Раководството на Ливерпул не планира да купува скапи фудбалери во следниот летен трансфер период. Менаџерот на тимот, Јирген Клоп е задоволен од сегашниот список на играчи, објавија медиумите во Англија. Ливерпул е заинтересиран за неколку познати играчи, вклучувајќи го крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џеадон Санчо, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Претходно беше објавено дека на крајот на сезоната 2019/20 година, клубот од „Енфилд“ може да остане без напаѓачот Садио Мане. Според гласините, 28-годишниот Сенегалец е незадоволен од Клоп. Главниот кандидат за услугите на Мане е Реал Мадрид. Оваа сезона екипата на Ливерпул стана…
Author: riste
Раководството на Интер ја разгледува можноста за размена на дефанзивецот на Милан Шкриниар за напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Трансферот може да се случи на крајот на оваа сезона, пренесува „Калчомеркато“. За услугите на Шкриниар е заинтересиран и Реал Мадрид. Интер го проценува 25-годишниот Словачки фудбалер на 70 милиони евра. Тековниот договор на дефанзивецот важи до 30 јуни 2023 година. Агуеро игра за Манчестер Сити од 2011 година. Во тековната сезона, 32-годишниот Аргентинец забележа 23 гола и 4 асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања на клупско ниво. Во текот на вчерашниот ден генералниот директор на Интер Џузепе Марота…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за натпреварите со Арсенал во полуфиналето од ФА Купот и Реал Мадрид во 1/8 финалето на Лигата на шампионите. „После поразот против Челзи, задоволни сме што повторно ќе играме на „Вембли“ во Лондон. Имаме средба со Арсенал во полуфиналето на ФА Купот. Имаме шанси да стигнеме до финалето на турнирот. Освојувањето на трофејот во ФА Купот е неверојатен момент што ќе ни даде дополнителен стимул. Имавме разговор по она што се случи во Премиер лигата, потребни ни се уште две победи за да се пласираме во ЛШ. Можеме да освоиме…
Американската фудбалска лига (МЛС) објави дека 20 фудбалери и шест лица кои се во тренерскиот штаб на екипите од Лигата, имаат позитивни тестови за коронавирус. Веста беше објавена на само 10 дена пред продолжувањето на првенството во САД, кое е закажано за 8 јули. Вкупно се тестирани 668 играчи од 4 јуни, кога екипите продолжија со тренинзите. Продолжувањето на првенството ќе се случи во форма на турнир закажан за периодот од 8 јули до 11 август во Флорида. 18 лица беа со позитивни тестови при првиот преглед, а од синоќа има уште два, што се од последните екипи што пристигнаа.…
Новиот играч на Челзи, Тимо Вернер ја коментираше својата одлука да го напушти РБ Лајпциг пред преостанатите натпревари на тимот во Лигата на шампиони. Самиот напаѓач нема да може да игра за лондончани во реваншот против Баерн (Минхен) во 1/8 финалето на Лигата на шампионите. „Секако дека ме боли што не можам да му помогнам на Лајпциг во Лигата на шампионите. Но, јас сум играч на Челзи од 1 јули и од тогаш овој клуб ќе ми ја дава платата. На сите им беше јасно – на Челзи, на РБ Лајпциг и на мене дека треба да го решиме тоа.…
Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, може повторно да ја предводи Валенсија, каде работеше од декември 2012 до јуни 2013 година, пренесуваат медиумите во Шпанија. Според истите извор, Ернесто Валверде е во потрага по дом во Валенсија. Тој веќе бил во преговори со раководството на Валенсија, а потоа започнал да бара место за живеење во околината на Валенсија. Валенсија, на последните четири натпревари има три порази, ја напушти зоната која води во Европските купови и падна на 8-то место, имајќи на своето конто 46 освоени поени по 32 кола. Валверде ја предводеше Барселона во 2017 година. Под негово водство, клубот…
Поранешниот германски репрезентативец Марио Гомез призна дека планира да ја заврши кариерата како фудбалер. Напаѓачот му помогна на Штутгарт да се врати во Бундеслигата, и покрај поразот со 1:3 од Дармштат во последното коло. Штутгарт го обезбеди второто место во Втората Бундес лига, откако Хајденхајм загуби со 0:3 од Арминија Билефилд. 34-годишниот ветеран ја заврши сезоната со 7 гола на 24 одиграни натпревари. „Мојата главна цел беше да ја завршам кариерата тука како играч во Првата Бундес лига. На почетокот на сезоната бев сигурен дека ќе се вратиме во елитата. Затоа, решив дека ова ќе биде мојата последна година како…
РБ Салцбург го освои австрискиот фудбалски шампионат седма сезона по ред, откако синоќа славеше на домашен терен против Хартберг со 3:0. По освојувањето на Националниот Куп, фудбалерите на Салцбург водат со 9 бода предност пред второпласираниот тим на Рапид (Виена) и на две кола пред крајот теоретски ја обезбедија титулата. Тимот на ЛАСК Линц водеше долго во текот на сезоната, но тие беа казнети со 6 поени, подоцна намалени на -4 по делумно прифатена тужба за кршење на правилата за спречување на коронавирусот. Фудбалерите тренираа групно и покрај ограничувања да работат само индивидуално. Оваа титула е уште позначајна за Салцбург…
Освојувачот на ФА Купот на Англија, Манчестер Сити во полуфиналето ќе се соочи со Арсенал. Манчестер Јунајтед ќе го пречека Челзи. Тоа е резултат на денешната ждребка за полуфиналната фаза од ФА Купот, која ја направи легендата на англискиот фудбал Алан Ширер на паузата од последниот натпревар од четвртфиналето, дуелот меѓу Њукасл и Манчестер Сити. Вчера Манчестер Јунајтед го победи Норвич по продолжение, а денес на „црвените ѓаволи“ им се придружија и Арсенал, кој го совлада Шефилд Јунајтед со 2:1, Челзи, кој го елиминираше Лестер по победата од 1:0. Последниот полуфиналист беше Манчестер Сити, кој го елиминираше Њукасл по победата…
Фудбалерот на Леванте и наш репрезентативец Енис Барди е во списокот на желби кај Арсенал. Откако денес уште еднаш Енис Барди беше стрелец на гол за Леванте при победата од 4:2 против Бетис, беше објавена информацијата за заинтересираноста на Арсенал. https://twitter.com/ODValencia/status/1277242761117413376?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1277242761117413376%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Farsenal-po-stapkite-na-levante-interes-ima-i-od-fiorentina-i-eden-bundesligash Шпанското радио „Онда депортива“ сподели информација дека за нашиот фудбалер пристигнала понуда од Арсенал и дека овој Премиерлигаш сака да го види 24-годишниот играч за врска во своите редови. Неговата моментална форма во завршницата од тековната сезона сигурно може да помогне во реализацијата на овој евентуален трансфер. Барди дојде во Шпанија од екипата на Ујпешт од Унгарија за само 1,5 милиони…
