Author: saso

Едно од највпечатливите имиња во НБА лигата, Двејн Вејд, вели дека во моментов има само две опции за неговата иднина. Првата е останување во Мајами, а втората е пензија. „Немам резервна опција. Бев исклучително искрен со луѓето кои не беа рамнодушни кон мене кога зборував за моите мисли. Откако се вратив во Мајами, секогаш кажував што значи ова место за мене. Во првото интервју реков дека нема да одам никаде на друго место. Моето семејство живее тука, моите деца растат тука. Значи, ако јас не сум следната сезона во Мајами, тогаш веројатно ќе одам во пензија. Парите не се важни…

Read More

Италијанскиот прволигаш Киево е казнет со одземање на три бода во новата сезона поради водење „лажно сметководство“. Покрај бодовите, тимот од Верона ќе мора да плати и казна од 200.000 евра. Претседателот на клубот, Лука Кампелдели е суспендиран три месеци, а Киево најави жалба на оваа одлука. Оваа одлука значи дека Киево кој досега веќе освои 1 бод во новата сезона, од викендов почнува со -2 бода на табелата во Серија А лигата.

Read More

И покрај сите шпекулации за негово заминување од „Камп Ноу“, хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, изјави дека наскоро очекува новдоговор од својот актуелен клуб. „Имам важечки договор со Барселона за уште неколку години, но се надевам дека ќе бидам во можност да го обновам. Јас навистина го сакам тоа. Сакам да уживам во секоја игра и тренинг, да покажем дека тимот може да смета на мене. Што се однесува до тоа дали или не очекувам зголемување на платата, мислам дека тоа е најдобро да го разговарам со претседателот“, изјавил Ракитиќ. Сегашниот договор со Ракитиќ со Барса важи до летото 2021 година.

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација се врати од Приштина со тешка победа над Косово во продолжението од квалификациите за ЕП 2021 година. Еден од поискусните во нашиот табор, Стојан Ѓуроски по мечот изјави дека најважно од се е конечниот резултат, кој е во наша полза. „Очекувам уште подобри игри во иднина. Ја имам неговата доверба и се надевам дека и понатаму ќе продолжам да ја оправдувам. Да, требаше малку полесно да го завршиме мечот во наша корист, но во финишот имаше неколку наши избрзани одлуки, но морам исто да напоменам две или три судиски одлуки кои беа малку дискутабилни. Ги вратија нашите…

Read More

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ќе потроши околу 2 милиони фунти  за надградба на покривот на националниот стадион „Вембли“ за Европското првенство 2020. Според англиските медиуми, актуелното осветлување на стадионот, кое е поставено пред 11 години, не ги исполнува стандардите на ФИФА, УЕФА и англиската Премиер лига. Забележано е дека само 400 извори на светло ќе бидат заменети со LED рефлектори. Планирано е Европското првенство 2020 да се одржи во 12 градови од различни европски земји. “Вембли” ќе добие еден од полуфиналните мечеви, како и финалето на турнирот.

Read More

Арсенал е само уште еден клуб кој е заинтересиран за играч од средниот ред на Порто, Ектор Ерера. Според информации на португалскиот печат лондончани ќе извадат понуда за мексиканскиот репрезентативец оваа зима, но конкуренцијата за неговиот потпис ќе биде жестока, бидејќи тој е посакуван и од Рома, Интер, како и Реал (М). Договорот на играчот со “змејовите” истекува следното лето, а тој нема потпишано нов договор. 28-годишниот фудбалер се проценува на 40 милиони евра, но оваа цена може драстично да се намали доколку не влезе во нова соработка со својот сегашен тим.

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Дејвид Силва, изјави дека сака да ја заврши неговата кариера во неговиот дом, Лас Палмас. Тимот испадна од Ла Лига минатата сезона и сега игра во Сегунда дивизија. „Останувам со Манчестер Сити уште две години. Не знам што ќе се случи потоа, но се зависи како ќе се чувствувам физички и ментално. Јас секогаш сум сакал да ја завршам мојата кариера во Лас Палмас. Прво ќе играм во следните две сезони во Англија и потоа ќе одлучам каде да продолжам со мојата фудбалска кариера“, изјавил Силва. Шпанецот се приклучи на редовите на “граѓаните”…

Read More

Во пресрет на денешниот дуел со Рен, француска Ница го тргна Марио Балотели од првиот тим за да го натера италијанскиот напаѓач да се стави на диета. Поради прекумерна тежина, Балотели не е во составот кој ќе го одигра вчерашниот меч од 5. коло на Лига 1. Голгетерот изгледаше очајно за време на подготовките и настапот за италијанската репрезентација деновиве, па многумина се запрашаа како тој можеше да добие шанса во тимот на Манчини. Некои експерти веќе изглегоа со претпоставки дека балотели е близу до 100 килограми, што е огромен проблем за еден напаѓач. Се очекува во наредните денови тој…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација денеска заминува за Приштина, каде утревечер ќе го одигра првиот од двата предвидени дуели во продолжението на претквалификацискиот циклус за ЕП 2021 година. Селекторот Јорданчо Давитков одлучил за Приштина да не патуваат Кирил Николовски, Предраг Пајиќ и Андреј Маслинко, кои веќе беа дел од нашиот тим во подготвителниот период. Изоставувањето на Николовски е мало изненадување, но веројатно силната конкуренција под кошевите со доаѓањето на Хендрикс си го направи своето. Македонија се надева на побед ана утрешниот дуел, па потоа в недела во Скопје уште еден атак на триумф против Романија.

Read More

Сами Кедра ќе биде играч на Јувентус до 2021. Денеска од клубот и официјално ја потврдија веста за успешно завршените преговори со Германецот за продолжување на неговиот престој во Торино и во периодот од следните 3 години. Новиот договор со Кедира е за период од две години, со дополнителна можност за продолжување на уште една година. Кедира влегува во својата четврта сезона во дресот на „Старата Дама“ и веќе стана миленик на домашнат апублика. Тој оваа сеозна веќе стартуваше и со еден гол во Серија А лигата, оној на отворањето на сезоната против екипата на Киево. Од неговото пристигнување во…

Read More