Еден од најпознатите фудбалски клубови во историјата на германскиот фудбал, Кајзерслаутерн се наоѓа пред згаснување. Четирикратниот шампион во Бундеслигата ќе поднесе барање за банкрот во локалниот суд. Кајзерслаутерн во моментов се наоѓа во долгови во висона од 24 милиони евра, а се натпреварува во трета лига и не може да најде нови инвеститори, па клубот мора да оди во банкрот. Екипата имаше проблем да најде приходи и порано, а сега со корона-кризата дополнително ја искомплицира целата ситуацијата. Целата оваа процедура за банкрот може да трае два до три месеци, што е време во кое ќе се бра некое решение. Кајзерслаутерн беше дел од Бундеслигата…
Author: riste
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, го стигна поранешниот дефанзивец на Барселона , Роналд Куман, кој беше број еден кај најдобрите стрелци на шпанското првенство меѓу дефанзивците. Серхио Рамос постигна гол во натпреварот од 28-то коло Примери со Еибар (победа од 3:1). Сега тој и Роналд Куман имаат по 67 гола. Топ 5 најдобри стрелци – дефанзивци во шампионатот на Шпанија 1-2. Серхио Рамос (Реал Мадрид) – 67 гола (11 – од пенал) 1-2. Роналд Куман (Барселона) – 67 (46) 3. Фернандо Иеро (Реал Мадрид) – 51 (19) 4. Роберто Карлос (Реал Мадрид) – 46 (2) 5. Пири (Реал Мадрид)…
Францускиот гигант ПСЖ изгуби скоро 200 милиони евра поради пандемијата на коронавирус, призна спортскиот директор на клубот Леонардо. „Пандемијата ја зафати целата планета и ние не сме исклучок. Загубите ќе влијаат на нашето однесување на пазарот на трансфери“, коментираше Бразилецот. ПСЖ традиционално беше меѓу клубовите кои плаќаа сериозни пари во последните години, но тоа време помина. „Не верувам дека ќе видиме трансфери од 100 милиони евра ова лето. Никој не може да си дозволи вакви трошоци, дури ни ние”, рече Леонардо, што значи дека интересот на парижаните за играчи како Сергеј Милинкович-Савиќ од Лацио и Калиду Кулибали од Наполи ќе…
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, лично му го честиташе на велшкиот крилен играч Герет Бејл неговиот љубилеен натпревар 250 во дресот на Реал Мадрид. Ова се случи при победата над Еибар со 3:1, во која 30-годишниот Велшанец влезе како замена во второто полувреме. Во чест на овој убав љубилеј , Перез му подари на Бејл специјален дрес со бројот 250. Велшанецот се пресели во Реал во 2013 година од Тотенхем. Со тимот на Реал, тој стана шампион на Шпанија во 2017 година и четири пати го освои трофејот во Лигата на шампионите. Бејл не добива доволно минути за игра…
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, стана третиот тренер во историјата на Кралскиот клуб, кој поминал 200 натпревари на чело на тимот. Јубилејот за францускиот тренер е токму на средбата од 28. коло од шампионатот на Шпанија со Еибар. Рекордер со бројот на натпревари на клупата на Реал Мадрид (605) е Мигел Муњоз, 236 натпревари зад своето име на клупата на Реал Мадрид има Висенте дел Боске. На 200 натпревари како тренер на Реал Мадрид Зинедин Зидан остварил 132 победа, 42 пати играл нерешено и претрпел 26 порази. Французинот го предводеше клубот до 10 трофеи, вклучувајќи три последователни пехари во…
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека клубот нема да се раздели со тренерот Томас Тухел. „Договорот на Тухел со ПСЖ важи уште една година. Тој ќе продолжи да го води тимот следната сезона. Тој направи одлична работа и покажа добри резултати. Што се однесува до продолжувањето на договорот, ќе имаме време да размислиме за тоа. Важно е да се напомене дека не сум контактирал со други тренери. Ние сме целосно транспарентни во нашите односи со Тухел“, изјави Леонардо. Тухел го води ПСЖ од 2018 година. Под негово водство, парискиот клуб двапати стана шампион на Франција и двапати го освои…
Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба ќе го пропушти натпреварот од 29-то коло од Ла Лига против Легањес. Играчот доби жолт картон синоќа против Мајорка (4:0). Шпанецот нема да може да учествува на натпреварот затоа што вчерашниот картон беше негов петти во сезоната и автоматски значи суспензија. Алба го постигна третиот гол во убедливата победа на Каталонците на гостувањето кај Мајорка. Натпреварот од 29-то коло на шпанскиот шампионат Барселона – Легањес ќе се одигра во вторник на 16 јуни.
Шестиот интернационален ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ кој требаше да се одржи оваа година од 19 јуни до 1 јули се откажува. Причината е една и единствена, пандемијата предизвикана од вирусот Kовид-19. Организаторите и Лазаров се надеваа дека состојбата ќе се смири до стартот на кампот, но во моментов подобрување нема. Капитенот Лазаров кој е идеен творец на кампот и во изминативе 5 години континуирано беше со децата жали за настанатата ситуација, ама вели дека здравјето сега е на прво место. „Императив секогаш е здравјето на децата. Почитувајќи ги препораките на надлежните кои забрануваат групирање на повеќе од две лица, одржувањето на…
Њукасл и Челзи започнаа разговори за евентуалниот трансфер на Маркос Алонсо на „Сент Џејмс Парк“. Според весникот „Мирор“, лондончаните сакаат 26 милиони фунти за 29-годишниот Шпанец. Договорот на Алонсо со „Сините“ истекува по три сезони, а за време на последната сезона тој играше левото крило од одбраната заедно со Сезар Аспиликуета и Емерсон Палмиери. Френк Лампард сака да го привлече левиот бек Лестер Сити Бен Чилвел, што дополнително ќе ги ограничи шансите за настап на Алонсо. Шпанецот дојде во Челзи во 2016 година од Фиорентина и стана шампио во Премиер лигата, и освојувач на ФА Куп и Лига Европа.
Реал Мадрид го обнови интересот за играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, тврди весникот „АС“. Според оваа информација, лондончани се подготвени да се разделат со својот фудбалер, со цел да го финансираат големото обновување на тимот, за што се подготвуваат Роман Абрамович и Френк Лампард. Сините веќе го привлекоа Хаким Зиеш од Ајакс, за кого потрошија 36 милиони фунти. Трансферот на Тимо Вернер, кој ќе чини 53 милиони, може да биде финализиран во секој момент. Следната голема цел е Каи Хавертц, за кој се проценува дека треба да платат околу 75 милиони фунти. Доколку се остварат сите овие…
