Author: riste

Европскиот шампион Реал Мадрид се согласи да го привлече бразилскиот голман Алисон од Рома за 75 милиони евра, објавија шпанските медиуми. Договорот на 25-годишниот Бразилец со европскиот шампион ќе трае шест сезони до летото 2024 година. Голманот Алисон во моментов е со својата репрезентација Бразил на СП во Русија , а може да се случи да го има и своето деби на Светските првенства веќе на мечот против Швајцарија кој во недела од 20:00 часот го играат фудбалерите на Бразил.

Read More

Остануваат уште три дена до првиот натпревар на Англија на СП против селекцијата на Тунис, но медиумите на Островото веќе прогнозираат кои играчи ќе бидат во стартниот состав на Герет Саутгејт за оваа средба. Очекуваат дека Англија ќе игра во формација 3-5-2. Според Телеграф, селекторот имал три дилеми кои веќе ги решил. Тој повторно ќе игра формација со три централни дефанзивци Хари Магуајер пред неизвесниот Гери Кејхил за првиот натпревар. Неговите партнери во одбраната ќе бидат Џон Стоунс (во средината) и Кајл Вокер (десно). На голот ќе добие шанса Џордан Пикфорд. Втората дилема за  Саутгејт беше дали да смета на…

Read More

Атлетико Мадрид ќе мора да затвори дел од својот стадион поради казната која ја заработи од страна на УЕФА изречена поради односот на нивните навивачи, односно пораката која била истакната за време на финалето во Лига Европа во Лион одиграно минатиот месец. УЕФА му нареди на Атлетико Мадрид да затворат сектори за најмалку три илјади навивачи на следниот домашен натпревар од Лигата на шампионите на стадионот „Ванда Митрополитано”. Европската фудбалска централа утврди вина кај Атлетико Мадрид за „расистички пораки” од страна на навивачите на тимот при победата со 3:0 против Олимпик Марсеј во Лион (Франција) во финалето на Лига Европа.

Read More

Светското првенство само што почна ,а може веднаш да заврши за рускиот офанзвен фудбалер, Алан Џагоев. Ѕвездата на ЦСКА Москва сам се повреди на мечот против Саудиска Арабија, повредата на задната ложа не е воопшто наивна и се предвидува подолга пауза. 27-годишниот Џагоев веројатно ќе биде заменет со нов руски фудбалер, но претходно лекарскиот тим на репрезентацијата на Русија има простор од неколку дена да утврди како ќе се развива повредата. Селекторот Черчесов верува дека ако постојат и најмали шанси за настап на Џагоев, тој ќе игра до крајот на Светското првенство. Русија забележа убедлива победа над Саудиска Арабија и потврди дека има…

Read More

Актуелниот шампион на Европа Реал Мадрид со официјална прес-конференција го претстави наследникот на Зинедин Зидан. Жулен Лопетеги, кој доби отказ од шпанската репрезентација на два дена од Мундијалот поради договорот со Реал Мадрид ќе биде новиот предводник на „кралевите“.Претседателот на тимот, Флорентино Перез, беше во друштво на новиот тренер на денешното претставување на кое тој го изрази задоволството што доаѓа во редовите на најдобриот клуб на светот. „Денес е најсреќниот ден од мојот живот. Вчера бев тажен како денот кога почина мојата мајка. Му благодарам на претседателот и клубот за довербата која ми ја дадоа и шанса која ќе ја имам…

Read More

Репрезентацијата на Русија која е домаќин на Светското првенство со убедлив  триумф го започна својот настап на најголемиот фудбалски настан откако на стадионот „Лужники“ во Москва со убедливи 5:0 (2:0) ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија. Дека квалитетот е на страна на домашната репрезентација се виде уште во првиот дел кога Русија поведе со 2:0 со головите на Газински и Черишев. Третиот гол за Русија беше дело на Артем Џуба, кој влезе во игра во 70. минута, а се запиша во листата на стрелците по само една минута поминато на терен. Во самата завршница, односно во судиското надополнување Головин преку слободен…

Read More

Тим Кејхил ќе биде исклучително среќен ако постигне гол на четвртото по ред светско првенство. Австралискиот репрезентативец може да се израмни со Пеле, Уве Зелер и Мирослав Клосе, ако постигне погодок на Мундијалот 2018 во Русија. Австралијците се во група „Ц” на шампионатот со Франција, Данска и Перу. „Вложив исклучително многу напори да бидам на светскиот шампионат. Првиот чекор е да излезам на теренот, а потоа може и да реализирам гол. Луѓето сонуваат за голови на светските првенства, но сега можам да се наредам до најголемите имиња”, рече Кејхил. Тој го постигна својот прв гол на Светското првенство 2006 против…

Read More

Голгетерот број 1 од Светското првенство 2014 Хамес Родригез и Вилмар Бариос го пропуштиле денешниот тренинг на репрезентацијата на Колумбија. Отворената сесија на Јужно Американци во Казан била проследена од околу 500 обожаватели. 21 играчи се подготвуваа со полн интензитет, а само двајца играчи од средниот ред беа во сала. Хамес Родригез има благи мускулни болки, а Бариос се жали на оптеретувањ на мускулите. Физичките проблеми не се сериозни и тие ќе бидат на располагање за првиот натпревар на Колумбија на Светското првенство во Русија на 19 јуни против Јапонија во Саранск.

Read More

На свечен начин и официјално беше отворено 21-то Светското првенство (СП) во фудбал кое стартуваше  со првата средба меѓу Русија и Саудиска Арабија. Атмосферата на стадионот „Лужники“ ја вжешти големата ѕвезда Роби Вилијамс, кој ги изведе своите најпознати хитови и ги разигра присутните на трибините. Исто така пееше и Аида Гарифулина, една од најпознатите руски оперски пејачки. Говор на отворањето имаше првиот човек на земјата домаќин Русија, Владимир Путин, кој истакна дека фудбалот обединува и дека ова е еден од најголемите настани за земјата. Пред присутните исто така се обрати и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Read More

Ракометарите на Македонија се враќаат од Романија со пораз, но се насмевка на лицата поради изборениот пласман на уште едно Светско првенство. Домашните ракометари дојдоа до утешна победа против Македонија, а нашите ракометари знаеја како да го прослават успехот во овој бараж двомеч со Романија. Предводени од Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, се славеше во соблекувалната на нашата репрезентација, а еден од оние кој даваше посебен штимул на трибините, а подоцна во соблекувалната беше токму првиот човек на РФМ кој ја предводеше веселата атмосфера во соблекувалната на Македонија.

Read More