Author: saso

Извршниот директор на Јувентус , Џузепе Марота, ги смири шпекулациите за можното враќање на Пол Погба и Алваро Мората во редовите на „Старата Дама“ во текот на летото. Во изминатите недели, слични информации се појавија во медиумите во Англија и Италија. Шефот на италијанскиот првак, пак, не е премногу оптимист во нивната реализација. „Јас лично не верувам во враќањето, но знам дека постојат слични очекувања од многу страни. Станува збор за двајца големи фудбалери и прекрасни луѓе. Ако морам да бидам искрен, враќањето е просто само сон“, изјавил извршниот директор на Јуве.

Read More

Тотенхем е заинтересиран за левиот бек на ПСЖ, Левин Курзава. Тимот од северен Лондон се подготвува за продажба на англискиот репрезентативец Дени Роуз, а на негово место е планирано доаѓањето на Курзава, кој не е задоволен од својот првотимски статус во Париз. Слична операција Маурисио Почетино имаше и минатото лето, кога се раздели со Кајл Вокер, кој му беше продаден на Манчестер Сити , а кај Тотенхем беше ангажиран Серж Орие токму од ПСЖ. Во текот на оваа зима, пак, од ПСЖ во Лондон пристигна бразилското крило Лукас Мура .

Read More

Тренерот на Јувентус , Масимилиано Алегри, изјави дека не е воопшто растревожен по синоќешното реми со Кротоне во Серија  А лигата. „Бјанконерите“ одиграа само 1:1 и дозволија Наполи повторно да им се приближи на врвот на табелата. „Пред околу месец и половина реков дека титулата ќе се реши во директен дуел со Наполи. Тоа е многу важен меч. Имаме предност од четири бода, остануваат уште доста средби до крајот и директен дуел со Наполи“, рече Алегри. „Не игравме добро денес, но мора да размислиме за директната борба со конкурентот, мораме да играме подобро и да победиме на нашите натпревари“, дополнил…

Read More

Фудбалската академија при ФФМ оствари четири победи на пет натпревари на турнирот во Ереван кој заврши деновиве. Нашата млада надеж, Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кои само Македонија беше претставувана од Академија, додека останатите учествуваа со младите национални тимови. Академијата на ФФМ предводена од Неџат Шабани и Горан Георгиевски оствари четири победи во петте одиграни натпревари на УЕФА развојниот турнир. Нашите млади фудбалери до 14 години славеа победа против репрезентациите на Белорусија +(2:0, Матео Софијановски и автогол на Белорусија), Ерменија (2:0, Иван Глигоров, Марко Софијановски), Казахстан (2:1, Марко Софијановски и автогол на Казахстан), и повторно…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе добие понуда за нов договор со „граѓаните“, објави весникот „Тајмс“. Според информацијата, Гвардиола е среќен во Манчестер Сити и најверојатно ќе се согласи да го продолжи договорот со клубот. Тековниот договор на тренерот е заклучно до летото 2019 година, а менаџментот на клубот има намера да му предложи на Гвардиола да го продолжи за уште една сезона – до летото 2020 година. Според условите на тековниот договор, специјалистот ќе заработува 15 милиони фунти (17 милиони евра) годишно. Манчестер Сити под раководство на Гвардиола обезбеди титула во Премиер лигата на пет круга пред крајот…

Read More

Македонските пливачи имаа плоден викенд на силниот пливачки турнир „11 Април Гран При“ кој се одржа викендов во Белград. Миа Крстевска исплива со време од 2:21.33 и го освои златниот медал, постави државен рекорд и исполни норма за Европското младинско првенство и Младинската Олимпијада 2018. Покрај Миа, одличен настап имаше и Иван Симоновски кој го освои златниот медал во 100 метри пеперутка со време од 57:65. Стефан Цветковски освои медал во дисциплината 100 метри делфин, а воедно и постави нов национален македонски рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 28,18 секунди. Јана Милковска успеа да се избори за финале…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, е подготвен да го продаде играчот од средниот ред, Пол Погба, во текот на летото, објавија британските весници. Односот меѓу играчот и тренерот е прилично лош, по што многумина шпекулираат дека Погба нема да се задржи уште долго на „Олд Трафорд“. За услугите на францускиот играч од средниот ред е заинтересиран ПСЖ, чии претставници веќе започнале преговори со играчот. Пол Погба ја игра втората сезона во “црвените ѓаволи”, по враќањето од Јувентус. Во тековната сезона во Премиер лигата, Погба постигна 5 гола и имаше 9 асистенции на 22 натпревари.

Read More

Попладнево од 18 часот во Будимпешта е се одржи ждрепката за полуфиналните двојки на завршниот турнир од Лигата на шампионите во женска конкуренција. Македонскиот шампион Вардар и оваа година обезбеди место во најдобрата четворка, а денеска со нетрпение ја очекува ждрепката по која ќе го дознае и противникот за полуфиналниот меч на 12 мај во „Ласло Пап Арената“ во Будимпешта. На Ф4 турнирот во ЛШ кај дамите оваа година пласман обезбедија и екипите на Букурешт, Ѓер и Ростов Дон.

Read More

Водечките клубови од Европа ќе им се спротивстават на плановите на ФИФА да се зголеми бројот на тимовите кои ќе учествуваат на Светското првенство во 2022 година. „Не сме подготвени да правиме промени во календарот и нема да прифатиме проширување на светското првенство”, изјави Ларс-Кристер Олсон, извршен директор на организацијата на Европските лиги. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино инсистира на светското првенство да учествуваат 48 репрезентации, што значи 16 дополнителни натпреварот и уште четири дена повеќе за спроведување на шампионатот во Катар во 2022 година.

Read More

Напаѓачот на Борусија (Д), Мичу Батшуај, изјави дека сезоната за него е завршена. Белгиецот доживеа повреда на глуждот на крајот на рурското дерби со Шалке, кој “жолто-црните” го загубија со 2:0. „Вестите за мене не се добри и веројатно сезоната е завршена. Жалам што нема да можам да одговорам на довербата што Борусија ја има во мене. Ви благодарам за огромната љубов и поддршка која ја добивам. Посакувам се најдобро за своите соиграчи на преостанатите дуели до крајот на сезоната. Ќе се видиме наскоро“, напишал Батшуај на својот Instagram профил.

Read More