Раководството на Челзи е подготвено да започне преговори со бразилскиот дефанзивец Давид Луис за нов договор. Менаџерот Маурицио Сари е исклучително задоволен од искусниот дефанзивец и останува да се договорат за нова соработка која ќе го задржи во клубот уште долго време. Луис имаше проблеми со поранешниот тимски ментор Антонио Конте, но сега неговата ситуација е исклучително поволна и тој е важен дел од првиот тим. Неговиот сегашен договор ќе истече во летото следната година. Челзи сака да потпише нов двегодишен договор со плата од 125.000 фунти неделно.
Author: saso
Манчестер Сити веќе има во план кои ќе бидат првите две нови засилувања за следното лето. Според шпекулациите во британскиот печат, Пеп Гвардиола и неговите соработници ставиле во списокот на посакувани две имиња од екипата на Лион. Играчот з аврска на Французите, Тангуи Ндомбеле, како и Лукас Тусарт, кој исто така игра во средниот ред многу скоро ќе бидат контактирани од преставници на Сити со желба во јуни да се преселат во Манчестер. 21-годишниот Тусарт е дел од тимот од 2015 година, кога премина од редовите на Валенсиен. Тој е младински репрезентативец на Франција. Ндомбеле пак ова лето беше откупен…
Од Ливерпул излегоа со официјална информација дека Роберто Фирмино не е повреден сериозно за време на натпреварот со Тотенхем, кога Јан Вертонген од противничкиот тим му го повреди окото. „Проблемот ќе биде лекуван од клупските лекари пред да стане јасно дали Роберто ќе биде подготвен за натпреварот со ПСЖ. Добро е што тој нема трајно оштетување и ќе биде во ред“, изјавија од клубот.
Светскиот шампион Луис Хамилтон освои уште една пол-позиција во годинешниот шампионат во Формула 1. Пред утрешниот старт на 15-тата трка, Хамилтон денеска оствари најдобро време на квалификациите на „Марина Беј“. Зад него ќе стартува Макс Верстапен од Ред Бул, а неговиот главен конкурент Себастијан Фетел се избори само за третото место. Британецот има убава предност од 30 бода пред пилотот на Ферари на седум трки до крајот на тековната сезона.
Младата ѕвезда на Рома, Ченгиз Ундер ќе го продолжи својот престој на “Олимпико” до летото 2023 година, објавија италијанските медиуми. Спортскиот директор на клубот, Мончи и агентот на напаѓачот Рамадани, постигнале согласност за продолжувањето на договорот на играчот. Со подобрени услови, 21-годишниот турски репрезентативец ќе добие 1,8 милиони евра годишно, а ќе се обврзе на верност кон клубот и вонаредните 5 сезони.
Мауро Икарди ја игра последната сезона во дресот на Интер. Според последните информации, Аргентинецот веќе во јануари може да го напушти Интер. Неофицијално Манчестер Јунајтед бил заинтересиран за неговите услуги, а челниците на англискиот тим се подготвени да ја активираат клаузулата за отпуп, што значи дека не мораат да преговараат со Интер. „Црвените ѓаволи“ веќе разговарале со агентот на Аргентинецот, како и со неговата сопруга, со цел да ги договорат сите услови, пред да ја активираат клаузулата и да ги почнат личните преговори со напаѓачот.
Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони, Вардар о Металург денеска ги почнуваат натпреварите во новата сезона. Вардар му гостува на Монпелје со кого веќе се сретнаа на минатиот Ф4 турнир во Келн, додека екипата на Металург игра во Лисабон против Спортинг. Вардар со значително изменет состав, без тренерот Раул Гоналез и неколку клучни играчи ќе се обиде да се одржи на највисоко ниво против силните противници. Актуелниот европски шампион, Монпелје, секако дека ја има улогата на фаворит, но „црвено-црните“ ќе се обидат да направат изненадување. Металург предводен од Данило Брестовац му гостува на Спортинг во Лисабон. Пред почетокот на…
Фудбалерот на Ајакс, Френки де Јонг, призна дека би сакал еден ден да игра со Барселона заедно со Лионел Меси. Вчера се појавија информации дека каталонците се сериозно заинтересирани за него. „Навистина би сакал да играм со Меси еден ден. Тој има 31 година, па морам да побрзам“, изјавил младиот 21-годишен фудбалер. За Де Јонг има еден куп други заинтересирани клубови, а Ајакс ја одреди цената на неговата слобода која ќе изнесува 75 милиони евра.
Македонската кошаркарска федерација денеска ги пушти во продажба билетите за претквалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Романија со цел да обезбеди поголема поддршка за кошаркарите. Билетите се по промотивна цена од 100 денари и можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс, а в недела од 14 часот и на билетарата на СЦ „Борис Трајковски“. Дуелот со Романците го играме в недела со почеток од 18:15 часот.
Екипата на Ајакс ја одреди цената за слободата на еден од најдобрите свои фудбалери, Де Јонг. 21-годишниот играч од средниот ред е на радарот на многу европски клубови, но Барселона е главниот кандидат за неговиот потпис. Како што објави шпанското издание „Спорт“, со цел да го добие Де Јонг, Каталонците ќе мора да платат сериозна сума на пари, затоа што Холанѓаните немаат намера лесно да с еоткажат од младиот играч. Според некои шпекулации, сумата која Ајакс ја бара за Де Јонг е 75 милиони евра. Освен Барселона, за услугите на Де Јонг се заинтересирани и Тотенхем, Рома, ПСЖ и Реал…
