Португалскиот интернационалец Жоао Марио, кој е играч на Интер, но на позајмица во Локомотив Москва, го привлече вниманието на францускиот тим Олимпик Марсеј. Еден од скаутите на Олимпик Марсеј за локалните медиуми изјавил дека постои одредени разговори помеѓу клубот и претставниците на играчот. Самиот Жоао Марио има желба да работи под водство на својот сонародник Андре Вилаш-Боаш. И покрај договорот со Интер, кој е со важност до летото 2022 година, Италијанците планираат да се разделат со играчот и може да се согласат да го ослободат играчот од средниот ред, под услов клубот кој ќе го купи да ја преземе поголемата…
Author: riste
Бразил ја повлече својата кандидатура за домаќин на Светскиот шампионат за жени во 2023 година. Причината е што поради кризата околу пандемијата на коронавирусот, Фудбалската конфедерација на јужноамериканската земја не е во состојба да ги обезбеди финансиските гаранции што ги бара ФИФА за учество во постапката за избор на организатор на СП. Така, Колумбија, Јапонија и заедничката понуда на Австралија и Нов Зеланд остануваат кандидати за завршниот турнир со 32 екипи. Бразилската фудбалска конфедерација објави дека на гласањето ќе ги поддржува своите соседи од Колумбија, а одлуката за изборот се очекува да биде донесена на 25 јуни. Земја од Јужна…
Капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва го напушта тимот, откако ќе му истече договорот на 30 јуни. Од ПСЖ информираа дека 35-годишниот бразилски дефанзивец вчера оствари средба со спортскиот директор на парижаните, на која бил известен дека неговиот договор нема да биде продолжен. Силва беше еден од играчите кој одби да му се намали платата како услов да остане на „Паркот на принцовите“. Секако дека има интерес за овој играч. Тој би можел да заврши назад во Милано, каде играше помеѓу 2009 и 2012 година. Со „росонерите“ ја освои титулата во сезоната 2010/2011. Бразилецот може да се најде и во Евертон,…
Германскиот дефанзивец Бенедикт Ховедес го напушти московскиот тим Локомотив, пренесува прес-службата на клубот од руската Премиер лига. „Од семејни причини, Бени одлучи да остане во Германија. Клубот ја прифати неговата одлука и договорот беше раскинат со взаемна согласност. Му благодариме за сè и му посакуваме понатамошен успех”, се вели во пораката на Твитер. Ховедес беше дел од Локомотив од 2018 година, а пред тоа ги бранеше боите на Јувентус и неговиот матичен клуб Шалке 04. Оваа сезона 32-годишниот играч одигра 18 натпревари од шампионатот на Русија.
Катарскиот клуб Ал-Духаил е заинтересиран за Давид Силва, објавија британските медиуми. Шпанскиот играч од средниот ред на Манчестер Сити размислува за можноста да ја напушти Англија, откако одигра 10 сезони во екипата на Манчестер Сити. 34-годишниот Силва е светски и двократен европски шампион со шпанската репрезентација. Ал-Духаил, лидерот на првенството во Катар во своите редови ги има sвездите Марио Манџукиќ и Меди Бенатија. Давид Силва се пресели од Валенсија во Манчестер Сити за 26 милиони фунти во 2010 година, а потоа освои вкупно четири титули во Премиер лигата и два ФА Купа со „граѓаните“. Клубови од САД и Шпанија се…
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез ќе биде надвор од комбинација за настап околу три недели, пренесуваат шпанските медиуми. Од „Сантијаго Бернабеу“ официјално објавија извештај за повреда на мускулот, без да го наведе датумот за закрепнување на играчот. 30-годишниот универзален дефанзивец сигурно нема да биде во составот на Реал Мадрид за неделниот натпревар со Еибар, како и за претстојните натпревари со Реал Сосиедад, Мајорка и Еспањол. Начо и Лука Јовиќ се единствените повредени во составот на Реал Мадрид.
Ракометниот вицешампион и претставник на Македонија минатата сезона на нашата земја во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го официјализираше шестото засилување за сезоната 2020/21. Засилувањето на тимот на Жељко Бабиќ продолжува и од денес нов член на битолскиот суперлигаш е младиот Дејан Кукуловски, кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар. Станува збор за играч, кој ги помина младинските екипи на Вардар, а потекнува од школата од Ресен. Настапуваше за Вардар Јуниор, кој беше чќен на Суперлигата, додека повремено добиваше и шанса за игра во првиот тим. Дебитираше за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата пред две години, додека минатата сезона постигна и два…
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Каи Хавертц ќе го пропушти во вторник полуфиналето на Купот на Германија против Сарбрикен, објави тренерот на оваа екипа, Петер Бос. „Овој меч е премногу рано за него“, рече Бос за 20-годишниот Хаверц, кој исто така го пропушти дербито со Баерн Минхен изминатиот викенд поради повреда на мускулот. Бос додаде дека сè уште не е сигурен дали Хавертц ќе може целосно да се опорави за првенствениот натпревар против Шалке иследниот викенд. Ларс Бендер, Дејли Синкгравен и Лион Бејли дефинитино го пропуштаат мечот со Сарбрикен, но Бос потврди дека ќе смета на најдобрите кои се подготвени за…
Манчестер Јунајтед понуди 100 милиони евра за напаѓачот на Барселона Ансу Фати , но беше одбиен, пренесува пшпанскиот „Sport.es“. Според изворот, од Манчестер Ј. дале конкретна понуда за напаѓачот, но играчот е интересен и за уште неколку клубови во англиската Премиер лига. Сепак, и покрај големата сума и тековната финансиска криза предизвикана од паузата поради пандемијата на коронавирусот, предлогот беше одбиен. Одлуката ја донесе лично претседателот на Барселона, ,Јозеп Марија Бартомеу. Тој изјави дека Фати не е на продажба и дека Каталонците нема да влезат во преговори за играчот. 17-годишниот Ансу Фати е дете на Барселона. Оваа сезона напаѓачот постигна…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека доколку тимот ја освои титулата, клубот има намера да ја одржи шампионската парада по секоја цена. „Навивачите на Ливерпул веќе 30 години чекаат на титула во лигата. Секако, ова не е идеална ситуација за триумф во Премиер Лигата сега, но одлично е што можеме да станеме шампиони. Жално е што нема да можеме да го прославиме освојувањето на титулата како минатата година кога ја освоивме Лигата на шампионите. Не сакам да славам сам на стадионот и да одам дома и да пијам пиво или чаша вода, но главната работа е што ќе ја…
