Новата сезона во регионалната кошаркарска БИБЛ лига ќе почне со сиромашни 6 учесници. Официјалната програма е потврдена, што значи дека ова ќе биде една од најсиромашните сезони во ова кошаркарско натпреварување. Македонија ќе има еден претставник, а тоа е тимот на Кожув, кој се враќа по една година пауза. Покрај гевгеличани оваа сезона во оваа лига ќе бидат и Берое (Бугарија), Приштина (Косово), Академик Бултекс (Бугарија), Башкими (Косово) и Теута (Албанија). Регуларниот дел од 11. сезона ќе се состои од 10 кола.
Author: saso
Играчот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грилиш го продолжи договорот со својот сегашен тим и покрај огромниот интерес кој владее за него кај големите англиски тимови. Новиот договор на 23-годишниот фудбалер со клубот од Бирмингем е потпишан на пет години. Ова лето, младиот играч беше на мета на Тотенхем, кои понудија за негос ума од 17 милиони фунти, но Атсон Вила одби да го продаде. Челзи, Фулам и Лестер исто така се вклучија меѓу интересентите за неговиот потпис.
Реал има намера да достави понуда до Ајакс за дефанзвниот играч за врска, Френки де Јонг. Според извори блиски до клубот, менаџментот на Реал (М) е подготвен да извади и 80 милиони евра за 21-годишниот фудбалер. Претходно беше објавено дека интерес за Де Јонг има и кај Манчестер Сити и Барселона. Ајакс веќе постави висока цена за слободата на Де Јонг, па затоа уште ова лето Тотенхем одби да плати повеќе од 50 милиони евра за него. Френки е дел од Ајакс од 2015 година. Минатата сезона играчот одиграа 22 натпревари во првенството во Холандија и имаше 7 асистенции.
Една од најстарите велосипедски трки во светот, „Џиро Ди Италија“ следната година ќе почне од Болоња. Како што објавија организаторите стартот на трката ќе мине со хронометар на 8,2 километри. 102-то издание на трката ќе започне на 11 мај и ќе заврши на 2 јуни. Болоња по пауза од 25 години за првпат станува домаќин на премиерната етапа на популарното Џиро.
Дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро, негираше дека добил нов договор од клубот. Сепак, тој беше категоричен дека не размислуваше за заминување и се надева дека прашањето ќе биде решено наскоро. „Не сум размислувал да го напуштам Јувентус. Се надевам дека новиот договор ќе се заврши наскоро. Мојот тековен договор истекува за две години. За сега, има време, но сe уште не сум добил понуда“, потврдил Сандро. Во медиумите одамна се шпекулира дека Бразилецот ќе замине од Италија и ќе се пресели во некои од заинтересираните клубови од Премиер лигата.
Носителите на вкупно 34 титули од Гренд слем сериите. Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ загубија првиот натпревар како тандем. 37-годишниот Швајцарец и 31-годишниот Србин беа совладани од Кевин Андерсон и Џек Сок со 7:6 (5), 3:6 и 6:10 во шампионскиот тајбрејк во дуел од „Лејвер Купот“. Возбудата во „Јунајтед центарот“ во Чикаго ќе продолжи вечерва, со дуелите Зверев – Иснер, Федерер – Кирјос и Ѓоковиќ – Андерсон. Во двојки Сок овој пат за партнер ќе го има Кирјос, а ќе им се спротивстават Гофан и Димитров.
Со натпреварот меѓу екипите на Работнички и Вардар вечерва ќе стартува 6. Коло од Првата МФЛ. Работнички е домаќин на средбата која ќе се одигра под рефлектори на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Локалното дерби меѓу градските ривали секогаш предизвикува интерес, па останува да се види кој вечерва ќе им се израдува на бодовите. Во редовите и на двата тима има играчи кои го носеле дресот и на двата клуба, што ќе биде дополнителен мотив да се прикаже добар фудбал. Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Маркоски од Охрид. Останатите средби од тековното коло се на програмата утре…
Лука Модриќ се приклучи на низата фудбалери кои имаа проблем со законот во Шпанија и успеа да се договори со судските власти. Последните информации велат дека Модриќ доби казна од осум месеци во затвор, која ја прифати, а истата ќе ја одлежи условно. Со даночна измама, Хрватот го оштетил шпанскиот буџет за близу 900.000 евра. Сега фудбалерот на Реал (М) ќе мора да плати 40% од сумата и ќе ја замени затворската со финансиска казна.
Дефанзивецот на Челзи, Гери Кејхил веќе сериозно ја разгледува можноста да си замине од „Стемфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок. Искусниот дефанзивец не е во плановите на новиот менаџер Маурицио Сари за првиот тим и јавно почна да го искажува своето незадоволство. „Не сакам да брзам. Јас не сум човек кој може да седи и да гледа како другите играат. Важно е да бидам на теренот. Кариерата на фудбалерот е премногу кратка. Ги почитувам сите во клубот, навивачите и играчите, но понекогаш треба да донесеш и тешки одлуки за да може да ја продолжиш кариерата во вистинската насока“, изјави Кејхил.
Ракометарите на Металург в недела во СЦ „Борис Трајковски“ го дочекуваат Бешикташ во меч од 2. коло во Лигата на шампионите. Стартот на сезоната донесе многу проблеми во играчкиот табор на „металурзите“, но полека работите се стабилизираат и нашиот вицепрвак посакува позитивен резултат на неделниот дуел со турскиот противник. „Среќен сум што конечно работиме комплетно. Од денеска ќе работиме повеќе и на тактички план. Мора да одиграме цел мел, а не само 30 минути. Мораме да бидеме во полн ритам сите 60 минути. Имаме и ротација и ќе можеме дел од играчите да ги одмораме и да бидеме посвежи. Со…
