Author: riste

Баер Леверкузен ќе ја намали сумата која ја бара за својот играч Каи Хавертц ако влезат во Лигата на шампионите, објавија медиумте во Англија. Според истата информација, доколку клубот од Леверкузен влезе во Лигата на шампионите, цената на играчот од средниот ред ќе се намали од 90 милиони фунти (скоро 100 милиони евра) на 70 милиони фунти (77 милиони евра). Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Челзи, кој е фаворит во борбата за играчот, но и Ливерпул се заинтересирани за услугите на Каи Хавертц. Оваа сезона Хавертц постигна 15 голови и 8 асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања на…

Read More

Во текот на вчерашниот ден имаше најава, а денес тоа се официјализираше. ЕХФ денес објави дека Македонија нема да има два претставника во новата сезона на Лигата на шампионите, откако не одговорија позитивно на апликацијата на македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер. Со оглед на високиот рејтинг кој го има македонскиот ракомет на европска сцена (трето место), битолскиот тим исто како лани аплицираше за „вајлд-карта“ за ново учество во ракометната елита, но овој пат не го доби посакуваниот одговор од страна на Европската ракометна федерација. Познато е дека од следната сезона, ракометната Лига на шампиони ќе се игра по нов формат и…

Read More

Навивачите на Шкендија се во исчекување дали нивниот клуб ќе успее да се договори за продолжување на соработката со еден од своите најдобри фудбалери Бесарт Ибраими. Тетовскиот тим се обидува да го задржи својот голгетер, кој има атрактивни понуди од Албанија и Косово. Од Шкендија се надеваат дека ќе успеат да го задржи својот најдобар стрелец, а последните разговори одат во таа насока и може да се очекува дека Ибраими ќе стави потпис на нов договор со Шкендија. Бесарт Ибраими веќе пет години е дел од Шкендија, односно од јули 2015 година. Во овој период успеа да освои две шампионски…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, нема добиено понуди од англискиот клуб Манчестер Јунајтед и нема намера да го напушти неговиот сегашен клуб, пренесува „Мундо Депортиво“. Изворот се повикува на близок пријател на играчот, кој ги негира гласините за можното заминување на фудбалерот од Барселона. „Задоволни сме од напредокот на Фати. Тој работи импресивна работа. Тој треба да остане смирен и да продолжи во ист дух “, сметаат пријателите на играчот. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед најпрво им понудил на Каталонците 100 милиони евра, а откако биле одбиени, ја зголемиле понудата на 150 милиони евра. Потоа, износот за Фати дошол…

Read More

Лаутаро Матинез е малку веројатно дека ќе се пресели во Барселона по крајот на сезоната. Раководството на Интер е непопустливо и нема да направи никакви отстапки, што значи дека Аргентинецот скоро сигурно ќе остане на „Џузепе Меаца“. Интер е во добра позиција затоа што Лаутаро има долгорочен договор и клубот доби значителна сума за Мауро Икарди од ПСЖ и не е под притисок да го продаде. Новинарот Џанлука Ди Марцио ја објасни ситуацијата околу иднината на напаѓачот. Тој може да заврши во Барса само доколку Каталонците ја активираат откупната клаузула вредна 111 милиони евра, или ако платат помеѓу 90 и…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема се искачи на 5-та позиција на листата на најдобри стрелци во клубот на Мадрид. На домашниот натпревар од 29-то коло на Примера со Валенсија, Французинот беше стрелец на два гола на оваа средба, а неговиот втор гол беше за него 243-ти во дресот на  „кралскиот клуб“. Пушкаш имаше 242 постигнати голови. Најдобар стрелец на Реал Мадрид со 450 постигнати голови е Кристијано Роналдо, кој моментно игра во Јувентус. Раул (323) го зазема второто место на списокот, а потоа следуваат Алфредо ди Стефано (308) и Сантиљана (290). Следен предизвик за Бензема во наредните години ќе…

Read More

Во натпреварот од 29. коло на шпанскиот шампионат Реал Мадрид ја совлада Валенсија со 3:0, а вториот гол на оваа средба беше дело на Марко Асенсио. Асенсио погоди во 74-та минута од средбата, откако го совлада голманот на противничката екипа по првиот допир на топката по неговото влегување во игра. Напаѓачот се врати на терените по 330 дена, откако се повреди на пријателскиот натпревар одигран на 24 јули 2019 година, во кој беше сериозно повреден. На оваа средба два гола постигна Карим Бензема, а за вториот гол асистент беше токму Марко Ансенсио кој во 86-та минута му асистираше на Бензема…

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира може да пропушти месец и половина поради повреда, пренесува „Sky Sport Italia“. Претходно, на германски фудбалер му беше дијагностицирана повреда на тетивата на десната нога. Повреден е и дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро. Се очекува тој да пропушти околу три недели. Кедира игра за Јувентус уште од летото 2015 година. Претходно, играчот од средниот ред ги бранеше боите на Реал Мадрид и Штутгарт. Германскиот интернационалец има договор со клубот од Торино до 30 јуни 2021 година и вклучува опција за обновување за уште една сезона. Пред рестартот на сезоната во Серија А,…

Read More

Играчот од средниот ред на Виљареал, Бруно Сориано може да го направи долгоочекуваното враќање во игра денес. Поранешниот шпански репрезентативец не беше на теренот во официјалниот натпревар од мај 2017 година, кога беше стартер против Валенсија. Следеа серија повреди на коленото, кои го оневозможија да настапува цели три години. Сепак, Сориано не се откажа и покрај неговата возраст, тој е подготвен да ја продолжи кариерата. 36-годишниот играч од средниот ред сега е целосно здрав и вечерва ќе биде во составот за натпреварот против Гранада. Тој веројатно нема да биде стартер, но голема е веројатноста да се појави во второто полувреме.…

Read More

Европскиот ракометен шампион Вардар полека го склопува играчкиот кадар за претстојната сезона. Најновото име во ростерот на „црвено-црните“ ќе биде искусниот десен бек Марко Вујин, кој последната сезона беше дел од Спортинг Лисабон. Овој 36 годишен поранешен српски репрезентативец, имаше здравствени проблеми пред една година, но се врати со солиден настап во ЛШ во дресот на Спортинг Лисабон. Остануваат само формалности за да официјално биде играч на Вардар. Нашиот шампион претходно ги ангажираше Томислав Јагуриновски и Јосип Векиќ на оваа позиција, но сепак Вујин е искусен бек шутер кој треба да помогне да се пополни празнината по заминувањето на Криштопанс.…

Read More