Попладнево на домашните фудбалски терени ќе се одиграат мечевите од 8. коло на ПМФЛ. Дербито на колото е на програмата во Турново, каде екипата на Академија Пандев го пречекува шампионот Шкендија. Интерсно се очекува да биде и во Штип, каде Победа како домаќин ќе го пречека Вардар. И двете екипи во минатото коло освоија по три бода, што ќе биде дополнителен мотив и денеска да се оди на триумф. Работнички е во ситуација, конечно, да ја запре црната серија. „Романтичарите во Скопје го пречекувааттимот на Беласица. Во останатите два меча ќе се сретнат Ренова – Шкупи и Силекс – Македонија…
Author: saso
Ѕвездата на екипата на Јувентус, Кристијано Роналдо го изрази и своето мислење за наградата „Пушкаш“ за најубав гол з аминатата сезона која му припадна на Мохамед Салах. Португалецот смета дека неговиот гол кој беше во конуренција за наградат абеше поубав од оној на победникот. „Салах заслужи да ја освои наградата Пушкаш, но мислам дека неговиот гол не беше најубав. Да бидеме искрени и да не се лажеме – мојот гол беше подобар од неговиот“, изјавил Роналдо. Во меѓувреме, Роналдо му честиташе и на поранешниот соиграч Лука Модриќ, кој ја зграпчи наградата за најдобар фудбалер за изминатата сезона. „Честитки за Модриќ.…
Арон Рамзи најверојатно кариерата ќе ја продолжи во италијаската Серија А. Последните новинарски извештаи велат дека два тима од италијанското првенство се први кандидати да го добијат фудбалерот на Арсенал. Во моментов, 27-годишниот Велшанец отворил преговори со екипите на Јувентус и Милан. До крајот на оваа сезона Рамзи го завршува договорот со Арсенал и најверојатно како слободен агент ќе го напушти тимот.
УЕФА и официјално потврди дека ВАР технологијата влегува во Лигата на шампионите од следната сезона. Европската фудбалска унија потврди дека иновацијата која своето деби го имаше и на светското првенство во Русија ќе почне да се применува и во најсилното и најскапото светско клупско натпреварување. Исто така, ВАР технологијата ќе се користи и за време на одигрувањето на Супер Купот на УЕФА во 2019 година, во зваршната фаза на ЕП 2020 година, како и во Лигата на Европа од сезоната 2020/21. Во Лигата на нациите, ВАР системот ќе почне да се применува од 2021 година.
Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, може да ја продолжи својата тренерска кариера во Франција. Споре днекои извори, стратегот добил понуда да го преземе тимот на Нант. Францускиот клуб е активен во потрага по замена за Мигел Кардосо, па Мојс беше вклучен во листата на потенцијални кандидати за негов наследник. Во текот на минатата сезона, Мојс го предводеше Вест Хем и ја завршил сезоната на 13. место, но „чеканите“ не се одлучија да ја продолжат соработката со него. Во моментов, Нант го зазема 19. место во табелата во Лига 1 во Франција и влезе во зоната за испаѓање.
Денеска, во 71 година од животот почина Благоја Истатов, еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња. Еден голем човек, кој во својата, голманска кариера настапувал за екипите на Беласица од Струмица, Победа од Прилеп, но и белградски Партизан, и холандски Утрехт. Освен фудбалската Истатов имаше и тренерска кариера, и тоа во повеќе клубови во Македонија. А во еден период беше и тренер на голманите во македонскиот национален тим.
КК Барселона синоќа организираше специјална прослава за легендата на овој кошаркарски клуб, Хуан Карлос Наваро, кој замина во пензија. Кошаркарот кој практично целата кариера ја помина во каталонскиот клуб, на 17 август и официјално го најави своето пензионирање. 38-годишниот кошаркар доби грандиозна вечер во која клубот му се заблагодари за се што направи за Барселона во својата кариера. Наваро и по завршувањето на кариерата ќе остане во клубот, но останува да се види на која функција.
Арсенал ќе се раздели со Арон Рамзи или оваа зима, или позавршувањето на сезоната. Преговорите меѓу Велшанецот и раководството на тимот за нов договор не завршија успешно и тој нема да потпишува нов договор со „топчиите“. Неговиот договор завршува следното летото, но за да потпише нов договор со лондончани раководството на клубот ќе треба да му ги исполни големите финансиски побарувања. Изминатиот летен преоден рок, лондончани отфрлиле понуда од 50 милиони фунти за велшкиот репрезентативец од засега непознат клуб, бидејќи биле сигурни дека ќе ја продолжат соработката со него. Сега излезе дека Рамзи не сака да остане под условите кои…
Јувентус синоќа славеше против Болоња во натпревар од 6. коло на италијансата Серија А со 2:0 и со тоа го направи најдобриот старт во клупската историја во последните 88 години. За прв пат од 1930 година, „бјанконерите“ реализираа седум победи во првите седум натпревари. Јувентус почна со 6 триумфи во домашното првенство, но исто така победи и во премиерниот настап во групната фаза од Лигата на шампионите. Во седумте одиграни средби, момците на Алегри постигнаа 15 гола и примија само 4.
Извршниот комитет на УЕФА денеска во Нион ќе донесе одлука за домаќинот на Европското првенство 2024 година. Во конкуренција остануваат само две земји – Германија и Турција. Многумина предвидуваат дека Германија е голем фаворит да ја добие организацијата на ова ЕП, пред се поради блиските политички врски помеѓу турскиот фудбал и првиот човек на Турција, Реџеп Ердоган, нешто што не им оди во прилог на Турците. Турција беше кандидат за ЕУРО 2008, 2012 и 2016. година, но досега ниту еднаш не успеа да ја добие организацијата на настанот, додека Германците се појавија како домаќини на ЕП 1988 година.
