По повод започнувањето на „Европската недела на спортот“ во која е вклучена и Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, денеска во просториите на АМС, се одржа прес-конференција на која се презентираа целите од цениот настан. Директорот на СЦ „Борис Трајковски”, Александар Петровски повика на масовно учество на сите за да се подигне спортскиот дух и здравиот начин на живот за сите. „Преку реализирање на проектот ќе ја подигнеме свеста за подигнување за улогата на физичката активност кај граѓаните. Ќе ги мотивираме граѓаните да ги искористат капацитетите на нашиот центар и да ги поканиме да дојдат на 29 септември…
Author: saso
Серхио Агуеро потпиша ново едногодишен договор со Манчестер Сити кој ќе го обврзе да остане во тимот до 2021 година. Аргентинецот е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и мисија на управата на Сити беше да го обврзе на верност што е можно подолго. „Тој беше толку важен за овој клуб од неговото доаѓање во 2011 година и тој останува во првите редови на она што сакаме да го постигнеме во наредните години. Среќни сме што го имаме еден од најдобрите напаѓачи во светот во нашиот клуб толку многу години и сигурен сум дека нашите фанови ќе бидат воодушевени…
Марко Арнаутовиќ е повреден и најверојатно ќе го пропушти натпреварот на Вест Хем против Челзи во премиер лигата закажан за недела. Австрискиот репрезентативец се повреди за време на минатонеделниот дуел со Евертон. „Тој има проблеми со коленото по натпреварот од Евертон, и ќе видиме дали е подготвен за недела“, изјави менаџерот на Вест Хем, Пелегрини. „Чеканите“ за престојниот меч нема да сметаат и на Енди Керол, додека Хавиер Ернандез, кој исто така беше повреден, полека се опоравува и има најави дека ќе биде во тимот за престојното лондонско дерби со Челзи.
Од денеска стартува пријавувањето за учество на Скопскиот атлетски маратон за следната година. Откако оваа, маратонот го собори рекорд по посетеност, следната се очекува уште поголема масовност. Оваа година низ улиците на Скопје се појавија околу 10.000 луѓе, а организаторот на настанот денеска информираше дека веќе е отворено пријавувањето за учество на следното издание на Скопскиот маратон кое ќе се одржи на 5 мај 2019 година. Истото ќе се одвива во неколку фази. Следната година повторно има интересни изненадувања за тие кои ќе се пријават во првите три дена (21, 22 и 23.09.2018), па така, истите ќе ја имаат можноста…
Дефанзивецот на ПСЖ, Тиаго Силва, може да се врати во Италија веќе следното лето, ако се остварат најавите дека ќе го раскине договорот со екипата на ПСЖ. Како што објавија дел од француските медиуми, Бразилецот има договор со парижани до летото 2020 година, и веројатноста за неговата продажба на крајот на сезоната ќе се зголеми значително, ако во блиска иднина страните не се договорат за продолжување на договорот. Неколку италијански клубови ја следат целата ситуација со него и очекуваат вести за развојот околу потпишувањето на новиот догоор.Јувентус, Наполи, Рома и Милан се заинтересирани за враќање на играчот на Апенините, откако…
Србинот Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Роже Федерер за првпат ќе играат заедно во игра на двојки на „Лејвер купот” во Чикаго. Двојката ќе биде дел од тимот на Европа. Интересно е што ова за нив ќе биде првиот меч на кој ќе бидат од истата страна на мрежата, откако досега имаат 46 дуели, еден против друг. Јужноафриканецот Кевин Андерсон и Американецот Џек Сок ќе играат за „Остатокот од светот”, а мечот е на програмата ноќта меѓу петок и сабота. Претходно во ова натпреварување силите ќе ги одмерат Димитров и Френсис Тиафо, а по нив и Едмунд и Сок. „Лејвер куп”…
Менаџерот на Арсенал Унаи Емери беше лут и покрај победата од 4:2 над Ворскла во Лигата на Европа синоќа. „Топчиите“ имаа предност од 4:0, но до крајот на средбата дозволија да примат два гола. Токму тоа е она што го налути емери. „Јас сум разочаран од двата гола што ги примивме, бидејќи покажавме добра игра во 90 минути. На крајот мораше да бидеме подобри. Кога ќе водите со 4:0, мора да продолжите да играте високо и да барате повеќе погодоци наместо да прифаќате вакви грешки. Добро е што почнавме со победа, но се уште има простор за подобрување“, изјавил Емери.
Џенаро Гатузо, исто така изјави дека е задоволен од минималната победа на Милан од 1:0 на гостувањето кај Диделанж, иако тимот имаше простор да го реши овој меч и многу поубелидво. „Ми се допадна ставот на тимот. Можевме да го потврдиме победникот уште многу порано, но натпреварот излезе потежок отколку што сакав. Им дадов шанса на многу играчи и го постигнавме саканиот резултат. Не постои нешто како сигурен резултат во фудбалот. Ние сме задоволни со победата, но искрено мислам дека Игуаин требаше да постигне хет-трик“, изјавил тренерот на Милан по вчерашното гостување во ЛЕ.
Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, не беше целосно задоволен од перформансите на тимот во синоќешниот меч од Лигата на Европа против Аполон (Лимасол). „Лацијалите“ славеа со 2-1 на „Олимпико“, но тренерот имаше многу забелешки, особено за второто полувреме. „Жал ми е што не постигнавме уште еден гол и го вративме Аполон во игра. Сакавме да почнеме со победа и тоа го направивме. Ми се допадна начинот на кој го започнавме натпреварот што беше прв за многу наши играчи. Во втората половина, сепак, мораше да играме подобро. Нашата група не е толку лесна. Ајнтрахт е многу силен тим, а Марсеј лани…
Ракометарите на Вардар засилено се подготвуваат за вториот меч од тековната сезона во Лигата на шампионите кој в сабота ќе го одиграме дома против екипата на Кристијанштад. На прес-конферецијата пред мечот, тренерот на Вардар Роберто Парондо, истакна дека овој е важен меч за Вардар, особено затоа што е прв на домашен терен во ЛШ. „Ова е важен натпревар за нас. Прв на домашен терен. Играме против добар противник, Кристијанштад. Мора да играме добро, да бидеме фокусирани во натпреварот 60 минути и да одржиме висок интензитет. Не смееме да се опуштиме за да го добиеме овој меч“. Капитенот на „вардарци“ в…
