Фудбалската федерација на Македонија преку официјално соопштение најави дека бараж дуелите за влез во ВМФЛ-Запад се откажани поради нови случаи на заразени фудбалери. Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад. Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус – Covid-19 потврдија дека вкупно 13-ет фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на Covid-19. Според пропозициите за натпреварување, ждреб ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21. Откако ќе бидат добиени…
Author: riste
Податоците кои ги објави националната телевизија АРД покажуваат сериозен пад на интересот за фудбал во Германија. И покрај недостатокот на навивачи на стадионите, многу помалку луѓе ги гледаа натпреварите на телевизија по продолжувањето на првенството. Финалето на германскиот куп во саботата го следеле 7 милиони гледачи на АРД, што претставува намалување за 26,6 %. Помеѓу 2013 и 2019 година, натпреварот за трофејот во Купот на Германија го следеле во просек 10 милиони луѓе. Традиционалното фудбалско шоу на националната телевизија „Sportschau“ забележа остар пад на гледаноста од средината на мај, кога продолжија натпреварите во Бундеслигата. Во овој период, просечно, 3,3 милиони…
УЕФА направи план за одигрувањето на завршниот турнир во Лигата на шампионите со одигрување на четвртфиналните средби на едно место со по еден натпревар и то аво Лисабон. Остана отворено прашањето што со реванш натпреварите од осминафиналето кои не се одиграа во март. Баерн Минхен , Јувентус, Манчестер Сити и Барселона ќе бидат домаќини на натпреварите и ќе ги пречекаат своите противници пред празните трибини на своите стадиони. Ова беше дилема која траеше долго време, а УЕФА на состанок в петок ќе треба да ја потврди оваа одлука. Баерн треба на 2Алијанц Арена“ да го пречека Челзи, Јувентус ќе биде домаќин…
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е вистински експерт за изведување на пенали. Статистиката покажува дека шпанскиот дефанзивец има 22 последователни удари од пенал кои биле успешно реализирани, вклучувајќи ги и оние по регуларните 90 минути. Бројот 22 на успешно реализирани пенали беше оној вчерашниот на мечот со Атлетик Билбао. „Се чувствувам најдобро во овие моменти на напнатост. Многу ја сакам оваа ситуација”, рече Серхио Рамос по натпреварот со „Сан Мамеш“. Во овие 22 успешно реализирани пенали се додаваат неговите реализации од Светскиот шампионат 2018 во Русија против Русија и Шпанскиот Супер куп во јануари. Неговиот последен промашена пенал беше…
Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб објави дека Игор Јовичевиќ повеќе не е тренер на екипата, односно дека двете страни се договориле за спогодбен раскин на договорот. Игор Јовичевиќ пристигна на клупата на Динамо Загреб пред само неколку натпревари, но очигледно дека од страмна на раководството на клубот и навивачите не биле импресионирани од играта на екипата, па по поразот од Ријека минатото коло дојде до раскин на соработката. Сега, останува да видиме кој ќе седне на клупата на Динамо Загреб, дали можеби еден од нашите најдобри фудбалери во историјата со 100 настапи во дресот на националниот тим, Гоце Седлоски кој…
Валтери Ботас од тимот на Мерцедес е победник на првата трка од скратениот шампионат во Формула 1. Ботас ја имаше пол позицијата и беше во водство од почеток до крај на денешната прва трка од шампионатот одржана на патеката „Ред Бул Ринг“ во Австрија за ГН на Австрија. Долго време во текот на трката Ботас беше следен од својот колега Луис Хамилто, но сепак поради мала деконцентрација, судир и казна во самиот финиш, Хамилтон остана без подиумот. Британецот беше втор, меѓутоа во финишот имаше инцидент на патеката со Албон кој го чинеше одземање на пет секунди. Поради санкцијата кон актуелниот…
Напаѓачот на Наполи Дрис Мертенс призна дека се обидува да го убеди неговиот соиграч Хозе Каљехон да остане на „Сан Паоло“. Мертенс требаше летово да го напушти Наполи, но потпиша нов договор, обврзувајќи се за верност на тимот за следните 2 години. Сега тој се надева дека ќе го стори истото за Каљехон, чија иднина е сè уште нејасна. „Се обидувам да го убедам да остане. Јас нема да се откажам. Губењето пријател како него би било многу фрустрирачко, но тешко е да се остави соиграч и неверојатен професионалец како Хозе. Не знам што ќе се случи, но сепак има…
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ изјави дека неговиот договор со катарскиот Ал-Духаил е раскинат со заемна согласност од двете страни. „Јас постигнав договор со раководството на Ал-Духаил за раскинување на мојот договор со меѓусебна согласност. Ја ценам довербата и гостопримството со кои се соочив во Катар и им посакувам се најдобро на клубот и играчите во иднина“, напиша Манџукиќ на својот профил на Инстаграм . https://www.instagram.com/p/CCQyGizDzjg/?utm_source=ig_web_copy_link Претходно беше објавено дека Манџукиќ повторно може да биде во првенството на Италија. Според одресени информации, неколку клубови во Серија А, како и турските Фенербахче и Галатасарај, се заинтересирани за услугите на Манџукиќ. Самиот играч…
Менаџерот на лондонски Арсенал Микел Артета зборуваше за плановите и расположението на тимот за преостанатите натпревари од сезоната 2019/20 година во англиската Премиер лига. „Арсенал нема право да згреши на идните натпревари. Ние се обидуваме да победиме на секој натпревар. Успеавме на оваа средба, едноставно се радувавме на победата над Вулверхемптон и ќе почнеме да размислуваме за средба со Лестер Сити. Дали Арсенал учествува во трката за место во првите четири екипи? „Наша задача сега е да го победиме Лестер. Ајде да видиме што ќе се случи следно. Пред неколку недели, влегувањето во Лигата на шампионите се чинеше невозможно, со оглед на…
Легендата на Барселона Чави Ернандез и официјално ја отфрли можноста за преземање на Каталонците од следната сезона 2020/21, откако потпиша нов договор со катарскиот Ал-Сад. Ал-Сад се пофали дека се договориле со Чави за следната сезона и така сите навивачи на Барса можат да заборават на опцијата дека поранешниот играч од средниот ред ќе ја преземе функцијата на Кике Сетиен. Официјалната веб-страница на Катарците објави дека со задоволство може да ја потврдат „целосната посветеност“ на Чави за идните фудбалски предизвици на клубот во локалното првенство и азиските меѓународни натпреварувања. Чави има одиграно 767 натпревари за Барселона помеѓу 1998 и 2015…
