Author: saso

Центарот на Торонто репторс, Јонас Валанчиунас нема да биде дел од репрезентацијата на Литванија на септемвриските квалификации за СП. Веста ја потврди самиот кошаркар со пост на Twitter. Според кошаркарот, управата на клубот побарала од него да ги прескокне овие репрезентативни настапи за да може да ја помине комплетната тренинг сесија со тимот во пресрет на новата НБА сезона. Литванија во втората фаза од квалификациите за Светското првенство влезе со максимален ефект во групата со Италија, Хрватска и Холандија.

Read More

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ванче Шиков од денеска е нов фудбалер на екипата на Академија Пандев. Лидерот во домашното првенство по првите 3 кола, денеска се договори со дефанзивецот кој веќе неколку дена тренира со екипата. Договорот ќе биде на една сезона, а Шиков наскоро ќе го има и дебито за новиот тим. Ова за него ќе биде четвртти домашен тим, по Тиквеш, Победа и Работнички за кои настапуваше во минатото.

Read More

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери нема да биде нов тренер на Бордо. По пропаѓањето на можниот договор со Тјери Анри, Бордо не успеа да го убеди ниту Раниери да ја преземе екипата. Причина за неуспехот во преговорите се финансиските услови кои Бордо му ги понудил на Раниери. Во Нант, каде Раниери работеше за 340.000 евра месечно, во Бордо добил понуда за само 200.000 евра месечно.

Read More

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, се уште не е убеден дека е дојдено вистинско време за примена на ВАР-технологијата во Лигата на шампионите. „Не сме сигурни за потребата на ВАР. Некои работи мораат да се разјаснат. Кој одлучува дали ќе се прегледува снимката, односно дали ќе се употреби ВАР? Навивачите тоа не го разбираат, ниту пак новинарите. Што гледаат судиите, а што не? Знаеме дека еден ден ќе биде неопходно да се прифати технологијата, но само тогаш кога е бидеме подготвени“, изјавил првиот човек на УЕФА.

Read More

Џејми Варди ја завршува репрезентативната кариера. Тој го информирал селекторот на англискиот тим, Герет Саутгејт, дека е вистинското време да се повлече од репрезентативниот дрес. 32-годишниот напаѓач на Лестер, ја најавуваше својата одлука уште по СП во Русија, но се чекаше само погоден момент за да ја објави. Варди има 26 настапи за „Гордиот Албион“.

Read More

Италијанскиот дефанзивец Андреа Конти ќе се врати во составот на Милан на почетокот на октомври, објавија од клубот. Младиот фудбалер ја пропушти целата сезона поради тешка повреда на коленото, по што мораше да оди и на операција. Се очекуваше десниот бек да се врати во составот на “росонерите” во септември, но денес од клубот потврдија дека Италијанецот ќе се вклучи во тренинг процес на почетокот на октомври. 3 24-годишниот дефанзивец дојде во Милан од Аталанта минатото лето за сума од 24 милиони евра.

Read More

Ф1 тимот Ред Бул денеска потврди дека Даниел Рикиардо ќе ја започне следната трка во Италија од последното место, а причина е промената на моторот која ќе биде направена за оваа трка. Тимот направил проценка дека токму патеката Монца е таа на која треба да се проба новиот мотор на Рено. Вториот возач, Макс Ферстапен ќе добие нови компоненти, но со оглед на правото на неколку промени, ќе мине без казна.

Read More

Играчот од средниот ред на парижани, Гонзало Гуедеш, најверојатно во последните денови од трансфер периодот ќе се пресели во Валенсија. Според информациите, 21-годишниот играч кој играше за „лилјаците“ и минатата сезона како позајмен играч сега може да остане на „Местаља“ со постојан договор. Валенсија е во интензивни преговори со ПСЖ со надеж да го добие Гуедеш до 31 овој месец. Има план Шпанците повторно да го добијат фудбалерот на позајмица за една година, но сега со право на откуп на договорот за 40 милиони евра следното лето. Со оглед на тоа што Тухел не смета на него, голема е веројатноста…

Read More

Шпанските медиуми денеска излегоа со информација дека Нејмар се согласил да си замине од Париз и да се пресели во Реал (М). Според извори на „Фудбал Еспања“, 26-годишниот Бразилец се согласил на трансфер во Реал, а изворот тврди и дека агентот на Нејмар постигнал согласност за условите на личниот договор на напаѓачот. Планирано е Нејмар да стане играч на Реал (М) следното лето, а за него Шпанците ќе платат 300 милиони евра. Тоа веројатно ќе биде нов рекорд меѓу фудбалските трансфери.

Read More

Првиот противник на македонската фудбалска репрезентација во новото репрезентативно натпреварување УЕФА Лига на Нации, селекцијата на Гибралтар веќе го објави списокот на повикани фудбалери за дуелот закажан на 6 септември. Селекторот на Губралтар, Хулио Цезар Рибас го објави списокот на фудбалери во кои најголемиот дел од играчите се аматери. Најголеми ѕвезди во составот се 29-годишниот напаѓач Рис Стич, кој го носи дресот на англискиот нисколигаш Дарлингтон, како и искусниот 30-годишен играч за врска Лиам Вокер, кој пред неколку сезони играше во англиски Портсмут и Нотс Каунти, а потоа и во израелското првенство во екипата на Бнеи Јехуда.

Read More