Author: saso

Македонскиот ракометен шампион Вардар е првиот и единствен машки клуб во Македонија кој ќе има женски тренер во стручниот штаб. Како што објавија од клубот, стручниот штаб на Вардар доби нов член во Билјана Црвенковска, која ќе работи заедно со главниот тренер Роберто Гарсија Парондо и тренерот на голманите Дејан Периќ. Црвенковска е поранешка ракометарка на женскиот клуб на Вардар, и повеќе од една деценија репрезентативка на Македонија. Досега беше на местото заменик директор во клубот каде работеше по завршувањето на професионалната кариера во 2014 година. „Среќна сум за шансата што ја добивам и навистина се чувствувам почестена што ќе…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од нов две места на ФИФА листата за овој месец. Нашите најдобри фудбалери одлично го започнаа настапот во рамките од Лигата „Д” во УЕФА Лигата на нации и со двете победи над Гибралтар и Ерменија направија нов напредок на листата, каде сега се наоѓаат на 68. место. Во првото коло славевме кај Гибралтар со 2.0, а со истиот резултат во Скопј етриумфиравме и над Ерменија. Овие две значајни победи им донесоа нов скок на ФИФА листата, на која, пак, немаше промени во првата „десетка“. На делба на првото место се наоѓаат Белгија и Франција со…

Read More
NBA

Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Џими Батлер, во многу скоро време ќе го објави потпишувањето на новиот петгодишен договор, кој треба да му донесе заработувачка од 190 милиони долари, ако не се случи размената со друг клуб. Претходно, стана познато дека Батлер побарал од раководството на Минесота да го промени клубот и наскоро се очекува потврда на овие информации. За 29-годишниот кошаркар се заинтересирани Њујорк Никс, Лос Анџелес Клиперс и Бруклин Нетс, но не е познато дали ќе успеат да го ангажираат. Ако остане во Минесота ќе добие нов 5-годишен договор, а доколку замине во друг тим го очекува договор на…

Read More

Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри смета дека директниот црвен картон за Кристијано Роландо на натпреварот од Лигата на Шампионите против Валенсија беше погрешна судиска одлука, а системот за видео-контрола ВАР можеше да биде корисен на судијата во конкретниот случај. Роналдо беше исклучен во 29. минута на мечот, откако главниот судија Феликс Брих му покажа црвен картон за удар врз противнички фудбалер, по што Италијанците останаа со играч помалку на теренот, но на крајот повторно победија со 2:0. „Можам само да кажам дека во овој случај ВАР системот можеше да им помогне на судиите да донесат правилна одлука. Да останеме со…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сигурно ќе остане во историјата на клубот со 100-те бодови со кои “граѓаните” ја освоија минатата сезона во Премиер лигата, но исто така ќе остане запаметен и по еден неславен рекорд. Имено, Пеп стана првиот менаџер на англискиот тим со 4 последователни порази во Лигата на шампионите. Синоќешниот изненадувачки пораз на домашен терен од екипата на Лион беше четвртти во низа кој „граѓанит“ го загубија, како и претходните три од минатата сезона.

Read More

Трикратниот последователен шампион во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, забележа нов импресивен резултат. По победата над Рома со 3:0, шпанскиот клуб стана првиот тим во историјата на европските турнири со 43 последователни натпревари на свој терен на кој постојано постигнува гол. Досега, „кралскиот клуб“ имаше израмнет рекорд со Тотенхем, кој исто така постигна барем еден гол на 42 последователни домашни натпревари меѓу 1961 и 1984 година. Авторот на првиот гол, Иско, е единствениот играч на Реал од почетокот на календарската година, кој успеа да погоди од слободен удар.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Хулиен Лопотеги, изрази задоволство од одличната игра и победа над Рома со 3:0 на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Иско, Бејл и Мариано Диаз стрелаа во победата на „кралевите“ кои годинава тргнаа по четвртта последователна титула во најсилното клупско натпреварување на планетава. „Маријано се приклучи во тимот подоцна, но денес доби шанса и ја искористи. Сезоната е долга и секој ќе има доволно минути за играње. Мило ми е што покажавме добар фудбал. Очекував Рома да создаде проблеми, бидејќи тоа е многу вреден тим. Излеговме со вистинска игра и создадовме голем број шанси.…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити , Пеп Гвардиола беше казнет и не успеа да го води тимот на синоќешниот меч од Лигата на шампионите против Лион, а неговиот аистент Артета по мечот се обиде да ги објасни причините за поразот од Французите. „Моравме да играме подобро. Почнавме лошо, изгубивме многу дуели на почетокот и примивме два гола. Дури тогаш почнавме да играме, а во втората половина креиравме многу ситуации, но нашите напори се покажаа како недоволни. Дали отсуството на Гвардиола е причина за ваквата игра не знам, и не сакам да претпоставам што би се случило ако Пеп беше со нас“,…

Read More

Кениецот Елиуд Кипчоге постави нов светски рекорд во маратон по победата на најдолгата дисциплина во Берлин со време од 2:01.40. Кениецот го урна претходниот рекорд на Денис Кимето, кој во 2014 година истрча за 2:02.57. „Не можам да го опишам денов. Навистина сум среќен што сум светски рекордер. Не беше воопшто лесно. Ја истрчав својата трка и верував на советите на тренерите, а тоа ме однесе до целта“ – рече Кипчоге. Патеката во Берлин важи за една од најбрзите за маратон во светот. Тоа го потврдува и фактот што 8 од 10-те најбрзи резултати се постигнати токму на овој маратон.

Read More

Во Реал (Мадрид) веќе почнаа тензиите откако вчера на гостувањето во Баскија, „кралевите“ не успеаја да ги освојат трите бода против домашниот Атлетик (Б). Ремито од 1:1 го донесе и првиот немир во клубот. Според информации на шпанското издание „Дон Балон“, првиот човек на клубот, Флорентино Перез бил бесен на тренерот Лопетеги поради некои неговите одлуки во врска со првиот состав. Перез најавил дека ќе има разговор со стратегот и ќе се заинтересира зошто Каземиро и Иско останале на клупата за овој дуел. И двајцата не ја започнаа средбата, а нивното отсуство влијаеше видливо на играта на целиот тим. Разочарувањето…

Read More