Author: riste

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар од бараж двомечот со Романија, а селекторот Раул Гонзалес ги одбра 16-те ракометари, кои што ќе и се спротистават на Романија на оваа прва средба за пласман на Мундијалот во Германија и Данска наредната година во јануари. Изминатава недела  селекторот Раул работеше со 20 ракометари, а од нив за денешниот дуел отпаднаа голманите Златко Даскалоски и Мартин Томовски, левото крило Гоце Ојлески и средниот бек Горан Крстевски. Ова значи вечерва во составот на Македонија ќе бидат: Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра вечерва со почеток во 20.30 часот во СЦ „Борис…

Read More

Шпанксиот шампион Барселона и англискиот тим Ватфорд постигнале договор за крило Жерар Делофеу во вредност од 13 милиони евра плус бонуси, објави весник „Спорт“. Играчот ја започна минатата сезона со Каталонците, од чија школа и потекнува, но во зимскиот трансфер период се пресели во англискиот тим со позајмица. За Ватфорд одигра седум натпревари, а постигна и еден гол. Договорот се очекува да биде официјално објавен следната недела.

Read More

Бразил ќе игра со најдобриот состав во својата последна контрола пред Светското првенство во Руусија. Бразилската репрезентација ќе настапи со триото Нејмар, Кутињо и Жесус на контролниот натпревар против Австрија кој ќе се игра денес од 16 часот. Нејмар неодамна се врати во тимот по санирањето на повредата и се очекува да биде стартер за прв пат 25-ти февруари. 26-годишниот напаѓач се врати на теренот минатата недела и постигна гол за победа над Хрватска, но го направи тоа откако влезе во игра од клупата зе резерви.

Read More

Финалистот во Лигата на Шампионите за минатиот сезона Ливерпул продолжува да бара нов голман, но изборот може да биде далеку изненадувачки, според информациите објавени денес во весникот „Сан“. Репрезентативниот голман на Англија Ник Поуп може да биде решение на проблемите на Јирген Клоп на голманската позиција. Симон Мињоле започна како стартер минатата сезона, но постепено ја загуби битката со Луис Кариус кој пак ги разочара челниците и фанови на финалето против Реал Мадрид, кога прими два гола по две сериозни грешки кои хи чинеа и трофеј. Во текот на изминатите неколку недели, имаше голема полемика во врска со можноста да…

Read More

Францускиот напаѓач Оливие Жиру е неизвесен за настап на стартот на Светското првенство во Русија. Тој доби непријатна повреда на главата за време на контролата против САД (1:1), меч кој се играше синоќа. Жиру се повреди по судирот со Метју Миазга. Фудбалерот на Челзи мораше да биде принудно заменет, а имаше повреда на аркадата и мораше да биде преврзана неговата глава. Сè уште е нејасно колку е сериозна повредата на Жиру, но таа фрла сомнеж врз неговото учество на првиот натпреват кој треба да го играат на Светското првенство. На првата средба избраниците на Дидие Дешамп ќе се соочат со…

Read More

Раководството на Реал Мадрид сака да го ангажира новиот тренер пред почетокот на Светското првенство, пишува весникот „АС“. Девет дена поминаа по изненадувачката одлука на Зинедин Зидан за заминување од клупата на Реал Мадрид, а челниците на Кралскиот клуб внимателно го бараат неговиот наследник. Недостатокот на тренер го парализира спортско-техничкото раководство, кое мора да работи на трансфери и планирање на летните подготовки. Маурисио Почетино е една од најголемите желби на Флорентино Перез, но засега Тотенхем ја обезбеди вратата затворена за напуштање на Почетино на нивниот клуб. Гути е исто така меѓу фаворитите за оваа функција и е нестрплив да го…

Read More

Додека раководството на Интер размислива колкава да биде понудата за новиот договор на својот најдобар стрелец, Мауро Икарди во друштво на својата сопруга и агент Ванда Нара успеваат да ја „совладаат“ горештината на доста убав начин. Мауро и Ванда  објавија жешки фотографии од нивниот летен одмор. Сонцето и топлата клима фудбалското друштво го надминуваат далеку од очите на јавноста, но сепак со фотографиите објавнеи на „Инстаграм“ им покажаа на своите фанови како го поминуваат летниот одмор.

Read More

Една од големите ѕвезди на италијанскиот шампион Јувентус Пауло Дибала може да се пресели во ПСЖ, објавија медиумите во Франција. Според последните вести, неговите претставници веќе контактирале со францускиот шампион. Дибала не е среќен во Италија и веќе го информираше своето семејство дека планира да ја напушти земјата и да игра во Париз. Не е јасно како на ова ќе реагираат од Јувентус, но сигурно тимот од Торино нема да го задржи во своите редови доколку играчот нема желба да остане. Минатата сезона Дибала постигна 26 гола и асистираше за уште седум во вкупно 46 натпревари од сите натпреварувања.

Read More

Од Косово утринава стигна тажна вест за смртта на првиот човек на косовскиот фудбал Фадиљ Вокри. Вокри беше прв човек на Фудбалската федерација на оваа земја, а повозрасните љубителите на фудбалот во нашата земја го паметат по настапите во поранешна Југославија. Вокри почина на 57 години, како последица на срцев удар. Тој бил во вежбалница и му се слошило, по што веднаш била повикана брза помош, но лекарите не можеле да помогнат и констатирале смрт. Вокри беше роден во 1960 година, а во фудбалот беше од свои 16 години. За репрезентацијата на Југославија тој запиша 12 настапи и даде шест…

Read More

Најдобрiot стрелец на Интер Мауро Икарди инсистира на потпишување на нов договор со клубот , но со подобрени финансиски услови. Според весникот „Газета дело Спорт“, сопругата и воедно менаџер на Иркарди, Ванда Нара, се закани дека ќе играчот ќе го напушти клубот ако условите не бидат исполнети. Интер предлага зголемување на платата на 6,3 милиони евра, со дополнителни бонуси кои може да достигнат сума од 8 милиони за одредени резултати, но Икарди сака уште еден милион евра плус. Интер, исто така, се надева дека ќе ја зголеми клаузулата за откуп на напаѓачот на 150 милиони евра.

Read More