе се обидат да ја завршат сезоната. Во Германија први започнаа со рестартирање, а во наредните денови се очекува ова да…

Read More

Агентот на напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле, Муса Сисоко изјави дека играчот нема да го напушти тимот ова лето, и покрај интересот на Ливерпул и Јувентус. „Мислам дека Осман нема да ја напушти Барселона за време на летниот преоден рок“, рече Сисоко во интервју за „Л‘Екип’. Дембеле има само 9 натпревари со 1 гол за Каталонците во досегашниот дел од сезоната. За него се заинтересирани и голем број други клубови, меѓу кои и Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Јувентус.

Read More