Германската екипа Борусија (Дортмунд) објави дека го привлече 17-годишниот англиски играч од средниот ред Џуд Белингам од Бирмингем Сити за 23 милиони евра. Договорот на младиот фудбалер со Борусија Дортмунд е на пет години, информираше весникот „Билд“. Интересно е што во Бирмингем ја одбраа понудата на Борусија Дортмунд и покрај тоа што и Манчестер Јунајтед имаше интерес и понуда за овој играч. Од „Олд Трафорд“ понудија значително повеќе, 30 милиони фунти. Оваа сезона, Белингем, кој наполни 17 години на 29 јуни, има одиграно 35 натпревари во Чемпионшип натпреварувањето во кои има постигна 4 гола.
Author: riste
Во натпреварот од 32-то коло од шампионатот на Англија, Манчестер Сити го совлада Ливерпул со 4:0. Средбата се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер. Ова беше најголемиот пораз за тимот на Ливерпул од 1998 година, кој предвреме стана шампион на Премиер лигата. Интересно е тоа што на 06.05.1998 година, Арсенал загуби со истиот резултат од Ливерпул во Премиерлигата 1997/98. Ливерпул стана шампион на Англија на седум кола пред крајот на сезоната. Првото место на табелата во Премиерлигата на Ливерпул му го обезбеди резултатот од натпреварот во 31. коло кога Челзи го совлада Манчестер Сити со 2:1.
Поранешниот легендарен играч на Барселона, Чави , сега тренер на Ал Сад од Катар, ја прифатил понудата да се врати во каталонскиот клуб како главен тренер следната сезона, објави „Мундо Депортиво“. Тоа би значело дека сегашниот тренер на Барселона на Кике Сетиен ќе мора да замине од клубот по завршувањето на сезоната односно ќе биде отпуштен. Според изворот, пред да го поканат Чави од Барселона, раководството на клубот морало да ја побара поддршката на фудбалерите од клубот за ова прашање. На 40-годишниот поранешен играч од средниот ред ќе му биде понуден договор со плата од 6 милиони евра годишно. Претходно…
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го пофали својот тим за трпението кое го имале при победата од 1:0 над Хетафе во 33-то коло од Ла Лига. Успехот беше многу вреден за Реал Мадрид, кој се оддалечи на плус 4 поени пред Барселона во борбата за титулата. „Беше јасно дека ќе биде многу тешко за нас. Во првото полувреме, Хетафе нè притискаше многу високо и скапо нè чинеше тоа. Но, трпеливо ја чекавме нашата шанса и ја достигнавме целта. Моравме да останеме мирни и покрај нивната добра одбрана. Играчите заслужуваат честитки. затоа што натпреварот не беше лесен ниту физички ниту…
Во моментот кога неговиот поранешен клуб Манчестер Сити му ја честиташе титулата на новиот шампион Ливерпул, Лерој Сане се фотографираше со новиот дрес на Баерн Минхен кој ќе го носи во иднина. Од вечерва и официјално Баерн Минхен во своите редови има уште еден германски репрезентативец. Сане потпиша договор со баварците до јуни 2025 година. И покрај тоа што нема официјална информација колку чинеше овој трансфер, сепак се претпоставува дека Сити ќе добие нешто повеќе од 50 милиони евра. Лерој Сане неколку пати одбиваше да потпише нов договор со тимот на Манчестер Сити, а веќе е јасно од која причина. 24-годишниот…
Дефанзивецот на Евертон, Лука Дин, го привлече интересот на Челзи и Манчестер Сити, пренесува „ЕСПН“. Според изворот, двата клуба го гледаат 26-годишниот Французин како алтернатива во случај на неуспех во преговорите со дефанзивецот на Лестер Сити, Бен Чилвел. Во сезоната 2019/20, Лука Дин одигра 33 натпревари за Евертон, постигна 1 гол и 7 асистенции. Во моментов според порталот „Transfermarkt.com“ неговата вредноста е проценета на 28 милиони евра.
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ нема да го обнови договорот со клубот и најверојатно ќе се пресели во Хамарби, Шведска, тврди „Скај Спорт Италија“. Како што е познато, 38-годишниот голгетер има договор со „росонерите“ до крајот на сезоната, откако се врати на „Сан Сиро“ минатата зима. Во овој период тој има 4 гола и 1 асистенција на 11 натпревари. Ибрахимовиќ тренираше со Хамарби за време на паузата во Серија А поради пандемијата на коронавирусот, а исто така поседува 25% од акциите на клубот. Ибрајхимовиќ нема настап за Милан по рестартирањето на сезоната поради повредата која ја заработи на тренинг пред…
Шпанскиот министер за спорт, Ирене Лозано и претседателот на шпанската фудбалска лига, Хавиер Тебас, категорично ја отфрлија опцијата за враќање на гледачите на стадионите до крајот на сезоната. „Безбедносните мерки бараат сезоната да заврши без публика. Фудбалот привлекува многу луѓе. Не е како во кино слаите. Дури и со намален капацитет, може да значи 30.000 луѓе на едно место. Фудбалот е различен од другите активности”, рече Лозано. Ниту едно од водечките првенства во Европа не дозволува гледачи на стадионите, за разлика од Србија, Бугарија и Данска, каде навивачите се вратија на трибините. „Во моментов, враќањето на публиката не е приоритет…
Барселона планира да го испрати напаѓачот Антоан Гриеман во друг клуб, велат медимите во Италија. Каталонците му понудиле на францускиот напаѓач три клуба – ПСЖ, Интер и Јувентус. Барселона е подготвена да го размени Гризман за Нејмар, Лаутаро Мартинез, Даглас Коста или Адриен Рабио. Претходно беше објавено дека Барселона има намера да го засили составот на тимот со напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез. 22-годишниот Аргентинец е главна цел на Барселона во следниот преоден рок. Како замена, Интер разгледува неколку опции, од кои едната е напаѓачот на Барселона Антоан Гризман. Обештетувањето на Мартинез се 111 милиони евра, за Гризман е 120…
Сè уште не е јасно дали реваншот од 1/8 финалната фаза на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе се игра на стадионот „Етихад“ или во Лисабон. Престолнината на Португалија ќе биде домаќин на сите натпревари од четвртфиналето, а пред неколку дена имаше информации дека ова важи и за преостанатите натпревари од 1/8 финалето. Сепак, второто не е точно, барем во оваа фаза. Според „Sky Sports“, од УЕФА испратиле документ од 10 страници до сите 55 федерации кои се членки на организацијата. Ги објавиле најновите планови за одигрувањето на натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на…
