Author: saso

По се изгледа, сагата за трансферот на Лука Модриќ во Интер не е завршена. Според дел од највлијателните италијански медиуми, хрватскиот репрезентативец и натаму е решен да ја напушти Шпанија и да се пресели во Италија. 33-годишниот играч за врска на хрватската репрезентација, сака по секоја цена да ја смени средината и веројатно повторно да заигра во лига сос војот поранешен колега, Кристиано Роналдо. Интер се обиде да го купи Модриќ ова лето, но преговорите меѓу двата клуба не дадоа резултат. Реал не сакаше да го продаде поради слабата понуда на „нероаѕурите“ кои го бараа креативецот на позајмица и не…

Read More

Иако премиерните два меча беа одиграни во неделата во кои домаќините на овој светски шампионат забележаа убедливи победи, практично, светското одбојкарско првенство за мажи почнува денеска. 24 најдобри светски одбојкарски репрезентации до 30 овој месец во Италија и Бугарија ќе се борат за насловот – светски шампион. На премиерата, и Бугарија и Италија славеа со максимални 3:0. Италијанците беа подобри од Јапонија, додека Бугарите ја совладаа Финска. За продолжението од 1. коло во четирите групи, денеска на програмата се и останатите средби. 1.КОЛО ГРУПА „А“ 17.00 Доминиканска Р. – Словенија 20.30 Белгија – Аргентина Италија – Јапонија  3-0 ГРУПА „Б“…

Read More

Раководството на Ливерпул објави дека има намера да го продолжи договорот со него младиот дефанзивец Гомез. Според пишувањата, условите на новиот договор предвидуваат зголемување на платата на 21-годишниот фудбалер на нивото на неговите партнери во стартниот состав на „црвените“. Гомез се пресели во Ливерпул летото 2015 година од Чарлтон. Оваа сезона, дефанзивецот го зазеде местото во главниот состав заедно со Вирџил ван Дајк. Во првите четири круга Ливерпул има максимален ефект со 12 освоени бодови и само еден примен гол. Гомез досега ги одигра сите натпревари за „црвените“.

Read More

Дефанзивецот на ПСЖ и на бразилската фудбалска репрезентација, Дани Алвеш, и натаму се опоравува по операцијата на десното колено, но според лекарските прогнози тој во ноември би требало да почне со први тренинзи. 35-годишниот дефанзивец полека се чувствува подготвен за први полесни тренинзи, а од ноември ќе може да работи со полна сила. Алвеш имаше сериозна повреда на предниот вкрстен лигамент поради што мораше во јуни да оди на операција.

Read More

Интер е во очекување на лекарските информации за состојбата со хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко. Тој се повреди за време на настапот за хрватската репрезентација во Лигат ана Нации и сега се уште е неизвесно колку време ќе мора да паузира. Во катастрофата на светскиот вицешампион, Врсаљко се повреди по само 20 минути игра, по што мораше принудно да ја напушти играта. Според последните информации има сомнеж дека станува збор за повреда на лигаментите во десното колено, но најпрво ќе се чекаат денешнте специјалистички прегледи за да се утврди комплексноста на повредата.

Read More

Федерико Бернардески не се сомнева дека неговиот Јувентус е фаворит да ја освои Лигата на Шампионите оваа сезона. Со доаѓањето на мегаѕвездата на Реал (М), Кристијано Роналдо, очекувањата на „Старата Дама“ се зголемија значително, па многумина сметаат дека Роналдо ќе ја има клучната улога во обидот на Јувентус да го освои европскиот трон. „Мислам дека оваа година сме навистина многу силни. Имаме исклучително стабилен и силен тим со многу квалитетни играчи на секоја позиција. Веројатно сме фаворит да ја освоиме Лигата на Шампионите и се надевам овој пат тоа ќе се случи. Нема да ни е лесно, но тоа ќе…

Read More

Осминафиналистот на последното СП во Русија, фудбалската репрезентација на Аргентина одигра само 0:0 на контролниот меч со Колумбија синоќа во САД. Големата ѕвезда на „гаучосите“, Лео Меси повторно не беше во составот на Аргентина, бидејќи си зеде одмор од репрезентативните настапи. Во негово отсуство нападот го поведоа Мауро Икарди, Максимилијан Меза и Гонзало Мартинез, додека Паоло Дибала беше на клупата.

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година одигра само нерешено, 3:3 на дуелот со Ерменија во продолжението од квалификациите за ЕП. Иако на минута пред крајот водевме со 3:1, на крајот Ерменците успеаја да стигнат до реми постигнувајќи два гола за само 3 минути. Отворивме со одличен погодок на Јани Атанасов во 26. минута и на пауза заминавме со водство од 1:0. Следуваше пенал на стартот на вториот дел за гостите кои преку Аветисјан израмнија на 1:1, за ние повторно да поведеме, исто така од пенал, со голот на Здравковски во 73. минута. Кога се чинеше дека…

Read More

Фудбалската репрезентација на Чешка ќе има нов селектор. Досегашниот предводник на националниот тим, Карел Јаролим беше ослободен од функцијата по вчерашната катастрофа на тест-дуелот со Русија од 5:1. За Чесите тоа беше втор пораз во рок од само неколку дена откако претходно загубија од Украина дома во првото коло од Лигата на нации на УЕФА. Од Фудбалската федерација на Чешка соопштија дека го прекинуваат договорот на Јаролим, кој го презеде тимот во 2016-та година, но не успеа да го однесе на Светското првенство во Русија ова лето. 62-годишниот стретег оствари само 10 победи во 22 натпревари на чело на Чешка.…

Read More

Претседателот на Европската клупска асоцијација, Андреа Ањели потврди дека Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, дозволила формирање и на трето европско натпреварување. Станува збор за нов формат кој официјално ќе дебитира во сезоната 2021/22. Форматот на новото УЕФА натпреварување во моментов е непознат, но се очекува во него да учествуваат 96 екипи и да биде сличен со поранешното издание на Купот на победниците на куповите, кој последен пат се одржа во сезоната 1998/99

Read More