Ракометарите на македонскиот првак Вардар, по натпреварите на турнирот во Германија и Супер купот одигран во Струга против Металург се селат во Франција. „Црвено-црните“ од задутре ги почнуваат настапите на уште еден турнир пред официјалниот почеток на сезоната. Од четврток до недела Вардар ќе биде дел од силниот турнир во Стразбур, Франција, каде годинава учествува по вторпат. Екипите се поделени во две групи. Вардар е слободен на премиерата утре, и своите мечеви ќе ги игра во петок и сабота. Дуелите за пласман се закажани за во недела. Во групата „А“ заедно со Вардар се и екипите на ПСЖ и Мешков…
Author: saso
Барселона ќе направи обид во завршните денови од летниот трансфер период да го донесе во своите редови младиот репрезентативец на Франција, Адриен Рабио од ПСЖ. Каталонците се подготвени да извадат 50 милиони евра за правата на 23-годишниот играч. Претходно, вакви информации беа објавени и во францускиот печат, а сега полека се зголемуваат гласините и во Шпанија. Некои весници истакнуваат дека пред неколку дена имало средба меѓу техничкиот директор на Барса, Ерик Абидал и мајката на Рабио. Договорот на младиот фудбалер со ПСЖ истекува следното лето, а тој одбива да го продолжи договорот.
Македонската одбојкарска репрезентација, вечерва (20.30 ч.) во СРЦ „Кале“ ќе го одигра и третиот меч од квалификациите за европското првенство. Нов противник е селекцијата на Швајцарија, која по првите две кола двапати беа поразни. Македонија почна со победа и пораз, па доколку сака да ги задржи шансите за второто место во групата денеска не смее да дозволи да загуби ниту бод. По поразот од Украина на домашен терен сега сме со исто бодовно салдо како и Унгарија. Македонија на хартија важи за благ фаворит, но одбојкарите ќе треба тоа да го потврдат и на теренот.
Европскиот шампион Реал Мадрид се подготвува да направи трансфер на напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено. Кралскиот клуб сака да го донесе 27-годишниот Шпанец како замена за португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој се пресели во Јувентус. Интересот за Морено е личен на тренерот на Реа, Лопетеги, кој инсистирал кај управата да направи се за да се обезнеди негов трансфер на „Бернабеу“ ова лето. Некои информации велат дека мадриѓани се подготвени да и платат на Валенсија 60 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, кој минатата сезона имаше 19 гола во 44 одиграни меча.
Една од легендите на кошаркарскиот клуб Барселона, Хуан Карлос Наваро, замина во пензија, а неговиот долгогодишен клуб реши да го повлече неговиот дрес со број 11 од официјална употреба во тимот. По речиси 20 години, Наваро реши да замине во пензија минатата недела, а на свечена церемонија која ќе биде одржана на 30 септември, Наваро и официјално ќе биде испратен од клубот со подигнување на неговиот дрес во домот на Барселона. Хуан Карлос Наваро почна во редовите на каталонците во 1997 година. Од тогаш, па се до оваа сезона, освен една година помината во НБА лигата, тој постојано беше член…
Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија е многу близу до потпишување на нов договор со францускиот шампион ПСЖ. Според веста на весникот „Ле Паризиен“, поранешниот играч на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе стави потпис на договор до 2021 година, откако сегашната соработка со францускиот првак му истекува на крајот на оваа сезона. Ди Марија и клупското раководството се договориле околу обврските од новата соработка, така што договорот како формалност ќе биде потпишан деновиве.
Уругвајскиот напаѓач од екипата на ПСЖ, Едисон Кавани, се врати на тренинг. Како што потврдија од клубот, 31-годишниот фудбалер кој беше повреден на 30 јуни во победа на Уругвај со 2-1 против Португалија на СП во Русија, повторно е во тренажен процес,. Во сабота ПСЖ е домаќин на Анжер во третата рунда од францускиот фудбалски шампионат, но останува неизвесно дали Кавани може веднаш да се најде во стартниот тим. Минатата сезона Уругваецот одигра 43 натпревари на ПСЖ на сите турнири и постигна 37 гола.
Италијанскиот калчолигаш Лацио ќе го продолжи договорот со напаѓачот Чиро Имобиле. Новиот договор ќе биде до 2023 година. Платата на Имобиле исто така ќе претрпи промени, така што со новиот договор голгетерот ќе добие од 3,2 милиони евра на годишно ниво, што е за 700.000 евра повеќе отколку со стариот договор. Напаѓачот игра за Лацио од 2016 година, а минатата сезона постигна 41 гол во 46 натпревари за римски клуб во сите натпреварувања.
Едно од најстандардните имиња во екипата на Барселона, Серхио Бускетс постигнал договор со шефовите на клубот да потпише нов договор. Самиот играч ќе добие зголемување на платата и ќе стане еден од најдобро платените играчи на „Камп Ноу“. Интересно е дека времетраењето на договорот нема да биде зголемен и тој ќе биде до 2021 година, а Барса ќе има опција да го продолжи за уште две години. 30-годишниот Бускекс е дете на фудбалската школа на Барселона и досега нема настапувано за друг клуб.
Еден од фудбалерите од златната генерација на нашата млада репрезентација учесник на ЕП 2017 во Полска, Давид Бабунски, останува во Јапонија, но во нов клуб. По разделбата со Јокохама Маринос, Бабунски денеска потпиша договор со јапонскиот второлигаш Омија Ардија до јануари 2020 година. Новиот тим на нашиот фудбалер во досегашниот дел од сезоната во 2. Џеј-лига е на 5. место. Давид Бабунски по две години соработка со Јокохама ова лето се одлучи на раскин на соработката.
