Author: saso

Дефанзивецот на Монако Андреа Раџи доби казна од пет натпревари поради црвениот картон кој го заработи на натпреварот со Рен во неделата. Тоа е уште еден голем удар за Монако, откако тимот вчера го смени и тренерот Жардим. Тешката казна за Раџи дојде откако беше исклучен поради намерен удар со раката во лицето на противничкиот фудбалер Грение. Дефанзивецот на ПСЖ Кимпембе, кој, пак, беше исклучен на мечот со ПСЖ ќе мора да паузира на следните три меча за својот тим.

Read More

Офанзивниот играч на Барселона, Филипе Кутињо, вели дека серијата од четири натпревари без победа во Ла Лига не е нормална, но во исто време не е загрижувачка. „Не сум загрижен за оваа серија, но од наша гледна точка ние сме меѓу лидерите и почнавме многу добро во Лигата на шампионите. Точно е дека имаме четири натпревари без победа во шампионатот, а ова дефинитивно не е нормално, но тоа е само почеток на една долга сезона. Наскоро работите ќе се променат, вели Бразилецот.

Read More

Италијански Милан не ја отфрла можноста Златан Ибрахимовиќ, сепак, да се врати во Милано. „Златан може да му помогне на секој тим и на 37 години. Сега треба да им се пријде полека на работите и да не заборавиме на финансискиот ферплеј”, изјави спортскиот директор на клубот, Леонардо. Бразилецот играше со Ибра во ПСЖ и иако пред една недела дека Ибра во Милан е невозможна мисија, сега работите очигледно се променија. „Нормално е дека се уште постои врската меѓу нас. Сакаме да изградиме силен тим, но во моментот трансфер пазарот е затворен“, дополнил Леонардо, префрлувајќи ја топката кон почетокот на…

Read More

Денеска во раните утрински часови на 88-годишна возраст почина доајенот на македонското спортско новинарство, Бранко Давидовски. Бранко Давидовски е роден на 24. март 1930 година во Скопје, а целиот свој професионален век на маестрален начин го мина оставајќи силна трага во домашното спортско новинарство. Далеку попознат во спортските кругови на Македонија по својот омилен прекар „Мајка”, Давидовски првите контакти со спортот всушност ги имаше како фудбалер на ФК Вардар и тоа во 1947 година токму низ периодот на основање на најтрофејниот македонски клуб. Како што често сакаше да спомне, Давидовски беше горд што беше дел од Вардар низ сите негови…

Read More

Ветеранот Роберт Кубица и Џорџ Расел се можен тандем за Ф1 тимот на Вилијамс во сезоната 2019. Нивниот снабдувач на мотори Мерцедес се надева дека ќе успее да го донесе тандемот во болидите на тимот следната сезона. Резервниот пилот на Вилијамс, Роберт Кубица се претпоставува дека ќе донесе со себе десет милиони долари како спонзорство за 2019. Екипата е во незавидна финансиска состојба, но со парите на Полјакот, како и со таксата која треба да ја плати Ленс Строу за да биде ослободен, буџетот на британскиот тим ќе изгледа многу подобро следната година.

Read More

Дефанзивецот на Тотенхем Јан Вертонген нема да игра до декември поради проблеми во бутниот мускул, објави клубот. 31-годишниот Белгиец е надвор од терените од крајот на минатиот месец, кога Тотенхем победи со 2-0 против Хадерсфилд. Очекувањата на медицинскиот тим беа дека Вертонген ќе се врати брзо на терените, но излезе дека повредата е повеќе од сериозна.

Read More

Новото засилување за Барселона, Малком, не е задоволен од доверба која кон него ја има тренерот Ернесто Валверде. Бразилецот кој меѓу Рома и Барса го избра шпанскиот гигант, вели дека очекувал да добие поголема минутажа во тимот. Досега Малком поминал само 25 минути на теренот за својот нов тим и тоа просто го разочара. Агентот на фудбвалерот изјави дека Бразилецот не е задоволен од ситуацијата: „Ова е ситуација која тешко може да се опише. На сите фудбалери им треба време да се прилагодат. Малком имаше доволно време да го направи тоа и заслужува да добие доволно минути на теренот. Тој…

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити може да оди на операција на коленото што ќе го оттргне од терените во периодот до крајот на тековната година, објавија шпанските медиуми. Французинот страда од повреда која не се третираше како што очекуваа лекарите, па затоа ќе мора да оди на операција. Умтити не игра од 26 септември, кога Барса беше поразена од Леганес со 2:1. Денес, стигна информација дека тој сигурно нема да игра против Севиља и Реал Мадрид, како и против Интер во Лигата на шампионите.

Read More

Монако официјално го отпушти тренерот Леонардо Жардим по очајниот почеток на сезоната во француската Лига 1. Учесникот во Лигата на шампионите е на 18. место на табелата со само една победа во првите 9 натпревари и веќе одамна се зборуваше за можна промена на тренерското место. Под раководство на Португалецот, тимот од „кнежеството“ сензационално дојде до титулата во Франција во 2017 година, како и до полуфиналето на Лигата на шампионите. „Благодарен сум и горд што сум тимот на Монако повеќе од 4 години. Јас секогаш давав се од себе и работев со посветеност и страст. Постигнавме неколку големи победи кои…

Read More

Дени Роуз и Алекс МекКарти отпаднаа од составот на англиската фудбалска репрезентација за претстојните натпревари од Лигата на нациите против Хрватска и Шпанија. Дефанзивецот на Тотенхем Роуз и голманот на Саутемптон МекКарти ќе се вратат во своите клубови, бидејќи имаат полесни повреди, соопштија од англиската фудбалска асоцијација. Селекторот Герет Саутгејт нема да повика нови играчи на нивно место и ќе остане со останатите расположливи сили од досегашниот ростер.

Read More